Студиото „Ворнер Брос“ одлучи на новата ДВД колекција цртани филмови „Том и Џери“ да отстрани две епизоди поради расизам. Обожавателите на овој цртан филм се гневни поради оваа одлука.
За „Ворнер Брос“ две епизоди се „спорни“ и тоа „Casanova Cat“ од 1951 година и „Mouse Cleaning“ од 1948, во кои мачката и глушецот се прикажани со зацрнети лица, пишува „Дејли мејл“.
Обожавателите на легендарниот цртан филм се бесни бидејќи овие две епизоди се означени како несоодветни и отстранети од најновата ДВД колекција.
На вториот дел од златната колекција требало да се најдат сите епизоди наредени хронолошки. Иако ДВД-то се уште не се најде во продавниците, обожавателите кои преку Амазон однапред ја нарачаа колекцијата оставија бројни негативни коментари, а на Фејсбук се појави група „Да ги ослободиме забранетите цртани Том и Џери“.
Портпаролот на компанијата „Ворнер Брос“ изјави дека студиото смета дека одделни делови на цртаните филмови се несоодветни. Хана и Барбера напишаа, продуцираа и режираа 114 куси филмови со Том и Џери меѓу 1940 и 1957 година, а оригиналната серија освои седум Оскари.
Следниве две епизоди се наведени како „спорни“.
Извор:
sitel.com.mk