Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.427
- Поени од реакции
- 6.130
Разликата е во начин на размислување односно гледање на работите.
Децата ги немаат истите очи и немаат расипан ум како возрасните. Значи го гледаат она што им е прикажано, не фантазираат и не го гледаат пример принцот на Снежана како некрофил зошто незнаат што е тоа.
Во тоа е убавината кога си дете, имаш чист ум и уживаш во цртаните како такви, не ги гледаш преку призмата на порно филмовите. И немам слушнато до сега дете да се фрла од плакарите дома за да биде Петар Пан ... тоа може само изреметен возрасен човек да го направи.
Имаат влијае кај децата, секако, но не на начин како кај возрасните. А и друго и ден денес кога гледам цртани не го гледам Ушко како слободен либерален дечко без родители, туку го гледам баш како Мечето Ушко, како цртан.
Истото сакав да го напишам. Халуцинациите и фантазиите се граничат, зависи од кој аспект ги гледаме нештата. Едно дете не ги доживува тие настани онака како што ние ги доживуваме и не ги толкува на начинот на кој ние ги толкуваме.
За нив тоа е само свет од шаренила и фантазија. Таму сè е можно.