Copy-paste пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата Slatka_Mala
  • Време на започнување Време на започнување
Немам такви пријатали, а и не ни може да имам, зашто мојот стил е тој и никој не се обидува да ме копира. Јас сум оригиналот, тој што ќе се обиде секогаш ќе биде копија.
Постојат такви луѓе затоа што не можат да смислат нешто свое или се восхитуваат на својот другар па несвесно го копираат во неговите постапки. Сум имала прилика да сретнам такви другарки и делува навистина глупаво, копијата се познава од километар, нема сопствени ставови, секогаш размислува исто како другарот и што е најлошо дозволува да биде заведен од таквата заслепеност.
Зборував општо, а не само за облека, туку и начин на однесување.
 
На таквите пријатели ја одамна Delete и Enter. Не губам време со такви особи, одбивни ми се при самото понашање. Како што јас сум своја личност и се што сум створила е само мое дело и идеја така и тие треба така да живеат. Премалку креативност и желба за размислување, според мене они се такви.
 
Има два типа на копирачи. Едните се несигурни и немаат самодоверба и од тие причини ,,пристапуваат,, кон копирање. На овие треба да им се прости. Не треба да не нервираат оти нашиот репер го користат во меѓупериодот на изградување на личноста и бидејќи тоа го прават спонатано и наивно треба да ни биде дури и комплимент што не избрале токму нас како модел за копирање. Другите оние за кои зборува авторот на темата се злонамерни себесвесни и волеви копорачи кои сакаат да ни наштетат. Ги превземаат нашите дечковци/женски, го купуваат она нас што ни се допаднало и слично со цел да се натпреваруваат со нас несакајки да заостанат ни чекор зад нас. Овие се опасни и треба тактички да им се пристапи.
 
Или луѓето од вашето опкружување што растат како паразити засадени на почвата од вашата лична оригиналност и креативност, а поготово се опасни кога ви се пријатели, т.е. ја имаат можноста секојдневно да бидат покрај вас и да меморираат што е можно поголем број од вашите идеи, изјави, замисли и планови, за после да можат да се перчат пред другите со она што сами не би го смислиле ни за цел живот. :uvo:
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн...? На другарот со кој одевте заедно во школо и му кажавте за девојката која ви се допаѓа, а потоа забележавте какви насмевки тој и упатува баш нејзе? А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?! :tapp:
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?

Не е возможно некој да направи да се чувствувам загрозено од него на било кој план, уште помалку да ми го украде идентитетот од проста причина што јас сум јас.
Нема повеќе или помалку од тоа.
Пред се имам избран круг на пријатели кои се толку различни од мене што ретко се сложуваме за било што.
Факт е дека сите меѓусебно се копираме, свесно или несвесно, но личностите кои знаат во тој домен да ја изгубат контролата се само изгубени,без сила за да изградат нешто сами.:toe:
 
тоа го има и на форумов-пазете се!
Да не мислиш на темата во Уметност?:vozbud:
Ако некој и претходно имал некоја идеја, а ти си ја спомнал прв, не значи дека станува збор за копирање:vozbud:
Ако мислеше на друго, бујрум дај ни пример.
:helou:
Еве ја на пример епитетот РЕТОРИЧКО (РЕТОРИЧКА,РЕТОРИЧКИ...) си го потребувам у секоја реченица и не ми смета и др да го употребуват,мислам шо е битно тоа битно е да се дружиме ,така ?:)
Епитет? Реторичко, -а, -и (во секоја реченица?)
Ама ајде, битно е да се дружиме.

Јове... Реторика, реторски, реторичко прашање ти се следна задача за темата.


Сите со кои се дружам колку што сме слични толку сме и различни. Сличностите, некои гестови, понекогаш начин на зборување, одење и други ситници не ги сметам за копирање ако видам дека ги прави како мене. Нормално е кога ќе се дружиш повеќе време со некој несвесно да попримате по нешто еден од друг, ама тоа никој друг не може да го забележи.
Што знам, во моја близина немам луѓе копирачи. Сите се личности кои се препознатливи по своите атрибути и сопствени идеи, немаат потреба да прават нешто како другите за да бидат забележани.
И кога би се појавил некој кој би копирал од мене, не би го сфатила толку лошо. Секако мојата оригиналност ќе биде повторно препознатлива, бидејќи не можам да се изгубам и да не знам што да правам ако треба да се снајдам во ситуацијата.
 
Никој неможе да ме копира пошто сум оригинален (умре ѓупката што ме фалеше па морам малку сам да си се фалам :)) а и не ги давам моите идеи пред сите. А не верувам дека некој би сакал да ме копира.
 
големиот човек по дифолт е племенит човек...

ако се крева прашина позади вас значи дека вредите , ако ве копираат уште повеке вредите

мада копија никогаш не е иста како оригинал

Сакам казам ако копирате копирајте до крај иначе смеенје ке падне
 
хмм.. паа, ова што го наведе за мене е се copy paste и не би ги сфатила како такви:smir: Инспирацијата за секоја ствар мора да доага од негде.. воопшто не би ми пречело ако некоја моја другарка од некој разговор со мене изгради мислење на одредена тема затоа што и се допаднало тоа што сум го кажала.. па потоа утре дента го направи истиот разговор со некој друг цврсто држејки се до моите ставови.. едноставно се пронашла во нив.
Или пак... Реши да си ја осветли косата затоа што и се допага како тоа мене ми стои... Јас лично пред некој ден си купив фармерки кои ги видов на една девојка и преубаво изгледаа.. потоа налетав на нив ги пробав и решив дека се правата ствар за мене.
Нормално е со лугето кои те опкружуваат да имате доста заеднички работи.. посебно со пријателите, заедно се градите како личности споделувате се.. нормално е две другарки да ги имаат истите вредности и мислења за одредени работи... Лошо е кога станува збор за апсолутно се.. но сепак и тоа може да се реши со разговор.. не ги смиетам овие работи за лоши и не би ги нарекла овие луге непријатели... copy paste пријатели и слично
 
Според мене,тие луѓе се несигурни во себе,па мораат да имитираат или да копираат друг.
Досега не сум приметила некоја другарка да ме имитира,но се случило да ми ги превземе идеите,но сум поминала преку тоа.Можеби било несвесно или ненамерно и не се случувало често,а и ми се нема случено такво нешто во последниот период.
Реков јас,тие луѓе немаат доволно самодоверба,па мислат дека ако копираат некој друг,полесно ќе бида прифатени во друштвото,барем според мене.
Нормално,има разлика меѓу копирање и прифаќање некоја особина или фраза од друг.Често ми се случувало да прифатам некоја особина или фраза од другарка,и обратно.
 
Или луѓето од вашето опкружување што растат како паразити засадени на почвата од вашата лична оригиналност и креативност, а поготово се опасни кога ви се пријатели, т.е. ја имаат можноста секојдневно да бидат покрај вас и да меморираат што е можно поголем број од вашите идеи, изјави, замисли и планови, за после да можат да се перчат пред другите со она што сами не би го смислиле ни за цел живот. :uvo:
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн...? На другарот со кој одевте заедно во школо и му кажавте за девојката која ви се допаѓа, а потоа забележавте какви насмевки тој и упатува баш нејзе? А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?! :tapp:
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?

Тоа е тип кој е љубоморен, посесивен, егоист. Сака све што омаат другите да има и тој.Имав таков другар... ако може да го наречам другар. Купив компјутер, типов не можеше да заспие а да не купи и тој па купи кроз една недела. Што се деси потоа? Го баталив. Нека крши глава.
 
Мајсторијата е да копираш повеќе ПОЗИТИВНИ навики,финти,фрази итн. од луѓе кои се подобри од тебе во некоја работа......
 
**Со исклучок на одредени копирачи, кои копираат од повеќе места, и преку тоа градат сопствен стил кој заедно со нивната харизматична лукавост придонесува да ги засенат оригиналите од кои црпеле ресурси.

Најдоброто што може да направиш при таква ситуација е да не дозволиш да почувствуваш гнев, зошто копиљот кој ти ја шмекал девојката додека ти се правел другар ќе си ја постигне целта. А ти ќе се уништиш.

Епа на ова сакав да ви обрнам внимание.Значи кај тие copy-pastовци од горниот вид, кои копираат кај ќе стасаат, а вие чувствувате како ви се упикуваат во животот и тоа ЛОШО чувство на гнев кое се јавува кај копираниот. Тоа е тоа што не треба да излезе од контрола при справување со ваквите пријатели! :star:
А што се однесува до оние „мали“ и незначајни подражавања на пријателите кои се среќаваат во секој круг на пријатели - па тоа е сосема безопасно и дури и симпатично - дава некое чувство на припадност и обележаност дека пријателите гледаат во исти правец и исто дишат, ако може така да се изразам. :helou:
 
Граница мора некаде да се повлече. Ми ласка кога некој ми го имитира стилот, начинот на однесување па дури и користи мои фрази при секојдневниот говор, во рамки на нормала.
Малку сум мутава, па допуштам и да ми се украде по некоја идеја што не ми била толку важна, ама сепак е глупа работа кога ќе подразмислам.:icon_lol:
Сепак немам копирајт врз мојата личност.:icon_lol:

Сум имала купишта другарки кои помалку или повеќе биле вакви имитаторки, и секогаш сум им допуштала...сега се мислам зошто, ооо зошто сум го правела тоа.:pos:
Јебига секакви (не)карактери се среќаваат. Некои го прават истото што и ти само колку да докажат дека се подобри, без разлика до која банална крајност ќе тераат. Тие се за институција.:icon_lol:
 
Ееее мојот тон на глас и начин на зборење више ни стануе трејдмарк у цело друштво, па и пошироко...

Инаку не, не се осеќам загрозено од вакви луѓе... кога-тогаш ќе се пронајдат... а додека не се пронајдат, јас со моите „финти“, тон на глас, накратко со цела личност, сум тука за нив, па нека копираат колку сакаат - па зашо сме другари ? :smir::smir: тоа нема да ја одземе или намали мојата оригиналност :)


а ги има се повеќе и повеќе... :) поздрав до сите нив.. :)
 
Познавам неколку такви фаци без идентитет. Не ми преостанува ништо друго освен да ги сожалувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom