И во ова што го зборат стариве има логика кога ќе размислиш. Не ми се верува, како стареам се повеќе наликувам на мајка ми и татко ми. Немате поима колку ни имаат зборено за тетоважи, дроги, алкохол, и сл. Не знам зошто тетоважите ги ставаа во оваа категорија, ама ете. Според татко ми, личност што работи како просветен работник, во полиција, во армија, во здравство, или било која друга професија која треба да ти влее доверба, не треба да има тетоважа.
Уствари сега е 21 ви век, и не е дека јас сум стрикно против тетоважите и мислам дека луѓето што се тетовираат се наркомани и мафијаши. Мене дури и ми се свиѓаат некои тетоважи што се убаво осмислени и имаат поента, ама искрено и тоа потајно ми влијае во перцепцијата на луѓето (барем онаа првичната, не судам одма на луѓето, ама си имам некое првично мислење за човек). Веројатно последица од домашно воспитување.