Да и помогнеме на нашата форумџика - Наташа Пановска!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dreamer.
  • Време на започнување Време на започнување
Имам една лоша навика, во букмарк ставам надгледувани теми, главната страна не ја отворам а на 80% од темите никогаш не сум влегол... случајно го видов ова, дури сега. Донирам веднаш и ставам во потпис за да видат другите мрзи како мене... Среќно!
 
4Hope.Faith.Cure - хуманитарен концерт за Наташа Пановска! ДА ПОМОГНЕМЕ!
Fight Leukemia. (Не)возможно. Заедно можеме. Да не ја заборавиме хуманоста! Да помогнеме!
Секој од нас засебно е само капка, но заедно создаваме океани... Само така можеме да ги направиме невозможните работи возможни!

По повод помош за Наташа Пановска која е на лекување во Берлин од Акутна Миелобластна Леукемија, Ве повикуваме на хуманитарен концерт на кој ќе настапат:
- DJ Kinjo Beatnex
- скопскиот рок-состав June
- изворниот состав под водство на Бајса Арифовска - ВЕЗЕНКА
- џез составот: Ѓорѓи Шарески и Најлепши Дечки
- DJ-set со Вера Јанковиќ
- моден перформанс на дизајнерката Ирина Тошева и уште многу гости и изненадувања...

Концертот ќе се одржи во летниот клуб Хавана, со почеток од 19:30.
Влезниците можат да се набават на билетарата на клубот Хавана, пред почетокот на настанот, по цена од 250 денари.


Помогнете и со донација на средства со јавување на:

070 143 300 – за корисниците на Т-Mobile
075 143 222 - за корисниците на One
077 143 222 - за корисниците на Vip

Или со донации на сметка:

320500021000578 - ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА Скопје

Со јавување на телефонските броеви, донирате 100 денари од вашата сметка.

ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИМЕ ХУМАНОСТА! ДА ПОМОГНЕМЕ!
 
донирано 2 пати
Дали сте размислиле за правење настани во други градови?
јас сум од Велес и имам повеќе пријатели со кои би нашле соработка, во смисла бендови, газди на кафичи, познати луѓе, мислам дека можеме да организираме една вечер, ќе настапат неколку локални пеачи и бендови и нели секоја помош е од корист
јас стојам на располагање, контактирајте ме по пп
 
Донирано. Денеска има многу луѓе кои овие работи ги злоупотребуваат и често на тие што им е потребна вистинска помош не можат да ја добијат баш од други кои одат од врата на врата и се прават дека се болни а не се, како и да е убав концерт ќе се организира ама тие што се од другите градови тешко дека ќе можат да дојдат.
 
Некој да не информира до каде е лекувањето, како се одвива?
 
А која е таа форумџика? ПС. Донирано.

Едит .. Видов.
 
Не знаеш колку пати сум се нашол како размислувам која нијанса би ја добил светот, до колку сите би биле ко тебе!?Фала ти шо постоиш Наташке (петокрако моја)!:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom