Цветко

  • Креатор на темата Креатор на темата Маск
  • Време на започнување Време на започнување
Цветко имал голем мерак да се јавува по телефон во доцните ноќни часови на непознати особи. И се јавува на некоја млада девојка:
- Здраво срцка. Имам изненадување за тебе. Ако погодиш што држам во мојата десна рака, ќе ти покажам малку вистинска акција.
- Слушај бе, батка. Ако можеш да го држиш само со една рака, не сум заинтересирана
 
Му дошла на Цветко таштата на гости, па Цветко ја прашува:
- Бабо, колку време планираш да останеш?
- Па додека не ви досадам.
- Ауу, зошто толку кратко???
 
Цветко работел како чувар во една фабрика и еден ден на посета му доаѓа премиерот. Кога поминале покрај Цветко премиерот му извикал:
- Цветко, ти ли си бе?
- Јас сум бе Грујо, - одговорил Цветко.
На шефот му станало многу чудно тоа што премиерот го познава Цветко, па откако си заминал Грујо го повикал Цветко во неговата канцеларија.
- Абе Цветко од кај се знаеш ти со Грујо?
- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
- Како тоа бе Цветко?
- Така бе, нема жив човек на светот што не ме познава!
- Те знае ли бе Барак Обама?
- Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!
- Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае...
И одат Цветко и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел Обама:
- Oo Cvetko, what a wonderful surprize! Come on in, Obama is in the backyard!
Вилицата на шефот до земја! Не му се верува што гледа! И вика:
- Цветко, нема шанси тебе папата да те знае!
- Хаха, шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!
- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма!
Одат во Ватикан, Недела ден...Папата од Балконот миса држи, а илјадници верници пред него..
- Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.
Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди. Се качува Цветко на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Цветко исто до него, двајцата насмеани и мафтаат.... Се симнува Цветко доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг. Се турка Цветко, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува...
- Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!
- Цветко, не можам, Цветко бе...
- Кажи шефе, кажи!
- Се можев да поднесам, и Грујо и Обама, те гледам и тебе горе со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:
- Абе, кој е оној горе до Цветко?!
 
Во судницата:
- Цветко, обвинет сте дека сте провалиле во зоолошка и сте се обиделе од кафезот да украдете коза!
- Господине судија, бев камен пијан, нишо не глеав, ни каде одам ни шо праам, појма неам како сум улетал таму.
- Е, како не, ако си бил пијан, што не си влегол кај лавот?
 
Цветко во Амстердам, пред излог со курва во него, чука на стаклото и ја прашува:
- Колку?
- 50 евра.
- Уууу, па не е скапо бе ич, вакви дупли стакла кај нас под 200 евра не можеш да најдеш.
 
Цветко мртов пијан вози обратно во еднонасочна улица. Го сопира полицаец.
- Господине гледате ли што правите, кај сте тргнале?
- Хик, појма немам, и онака каснам, гледам сите веќе се враќаат.
 
Наставникот по физика прашува:
-Кој ке повтори за електрична енергија? - Повекето ученици кренале рака но најмногу Цветко. Наставникот го стана Цветко. Цветко:
-Електричната енергија доаѓа од зоолошката градина! - Наставникот се зачудил и го прашал:
-Зошто Цветко од зоолошката градина? - Цветко:
-Па вчера кога имавме слава и кога наеднаш снема струја дедо ми рече "Пак некој мајмун ни ја исклучи струјата".
 
Цветко радосен се шета и по пат го сопира комшијата и го прашува:
- Кај си тргнал бе Цветко?
- Еве на чист воздух!
- Каде? На планина ќе одиш?
- Не бе, на кафе!
 
Наставничке, Цветко ме удира со столицата!
- Па удри го и ти!
- Не можам, имам ретка столица. :pos::pos:
 
- Причината за вашата сообраќајна несреќа е алкохолот.
- Цветко: Уф, добро е. А, јас мислев дека јас сум крив!
 
Цветко се пушта на некоја девојка:
- Маче, ај ма дај ми, те молам дај ми, мал ми е, ти нема ништо да осетиш, а мене многу ќе ми значи!
 
Цветко се жали на колегите од работа.
- Денов ми е катастрофа, ми ја украдоа колата, во станот имав пожар, девојката ми раскина, е само ХИВ тестот ми е позитивен.
 
Се срушил авион во џунгла, преживеале николкумина меѓу кои: Американец - ФБИ агент, Французин, Русин и Цветко.
Американецот, навежбан агент, веднаш почнал да дава наредби и да организира.
"You will provide woods, you will find water, and you (Цветко) will provide supplies..."
Сите се вратиле, нашле дрва за оган, вода... само Цветко го нема.
"We have to find him" рекол Американецот и тргнале да го бараат по џунглата.
Во еден момент, забележале дека еден жбун се мрда. Се приближиле полека кога одеднаш искочил Цветко:
- Суплаааајс!!!
 
Оди Цветко во сендвичара и им вика:
- Имам само 50 денари, што ми препорачувате?
И типов му одговара:
- Некоја друга сендвичара!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom