Да ама нема име и презиме ко во охридскиот случај. Нема дајте да му го видиме суратот.
Нема напалени фемки и клетви до 5то колено.
Никогаш не објавуваат имиња од МВР, тоа го копаат новинарите. Кога се објавуваат имиња од новинари тоа е од некаква корист или за кликови (во овие случаи најчесто дознаваат од коментарите или ако некој објави од засегнатите).
За случајот во Охрид беше објавено после 2 дена, затоа што лично на профилот на ФБ сподели мајката на девојчето. И тие се некоја побогата фамилија и затоа се прошири веста. Плус опозициските медиуми видоа шанса ради вмровската позадина на фамилијата на напаѓачот.
За Фросина што ја згазија кај Силбо исто така за 5 минути се дознаа напаѓачите затоа што неговите беа од сдс. Намерно про-владините медиуми им извадија информации за цела фамилија за да покажат дека во сдс има фамилии со распрдени дечишта кои зацрнуваат други семејства.
За се' друго се дознава од некој што ќе објави од блиските на жртвата на ФБ.
Што ќе дознаеш за овој од некое селиште гостиварско? Таму којзнае колку случаи има вакви, не смее ни да помислат да пријават. Ако се лошо повредени ќе ги однесат кај некој селски доктор. Имаше пред некое време дека кога некој го тужеле за напад на жена му се чудел во судница зошто е донесен, рекол цело село тоа го прави, нормално било.
Кај нас полесно се дознава, затоа што секогаш ќе напише некој од блиските статус и за кликови се шират вестите.
Мислиш новинарите постапуваат истражувачки кога ќе видат во билтен вест "35 годишниот Н.Н. е пријавен дека ја нападнал 28 годишната М.М во Струмица.". Не бе баце, од време на време кога е жижата на таа тема, ќе објавуваат вакви вести копи пејст и тоа е тоа. После ќе стане интетесно тепачки меѓу деца, па дилање дрога и таја се вртат во круг со препис од билтени. Сите вести што детално биле раскажани дошло до тоа дека блиските сакале да излезе приказната, а новинарите ја ширеле од одредена цел.