Злосторство од омраза против жени мотивирано од полот на жртвата. Општо е дефиниран како „намерно убивање на жени и девојчиња затоа што се жени“
Ова не е фемицид, прекинете со тој глупав феминистички термин за секое убиство на жена, зашто оваа девојка не е убиена зашто е жена, не е убиена ради нејзиниот пол, убиена е зашто тој што ја убил бил болно опседнат со неа, ментално нездрав и имал потреба од лечење, не е ни прва девојка што он ја малтретирал во животот што значи има pattern тука, со неколку девојки, системот потфрла, и тоа е тоа, жално, многу жално, ама ова фемицид во ниедно сценарио не е, гледате дека е убиен и таткото, што е тоа, таткоцид?
Ментална болест е тука во прашање кај овој, за која многумина знаеле, вчера ми излезе статус од 2019 за овој, и тогаш малтретирал девојки и многу се жалеле, но имаше и такви, негови другарки и една бивша, што застанале позади него тој период.
Ваква болна опседнаност со партнер имаат и многу жени, точно е дека статистиката налага дека во најголемиот дел од ваквите случаји, мажот посегнува по живот, но и има жени што се болно опсесивни, опседнати, и наштетуваат на одреден начин на мажите, дел и посегнуваат по нивните животи, во Македонија тоа е реткост но имало такви случаји, на глобално ниво колку сакаш вакви исти примери има, само обратно, жената да е таа што убива зашто партнерот ја оставил, или да посегне по неговиот живот.
Ок е, катастрофа е ова што се случи, можеше да се избегна ако полицијата и обвинителството си ја вршеле својата работа, ама фемицид според дефиниција не е и никогаш нема да биде со ваквите примери, убиство на жена под дифолт не е и фемицид иако ова како термин е прилично доста иритантно и тотално непотребно за да се употребува, не знам што се постигнува со ова, некакава ексклузивност ли? Не ми е јасно, убиство е убиство, без разлика на полот.