Претходниве денови потпишувавме нов договор со Космофон, па го прашав агентот до каде е ВајМаксот, нели дека имаат добиено лиценца. Ми кажа дека стартуваат од 15-ти март, со многу поволни пакети. Значи, дечково е на повисока функција во Космофон (па ваљда знае). Останува да се почека 15-ти март и да видиме што точно ќе понудат. А, како што тргнале со нискиве цени (на работа имаме пакет што ни е поевтино да вртиме Космофон кон Т-Мобиле, отколку Т-Мобиле кон Т-Мобиле што ни нудеа, да не зборам за само 2-та денари за воспоставување повик и после тоа бесплатно кон сите, што им понудија на Влада), мислам дека ќе имаме добар провајдер.