[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Дворот на елитната гимназијата "Јосип Броз-Тито" во центарот на градот цела пролет личи на џунгла. Обраснат со трева и со грмушки, со ѓубре расфрлано на сите страни, личи на се само не на место каде што децата добиваат врвно образование. Сликата за лошата состојба на скопската елитна гимназија ја дополнува и тоа што навечер таа е во целосен мрак, бидејќи не работи ниту една светилка во дворот и околу неа. А во мракот и во џунглата во дворот уживаат наркомани, бездомници, а многу често и средношколци, кои остануваат на пијанки зад гимназијата до рано изутрина. "Завчеравечер околу полноќ, половина час се слушаше како плаче бебе. Плачот доаѓаше од дворот на гимназијата. Отидов да видам што се случува со бебето, да го најдам, бидејќи од огромните трева и грмушки не се гледаше каде е бебето, а, згора на се, дворот беше во мртов мрак, никаде немаше светло. Кога видов дека сам и без светло нема ништо да направам, викнав двајца полицајци од 'Беко'. Иако го слушавме плачот, тројцата не верувавме дека навистина ќе најдеме бебе во грмушките, но по десетина минути талкање во џунглата навистина најдовме бебе оставено на земја во тревата. Покрај него, како заклани, спиеја две девојчиња. Се гледаше дека се пијани или издрогирани. Полицајците со мака ги разбудија, па тие кажаа дека бебето е на некоја нивна другарка, која отишла по цигари", раскажува жител на Градски sид, кој завчераноќ имал авантура во дворот на гимназијата.
Тој вели дека го нахраниле бебето, а му донеле и зимски алишта, бидејќи било мокро од дождот. Полицајците не можеле да преземат никакви мерки. Центарот за социјални грижи не работи навечер, а освен тоа, тие велат дека ова не е прв случај пијани и издрогирани мајки да ги оставаат децата во дворот на гимназијата. Неколку пати ги земале децата и ги носеле во Центарот за социјални грижи, но потоа родителите, со помош на Хелсиншкиот комитет, ги обвиниле дека им ги малтретираат децата.
Жителите во Градски sид велат дека во повеќе наврати барале од надлежните во гимназијата, од Градот и од Општина Центар да преземат мерки за да се уреди и за да се осветли просторот, но дека секоја пролет им се повторува истата приказна: неискосена трева, скршени светилки, кои секоја вечер намамуваат наркомани и скитници во дворот.
Снежана Малцова-Мироновска, директор на гимназијата "Јосип Броз-Тито", вели дека дворот оваа пролет останал неуреден, бидејќи градските власти пред три дена биле во посета на училиштето и им ветиле дека ќе го уредат дворот со посебен проект.
"Не е проблем да се искоси тревата. Ние секоја година сами ја косиме и ја уредуваме колку што можеме. Но, од Градот рекоа дека е потребно целосно да се уреди дворот и дека тие ќе го направат тоа, затоа оставивме неискосено", вели Малцова-Мироновска.
Градските власти вчера не одговорија зошто дозволуваат училишниот двор на оваа гимназија да стои запуштен, ниту кажаа што ќе преземат за да се расчисти и за да се уреди просторот. (Е.А.)
Извор : Вест
Можам да ве информирам дека на типкава од трескање глупости никогаш не и е доста. Како прво, во гимназијата таа се нема појавено од септември месец, си работи како проф. по хемија во 5тата Приватна гимназија. И како бе секоја година вие ја косите? Еднаш ја нема никој искосено, домарот и хаусмајсторот си играат шах по цел ден, а тревата обрасната, на вториот спрат тече вода од плафонот ненормално и вецињата на 3 спрат не работат.
Мироновска, да даде Господ да те сменат и никогаш повеќе да не стапнеш во гимназијата.
[/FONT]