Cowboy Bebop

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Cowboy Bebop

Eдна од најдобрите, ако не и најдобра анимирана акциона драма.
Шиничиро Ватанаби е името на авторот на ова ремек дело, зад чиее име стој уште едно култно аниме ''Samurai Champloo''. Ако ''Samurai Champloo'' е олицетворение на хипхоп музиката, ''Cowboy Bebop'' е олицетворение на блузот и џезот, музиката is too damn good !
Дејствието се одвива во 2071 година каде што целиот Соларен систем е населен од страна на луѓето кои морале да ја напуштат планетата Земја поради не успешниот експеримент со порталите во 2022 година што ја оштетил Месечината и поголемиот дел од деловите на Месечината ја ''бомбандирале'' планетата Земја. На Земјата останале само најсиромашните, оние кои не можеле да си овозможат пат во вселената и останале да живеат мизерен живот во разурнатите градови на Земјата. Луѓето немаат никакви супер паврс или пак некакви роботски одела што ти ја знам...што јас го сметам за плус бидејќи сакам да се држи до реалноста. Единствената разлика е напредната технологија и вселенските бродови кои што служат како превозни средства.

Нашите јунаци Џет и Спајк живеат во еден таков вселенски брод (Bebop) и ја имаат улогата на модерни каубојци, ловат лоши момци со награда за нивните глави за да преживеат т.е они се ''Bounty hunters''. Останати поважни ликови се Феј и Ед кои што подоцна ќе им се приклучат на Спајк и Џет. Исто така тука е и ликот од минатото на Спајк кој повторно се појавува во неговиот живот, тоа неговиот поранешен пријател Вишс.

Серијата се состои од 26 епизоди во кои делумно секоја епизода е приказна за себе иако приказната е поврзана.

Еве малце музика, да го почуствувате филнгот на ова ремек дело.
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Ја немам изгледано, но планирам да ја гледам. Кога ќе ја изгледам, ќе коментирам за неа.:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Ја немам изгледано, но планирам да ја гледам. Кога ќе ја изгледам, ќе коментирам за неа.:)
Дефинитивно нема да зажалиш почни ја уште сега, го имаш мојот збор :D:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Само што го симнав филмот Cowboy Bebop knockin on heaven's door, на кој му се токмам скоро цела година да го гледам и еве тек сега му дојде редот :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.265
заедно со samurai champloo/ hellsing / wolfs rain една од најдобрите аниме серии. Многу луѓе имаат предрасуди во врска со анимето мислеејќи дека станува збор за детски цртан или па погрешна претстава дека е тоа dragonball. Mononoke/how's moving castle/grave of the fireflies па дури и еден ponyo ќе ве остават без коментар .. а секако тука се футуристичките како akira.

Гледајте луѓе аниме, пред се да нема да зажалите бидеејќи станува збор за неверојатни приказни проследени со неверојатен soundtrack.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.265
заедно со samurai champloo/ hellsing / wolfs rain една од најдобрите аниме серии. Многу луѓе имаат предрасуди во врска со анимето мислеејќи дека станува збор за детски цртан или па погрешна претстава дека е тоа dragonball. Mononoke/how's moving castle/grave of the fireflies па дури и еден ponyo ќе ве остават без коментар .. а секако тука некаде е и футуристичкиот akira.

Гледајте луѓе аниме, пред се да нема да зажалите бидеејќи станува збор за неверојатни приказни проследени со неверојатен soundtrack.

 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.619
Поени од реакции
7.379
Само што го симнав филмот Cowboy Bebop knockin on heaven's door, на кој му се токмам скоро цела година да го гледам и еве тек сега му дојде редот :D
Филмот мислам после 22та епизода од серијалот треба да се изгледа или грешка сум?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Филмот мислам после 22та епизода од серијалот треба да се изгледа или грешка сум?
Убаво што ме потцети заборавив да пишам дека го гледав филмот :)
Треба да легнувам ме мрзи да пишувам нешто поопширно само ќе кажам дека е одличен и секој што го гледам анимето треба да го гледа и филмот (y)

Што знам јас го гледав тек сега, а анимето од дамна ми е гледано мислам дека нема врска тоа и така не е поврзано со приказната. Сеедно е дали ќе го гледаш по серијалот или додека сеуште ја гледаш, нема ништо поврзано, само како приказна плус е :)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.296
Поени од реакции
12.659
Само што завршив со гледање.Супер аниме,многу ми се допадна светот во кој се одвива дејството,само крајот некако глуп ми беше бидејќи се растури дружината.:place:
Омилен лик Феј Велентајн :love:
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Со „мало задоцнување“ од речиси една година решив да го изгледам. И го изгледав. И навистина е epic. Можеби е и најдобрата аниме серија/филм кој го имам гледано заедно со уште неколку.
See you space cowboy!;)
 
G

garthok

Гостин
Само што завршив со гледање.Супер аниме,многу ми се допадна светот во кој се одвива дејството,само крајот некако глуп ми беше бидејќи се растури дружината.:place:
Омилен лик Феј Велентајн :love:
Супер лик, сцената кога ќе му ја изеде храната на кучето од конзерва и ќе му ја фрли празна сум се газел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Да ја заживеам темава малку. Крајот и оваа сцена се двете најмоќни во серијалот, се уште не можам да се одлучам која ми е појака.

Имам некој нагон да ја репризирам, но кнап со време сум. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom