Црвен матрикс: Клучот е во кантата (Помош!)

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
F

filmadzijka

Гостин
Оваа тема навистина не знаев каде да ја отворам и уште не знам дали е за тука, но ајде... се надевам дека некој ќе ми помогне. Се работи за детективскиот расказ во црвениот Матрикс (учебник по англиски за средно), 6-та лекција, страница 76.
Професорката не` мота и држи во неизвесност и бара да образложуваме теории, мотиви, бла, бла... а јас почнувам да се нервирам. Кој го убил Греам Дан?
Please, help!
 
Ако го напишеш расказот, можеби полесно ќе ни е да ти помогнеме.
 
Тоа е расказот кога го наоѓаат убиен во веце?
:smir:
 
Aко е тој расказот каде што човек лежи на земја со јаже на вратот(обесен) без столче, вода на подот, заклучена вратата од внатре без прозори тогаш решението е дека водата била замрзната и после кога постепено се одмрзнувала се повеќе се гушел човекот.

Мислим дека нешто така слично беше
 
Напиши го текстот и ќе го пратиме на ЦСИ........
 
Е сега, кој ке ви пишува толкав расказ (пола страна во учебникот)? Убаво ви кажав каде е. Кој ја има книгата нека побара. :toe:
 
А на море да те пратиме едно 2 недели? На баба ванџа да не ти личам и да не мислиш дека на графче гледам? Пиши расказ, добиваш помош.
 
Пиши гооо расказот..како сакаш да ти поможиме?
Ај не биди мрза и пиши. Баш ме интересира:)
 
Е сега, кој ке ви пишува толкав расказ (пола страна во учебникот)? Убаво ви кажав каде е. Кој ја има книгата нека побара. :toe:

Е, сега, некој тебе ќе ти бара решение на расказ... Ако сакаш да го имаш, пиши си.
 
па дај пиши го расказот,ја не учам по тие книги,ама ако го пишеш расказот и други ќе можат да ти помогнат,зашто немаат сите таков учебник:)
 
Да бе мене ми се сона на сон и сеа ево ќе ти кажам...

НАПИШИ ГО ТЕСКТОТ !!! ја нема секој книгата...

И најмалце темава е за во чек дис аут
 
Темава е за како што кажува дел од насловот hint: Вториот дел КЛУЧ--->КАНТА:pos: бог да чува уште што не ќе видиме на форумов....сакам да го знам одговорот на нешто што го имам дома и уште неколку, вие другите ај кажете ми мене ме мрзи да барам....
 
Во мојов Матрикс од 1ва година го немат тој текст, а ќе ти помогнев да го имав :wink:
 
Шо ќе се мачела да влегува на форум, да отвара тема и да ни кажува дека ја мрзи да го напише текстот, ќе го прочитала два пати (малце користење сива маса), и ќе ја откриела загатката.

Али ипак има полесен (или не?) начин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom