Нешто многу тажно:
Еднаш, многу одамна, еден пријател ми вели: „Верник си од кога те знам. Сите бегаат од црква (не одат) под притисок на овие, безумниве (мислејќи на комунистите) а ти не се откажуваш од Бога. Да те прашам нешто? Дали ѝ се радуваш на денешницава, слободни сме, не сме ни под српска ни под бугарска власт?“.
А јас му велам: „Ти слободен се чувствуваш? Еве, ти самиот ми велиш дека многумина се под притисок на безумниве па не можат да бидат слободни. Јас, под слободен подразбирам да можам да избирам. Дали сакам да бидам верник, дали да живеам по Божја волја, или, пак, да се претворам во богоборец, плукач на сè што е свето и богоугодно, за да им угодувам на мрсулковциве, што се подготвени и да убиваат за ѓаволот? Еве ти пример: Ако речиш нешто богохулно против Христа Господа - како волови ќе рикаат - ќе се изнасмејат, а ако, пак, речиш нешто против Тито, што ќе биде со тебе?! Гледаш ли како полудела денешницава?! Затоа воопшто не [FONT="] ѝ се радувам на ваквата „слобода“! Ти знаеш дека срцево ми гори за мојата втора мајка, Македонија, и наместо да [/FONT] [FONT="]ѝ се изнарадувам, јас стенкам под јаремот на безбожнициве![/FONT]“
Пријателот остана без збор. а јас бев сигурен дека нема да ме нашпионира пред „народната“ власт. Така и се случи.
По извесно време му предложив да го продолжиме разговорот, а тој, како добар и верен другар, прифати.
Му велам: „Ти знаеш дека сум патриот, но сум и верник! Знаеш дека се чувствувам како во зандана. Да те прашам нешто, ама те молам, прво размисли: Дали сум виновен што повеќе би сакал да сум под (телесно) ропство отколку духовно?! Додека биле нашите под ропство (српско, бугарско...) духовно биле слободни. Можеби ќе речеш: И духовно сме биле под ропство? Има вистина и во тоа, но јас сум во црква и со Бога си разговарам преку молитви, и Тој најдобро ме разбира. Јас мислам дека духовната слобода е неизмерно поважна од телесната“.
Човекот, мојот другар и пријател, долго време не ми беше дал одговор на моето прашање.
Еднаш, додека седевме со него, и со други луѓе, во црковниот двор од „Стара Црква“ - „Свето Благовештение“ во Прилеп, од еден човек слушнавме пеколни работи. Имено, тој на другите им зборуваше за некој настан што се случил во манастирот „Света Богородица“ во Трескавец, а тој бил очевидец.
Првоборецот Вера Ацева, со свита, прославувала нешто во кругот на Манастирот. Биле присутни повеќе нејзини пријатели.
За да се направи важна и да покаже дека е првоборец, наредила да го донесат монахот што бил во манастирот. Тој, пак, се пикнал во еден ќош од една соба - келија за да не го гледа и да не го слуша рикањето на свитата. Го зеле и го донеле пред неа, а таа „свињата“ го јавнала, му се качила на грб, го држела и тегнела за брада како за грива од коњ, и му викала: Диии (извик што се користи при јавање или терање на коњ, за да оди), и го терала да оди низ двориштето и да врти кругови. Некои од присутните пирувале и [FONT="]ѝ[/FONT]ракоплескале, а оние што биле со здрав разум се стаписале, но не смееле да реагираат, зашто „свињата“ тогаш колела-бесела и можела да им направи непријатности.
Ова дивјаштво многу ме потсетува на еден момент опишан во Светото Писмо.
Станува збор за царот Ирод, т.е. за моментот кога, по повод роденденот, се опил и кога неговата внука од брат, Саломија, играла на забавата и му угодила. Со играњето успеала да го зачара па тој [FONT="]ѝ ветил [/FONT]дека што ида побара ќе добие.
Во тоа време, во затвор бил светиот Јован Кртител затоа што Ирода јавно го изобличувал и му велел дека не му е дозволено да ја земе жената од брата му Филипа за жена. Иродијада, жената на брата му, која незаконско живеела со Ирода, од ќерка си побарала да ја добие главата на Јована. Така и се случило.
Пријателот, откако си заминавме, ми рече: „Во право си“.
И сега, додека ова го пишувам, многу се растревожив.
А вие, што велите?