Ајде малку на земјата да се вратиме и да не фрламе абстрактни концепти и изговори.
Никој не негира дека имало насилство и дека системот очигледно потфрлил, особено ако имало толку пријави. Ако институциите реагирале како што треба, барем требало да биде одземено детето и немало да расте во таква средина.
Ама тоа не значи дека треба автоматски да се оправда се што направила мајката. Стокхолмски синдром се расфрла како термин многу лесно како етикета, а реалноста е многу покомплексна.
Овде зборуваме за возрасна личност која со години одбивала да пријави/повлекувала пријави, го покривала насилникот и дури одела да се тепа со неговата швалерка ни помалку ни повеќе со бедното дете за рака.
Тоа не е баш типично однесување на некој што е целосно "парализиран" од синдром.
На крајот на денот, најголемата жртва тука е детето. Кутрото немало никаква можност да избере, ниту да избега од таа средина. И токму затоа не можам да прифатам наратив каде што целата одговорност се префрла само на системот или само на мажот.
Да, насилникот е виновен за своето насилство, да системот потфрлил, но и одлуката да одземе живот на сопствено дете не може да се објасни со еден генерички термин.
Да, детето е најголема жртва во оваа трагедија и случајов посебно ме погодува како мајка. Но, не се слагам дека мајката има "кривица" во овој случај. Да не испадне дека оправдувам убиство на дете, како што некој срочи поназад во темава, ситуацијата е премногу комплицирана за да се дедуцира во една реченица и со еден термин, баш како што викаш.
Но, тоа што за нас изгледа како некоја желба/љубов/опсесија на мајката да остане со насилникот, е така бидејќи нашата реалност нема допирна дочка со нејзината, затоа и на многу луѓе им е многу тешко да разберат. На крај на денот и сите сме различни карактери, за некој влегување во конфронтација е многу лесно, за некој незамисливо тешко. Има луѓе кои ќе премолчат одредени работи за мир во куќа, има други по секоја цена мора да се во право. Сите си носат прос анд конс.
Многу е лесно сега сите да кажеме имала избор, кога жената очигледно немала избор, тоа го видовме откако испливаа сите детали на површина, немала помош, а имало случаи кога апсолутно ( и законски! ) институциите требало да интервенираат. Едноставно копукот успеал суштината на нејзиното постоење да ја сведе на нула, и единствен спас од тоа страдање гледала во смртта. Да донесеш
мајка во таква состојба, да си го одземе сопствениот живот и животот на сопственото дете, навистина треба да ги имаш преминато сите граници. Го пишувам
мајка бидејќи тој збор е величина, сите знаете до каде е спремна да оди за своето дете.
Она била тепана секој ден со години, психички уништена долго пред да започне физичкото насилство и секој ден потсетувана дека е ништо и никој, и од мажот, а богами и од институциите и општеството како целина. Да си хоспитализиран на клиника и некој да дојде и пред цела клиника те турне по скали, и никој со прст не мрдне за тоа, па каква порака испраќа тоа за личноста која и онака виси на конец? Јас не вредам, мојот живот и мојата добросотојба не се битни за никој, животот и добросостојбата на моето дете не се битни за никој. Сеуште сум фрапирана како типот после таква случка си заминал дома со детето, и никој не превзел ништо. Најверојатно и знаела дека доколку нејзе нешто и се случи, детето ќе остане само со таков МОНСТРУМ. Никој од тука не ја знае ни психичката состојба на детето, впрочем каква и може да биде кога единствено нешто што знаеш и си видел во животов е тоа како татко ти ја млати мајка ти по дома, надвор, во лиф, во болница. Ние не знаеме дали и детето било дел од насилството, не знаеме ни до каде одело тоа насилство, дали и сексуално ја злоставувал ( многу веројатно ), нашиот растеретен ум не може да го распознае хоророт низ кој она секојдневно преживувала.
Жената 6 години ПРЕЖИВЕАЛА хорор, а некој без грам мозок ќе дојде овде и со леснотија ќе пише дека самата си била крива. Тоа е тоа што ми ги превртува цревата, му го сведувате цел мачен живот на некој врз база на последниот, очаен крик за спас.