Прегледај го приврзокот 456304
Кој гној се овие NGO ликовите.
Иронијата е што решение за овој проблем бараат токму од мажите, и тие им се единствената солуција за да ова се реши.
И упорно го форсираат терминот Фемицид што во конкрентиов случај е тотално погрешно, и упорно забораваат дека е убиен и нејзиниот татко, вчера им читав километарско соопштение каде такткото кој исто така е жртва, е целосно изоставен од истото а всушност он е првиот што бил убиен, па потоа она, не знам колку е точно ова дека влегла дома со нејзиниот партнер, и тогаш била нападната.
Ваквите забеготини само додаваат масло на огинот и со ништо не може да издејствуваат овој проблем да се реши, еднавки ми се на оние кои тотално го злоупотребуваа она me too движење и лажно пријавуваа дека се силувани или пријавуваа злоставување зашто некој ги погледнал или им се обратил, и после кога стварно ќе излезеше некоја жртва луѓе се сомневаа дали ја збори вистината или е уште една од овие желни за внимание, прави штетници, мислат дека прават нешто добро а всушност уништуваат све.
Системот за многу работи потфрлил, девојката од Велес е уште една жртва на истиот, ама не мора есклузива да се прави од ова и овие забегани феминистки кои меѓудругото се први за транс правата кои всушност тотално ја девалвираат вистинската жена, да ги користат своите 5 минути за нивната дефектна агенда. Жртви на овој наш забеган систем има многу, да тргнеме од годинава и трагедијага во Кочани, Росица и НЕЈЗИНИОТ ТАТКО се уште 2 жртви на истиот, не го насочувајте ова кон глупавата агенда ваша, зашто со тоа правите дефокус од главниот и единствен проблем во нашето бедно општество.
Овој Илија бил ментално болен, ментално болна личност може да биде и жена, и истата исто така може да е спремна да си го убие својот партнер, или своите деца, такви примери низ светов има многу, не ја гледајте само Македонија, фала богу такви работи кај нас се реткост. Росица е убиена од ментален болесник, исто и нејзиниот татко, и се убиени зашто системот потфрлил, не е убиена само ради тоа што е жена, девојка, и зашто тој што ја убил, ги мрази жените и девојките, тоа е Фемицид.
Овој Илија на болен начин всушност ги сакал жените, така делува, за жал живееме во земја каде многу малце се говори за менталното здравје, нит пак имаме соодветни институции кои тоа можат да го лечат, условите у истите се ужасни и таму луд ако влезе, ќе излезе уште полуд. И ова меѓудругото се работи за кои треба да се говори и да се инсистира да се променат во иднина, зашто ваквите ко Илија треба да се стрпани таму, ама никаква корист нема да има општеството од тоа со оглед на условите во истите.