Custvoto na uspeh mi ovozmozuva poveke da go sakam zivotot

Член од
3 септември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
5
decki mi treba esej na tema "Custvoto na uspeh mi ovozmozuva poveke da go sakam zivotot"
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.659
Поени од реакции
38.845
пиши дека си тепал некоја партија у фортнајт или ворзоун и како тоа те направило успешен човек и како самодовербата ти се кренала до небо. И се гледаш себе како гејминг суперстар кој ќе млати тешки милиони од компетитив гејминг.

Можеш и мал осврт да направиш и на твојот гејминг риг и твоите планови за иднината. Како ќе ставиш појака графичка ако дедо ти, ти даде од пензијата.

Имај малце визија дете. Имаш милион начини да напишеш добра приказна.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Секогаш кога ке постигнам некаков успех во мене се будат чуства на мотивација, задоволство и желба за напредок. Пример, сакам да научам да го пишувам зборот ЧУВСТВО, мислам дека тоа би бил огромен успех за мене.


Горе долу вака нешто можеш да составиш, расплетот измисли го сам.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
decki mi treba esej na tema "Custvoto na uspeh mi ovozmozuva poveke da go sakam zivotot"
(два прста)Успешноста е ланецот кој не поврзува со сакањето на нашиот живот и неговата големина, ланец кој секој човек го носи како накит на својот врат.
Многу од успешните луѓе, посебно оние кои се во моето опкружување, а за волја на вистината ги има во голем број, се доказ дека за да чувствувате успех и да бидете перципирани како такви, треба да поседувате огромни количини на неморал, а слична маршрута како овие модели следам и јас.

(два прста)Мојата младост сеуште е недозреана за вистинската дефиниција на ова чувство. Секако, рефлексно, сум имал/а колекција на настани кои ме прават горди, но да бидам искрен/а, сметав дека советување со моите родители значително ќе ми помогне во мојот обид за отсликување на чувството на успех.
Искрено, нивната мисла и совет ми исцртаа многу јасни контури за тоа што е успех во животот кој им го точи чувството на љубов кон нивниот живот. Дискусија, која ми даде точен сигнал дека моето движење е во таа, вистинската насока. Би сакал/а да можам со еден есеј да објаснам се што ги краси моите родители и кон што јас се стремам, меѓутоа тоа е невозможно.
Почетокот на најсилното чувство на успешноста на еден човек започнува со вбризгувањето на вистинските вредности во неговото родово наследство. Доколку дирекните потомци на една индивидуа го наследат најважниот негов посед, што е негова животна мисија, ќе придонесе кон огромно сакање на неговиот животен омаж. Оттука е и причината зошто јас неуморно се трудам да ги апсорбирам тие квалитети од моите родители.
Веројатно, успех е и кога се трудам во таа намера. Но, сфатив дека со успехот доаѓа и горделивоста, која луѓето „нацртани“ во овој есеј неретко ја изразуваат во најинтезивниот можен облик. Ама, ми рекоа дека апстиненцијата на грижа од горделивост не треба да ми претставува препрека при самиот од, и дека тоа е всушност, позитивна одлика.

(два прста)Без разлика на сите подеми, падови и недефинирани појави, чувството на успех, налик оној на моите родители, инвоцира зголемување на сакањето на мојот живот.

Значи 300 збора и минимум 4-ка ;).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
decki mi treba esej na tema "Custvoto na uspeh mi ovozmozuva poveke da go sakam zivotot"
...ако ова е педагошка алатка во образованието, не ни останува веќе ништо од вредностите на човекот, да се даде ваков наслов на есеј на средношколец не знам што мозок од професори или креаторите на наставната програма ги учат нашите средношколци да го потенцираат успехот како главен фактор за да се сака повеќе животот!?? :yid:

... напротив секој човек треба да го сака животот без разлика ако е лесен, тежок, со успех без успех, среќен несреќен, со хендикеп, човекот е роден да се бори за опстанок до крајот на својот живот, а не тука некој успех на било кое поле да биде фаворизиран за да се има повеќе желба и да се сака повеќе животот.:несвест:

...искрено да бев на местото на овој средношколец ова би го напишала, дека животот треба да се сака безусловно, дека сосема погрешно е насочувањето дека некое таму моментално чувство на успех би дало и повеќе да се сака животот, а ако се нема успех што? нема да го сакаме животот и ќе се убиеме ли, колку погрешна порака на наслов на некој есеј каде средношколецот треба да се соживее или во најмала рака да напише нешто од искуство или доживеано!

tumblr_mrp45ogKQO1qedb29o1_500.gif

... од околината сме сведоци сме на многу луѓе кои на различен начин успеале во животот и моментално ја имале таа еуфорија на чувство на победа и недостижниот, да за кратко време истите тие не само што не го сакале повеќе животот, туку си го мразеле до кулминација на одземање на животот извршувајќи самоубиство, дали фрлејќи се низ прозор, дали со оружје, дали со бесење, труење, сечени вени.

kill-myself.gif tumblr_mkj0meTEno1rifmtxo1_500.gif

...така да, не е важно во животот да се успее по секоја цена, ако навистина не можеме да ги исполниме соништата на родителите или на самите себе, доволно да бидеме успешни како луѓе со сите вредности на еден добар човек, да се избориш во животот кога е најтешко да се опстане кога се нема ништо и кога ќе бидеме можеби сами и напуштени тоа чувство да биде промотор да си го сакаме повеќе животот и да го цениме повеќе животот, а не тука некое си чувство на успех кој можеби е минлив, непостојан да биде значајно за да си го сакаме повеќе животот, тотално погрешно мислење, тотално погрешно насочување на младината да си го ценат животот онаков каков е!

St7L.gif AchingPerkyEasteuropeanshepherd-size_restricted.gif

* напиши го на ваков начин есејот, биди различен и цени го животот таков како што е и ниеден успех да не биде одлучувачки да го сакаш повеќе животот, напротив неуспесите нека бидат провокација да си го сакаш повеќе животот и да се трудиш уште повеќе за да преживееш!
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Последно уредено:
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
decki mi treba esej na tema "Custvoto na uspeh mi ovozmozuva poveke da go sakam zivotot"
Напиши го есејот и почувствувај го чувството на успех што ти овозможува повеќе да го сакаш животот.
Ама за да пишуваш за чувството на успех, мора прво да го почувствуваш чувството на успех.
Зезнато, catch 22, рекурзија.
Како бе вакви опортунистички теми ви даваат...
А шо ако сметаш дека си неуспешен? Или дека не е битно?
Пиши тема дека немаш успех и така успеј, наредниот пат ќе имаш.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Чувството на се понеписмена и неинтелигентна младина ме тера да си ги запишам децата во странство.
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
сега сте се научиле на готово со гугл мугл и копи пасте и затоа на крај не знаете ништо освен тиктокој, фејсбуци и инстаграми... јзк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom