Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?!
А такви другари и другарки ко тие во претходнте примери, нормално дека има такви и едноставно се победува ако се оттргниш од нив! И така. 
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?



A ti si najgolem original.STAVI TVOJA SLIKA.Имам се наоѓаат... и тие си се обични сељаци и сељанки без сопствен карактер.... итн....
Или луѓето од вашето опкружување што растат како паразити засадени на почвата од вашата лична оригиналност и креативност, а поготово се опасни кога ви се пријатели, т.е. ја имаат можноста секојдневно да бидат покрај вас и да меморираат што е можно поголем број од вашите идеи, изјави, замисли и планови, за после да можат да се перчат пред другите со она што сами не би го смислиле ни за цел живот. :uvo:
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн...? На другарот со кој одевте заедно во школо и му кажавте за девојката која ви се допаѓа, а потоа забележавте какви насмевки тој и упатува баш нејзе? А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?!
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?
Убаво е кога знаеш дека на некој му се допаѓа твојот стил на живеење размислување и сл. но некој да те имитира и да ги прави апсолутно истите работи како тебе е многу лоша работа. Ваквите луѓе искрено ги сожалувам затоа што тоа не е само недостиг на орогиналност, тоа е веќе сирота положба кога некој не знае што да прави со себе и својот живот, па сака да живее нечиј туѓ живот, копирајќи се што е запаметено со капацитетот на неговиот мозок. Да, во друштво со такви луѓе дефинитивно треба да се трудиме да си го сочуваме идентитетот, кој што е сто процентно загрозен во нивното присуство. Но, и смешно е од една страна што кога гледаш таква личност, се пронаоѓаш себеси, но на многу понеубав и понеоригинален начин. Лично таквите луѓе ги сметам за многу пониски од мене, затоа што каква личност е таа која што нема свој ставови, размислувања, идеи. те слуша тебе, и помни се, за потоа истото да го кажува како свое. навистина неможам да ги разберам таквите луѓе и крајно ме иритираат, па поради тоа сметам дека нема подобар лек од изолација, макар во колку и мали граници да е тоа можно.:smir: