Црвениот поет

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.499
Поени од реакции
8.676
Возраст
34
1704840126112.png

Сценарист и креатор: Сашко Насев
Режисер: Никола Поповски

1704840086290.png
Играната ТВ серија „Црвениот поет“, биопик за Коста Солев Рацин, ќе започне да се прикажува на ТВ Телма од 9 јануари. „Црвениот поет“ е телевизиска серија во 10 получасовни (30 мин.) епизоди за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на нашата поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала нашата земја. Режисер е Никола Поповски, креатор и сценарист Сашко Насев, а главната улога ја толкува Александар Ристоски.
1704840171753.png

Сторијата на серијата го следи Коста Солев, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа, тој е комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите во Кралството Југославија, што му носи дополнителни тешкотии. Приказната прикажува извонредна борба и херојски настани низ Втората светска војна. Сето тоа ќе има страшни последици за него и неговата поезија…
1704840276475.png

Пред 115 години отпочна приказна која никогаш нема да заврши. Вечно ќе се раскажува затоа што таа приказна содржи се. Детски мечти и идеали, невозвратена љубов, разочарување, понижување, цензура, робија, војна, крв, смрт и секако – прекрасна поезија. Германците го имаат Гете, Французите – Бодлер, Шпанците – Лорка, Англичаните – Шекспир, Русите – Пушкин, Есенин, Пастернак…, напиша режисерот Никола Поповски.

Креатор и сценарист на серијата во продукција на „Сектор филм“ е Сашко Насев, а главната улога ја толкува Александар Ристоски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, композитор Марјан Нечак, монтажер Ванчо Мираковски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Емилија И. Атанасовска, шминкер Симона Ристевска.
1704840361566.png

Ликовите во серијата – меѓу нив добро познати историски личности – ги толкуваат: Апостол Солев – Самоил Стојановски, Марија Солева – Кристина Христова Николова, Невенка Вујиќ – Наталија Теодосиева, Агент Мијо – Петар Мирчевски, Kоста Дете – Стефан Стерјовски, Учителот – Нино Леви, Свештеникот – Мето Јовановски, Панко Брашнаров – Јордан Симонов, Заптија – Борче Ѓаковски, Ѓорѓи – Дениз Абдула, Ганчо – Васко Мавровски, Перица (Петре Прличко) – Николче Пројчевски, Жандарм 1 – Пеце Ристевски, Меанџија – Младен Крстевски, Малина – Симона Димковска, Антун Колендиќ – Иван Јерчиќ, Господин Колендиќ – Борис Чоревски, Госпоѓа Колендиќ – Соња Михајлова, Каплар Матиќ – Филип Мирчевски, Аспарух – Живко Борисовски, Чедо – Горан Ников, Рифат – Един Јакубовиќ, Петровиќ – Роберт Вељановски, Коле Неделковски – Мартин Мирчевски, Стеван Галогажа – Здравко Стојмиров, Страхил Гигов, Страшо – Огнен Дранговски, Џелатот – Кољо Черкезов, Судијата – Митко Апостоловски, Обвинителот – Јовица Михајловски, Адвокатот – Владимир Ѓорѓијоски, Јосип Броз Тито – Петар Горко, Боби – Кирил Трајковски, Моша Пијаде – Петар Спировски, Шабан Шабаниќ – Александар Стефановски, Светозар Вукмановиќ-Темпо – Никола Тодоровски, Агент Јовиќ – Владимир Лазовски, Драгутин Шпулер – Предраг Павловски, Археолог Никола Вулиќ – Анастас Тановски, Професор Јован Радониќ – Марин Бабиќ, Банот Жика – Љупчо Тодоровски Упа, Иследникот – Кире Ѓоревски, Мино Миновски – Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Никола Вапцаров – Игор Трпчески.
 
Серијава не беше забранета за емитување од сегашнава власт? Снимена е 2017 година, ако не грешам, и после 7 години се емитува на тв.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Серијава не беше забранета за емитување од сегашнава власт? Снимена е 2017 година, ако не грешам, и после 7 години се емитува на тв.
Да. Првично се зборуваше дека можеби МРТ 1 ќе ја емитува.

Ама стварно не знам зошто беше забранета.

Штета ако никој не успее да ја сними и да ја стави некаде на интернетов.
 
Да не знаете кога има реприза, не стигнав да ја гледам првата епизода, а Телма живее во 92ра година и не ставаат програма за цела недела на сајтот..
 
Да. Првично се зборуваше дека можеби МРТ 1 ќе ја емитува.

Ама стварно не знам зошто беше забранета.

Штета ако никој не успее да ја сними и да ја стави некаде на интернетов.
нешто имаше и за Сојузот на Борците на Велес, сега не ми текнува за што беше.... си ја имаат удбашката мува на капата, а всушност мислам имаше и филм Кој го Уби Рацин ?
 
И јас не успеав да ја изгледам првата епизода. Ако има некаде да се гледа низ интернет, пуштете линк.
 
И јас не успеав да ја изгледам првата епизода. Ако има некаде да се гледа низ интернет, пуштете линк.
Bum up ili kako da se vika ova , ve molam decki ako nekoj ima link pustete....
 
Кога играла, кој ден и термин? Не може да се врати?
 
Кога играла, кој ден и термин? Не може да се врати?
Ако си на Телеком на МаxTV во ТВ тека врати. Почна во понеделникот 20 часот на Телма. Мини серија е така да би требало до петок да заврши.
 
Одговор од Телма.
Почитувани,

Ви благодариме за интересот.
Додека трае премиерното прикажување на серијата Црвениот поет нема да се прикажуваат репризи од изминатите епизоди.

Следете не на социјалните медиуми и ќе бидете навремено информирани за промените.

Поздрав и убава вечер

Сигурно после премиера ќе пуштат реприза.
 
Првата епизода во 720p достапна на Traker MK торент за симнување.
Crveniot.Poet.S01E01.720p.NeoTV.WEB.x264-ZooeyDes.mp4
 
Заврши емитувањето на серијава. Некако како скратена верзија да гледав на серијава. Такво некое чувство имав.

Исто така многу мал број статисти, а можело и да викнат луѓе во поголем број за некој сцени да изгледаат подобро.
 
Неверојатно лоша глума во серијава и на моменти лошо технички изведено, посебно ноќните сцени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom