Copa América 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 април 2015
Мислења
2.875
Поени од реакции
1.748
Локација
Скопје,Macedonia
Campeonato Sudamericano de Fútbol 2021 е најстарото интернационално натпреварување организирано од CONMEBOL и годинава ќе се одржи по 47ми пат. Иако сега ќе си речете нели беше скоро, овие Јужно Американциве не знаат што прават, прво беше Копа 2015, па 2016, па 2019, па 2020, одложено за 2021. Службениот став за овие поместувања од стандардните 3 години пауза, а претходно 2 години помеѓу првенствата, е за да биде во исто време со Еуро, веројатно така мислат дека ќе имаат поголема гледаност (не верувам). Така да наредното ќе се одржи во 2024.

Првенството е на програмата од 12 Јуни до 12 Јули, првенствено требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина, но Колумбија се откажа (читај им беше одземено првенството) поради Политичка нестабилност (насилни протести против претседателот Иван Маркез), а Аргентина се откажа поради Ковид. На сцена стапи првакот Бразил кој радо прифати да го организира првенството наместо нив.

Првенството ќе се одржи во 4 Бразилски градови: Cuiabá, Goiánia, Brasília, Rio de Janeiro. Стадионите се Pantanal, Mané Garrincha, Olimpico, Maracana, Nilton Santos.
Отварањето ќе биде на 13 Јуни на Мане Гаринча, а финалето секако на Маракана на 10 Јули.

Конмебол е поделен на Северна и Јужна зона, во северната зона се: Бразил, Колумбија, Еквадор, Перу, Венецуела, а во јужната зона се: Аргентина, Боливија, Чиле, Парагвај, Уругвај.
На првенството требаше да настапат традиционално екипи од други континенти, порано настапуваа Јапонија, САД, Мексико, а оваа година победниците на Азискиот Куп, Австралија и Катар, но се откажаа поради одложувањето на Азиските квалификации за Светското првенство.

Јужна Зона/Група А:
2021-06-03.png

Северна Зона/Група Б
2021-06-03 (1).png

Вкрстувања во Четврт Финале
2021-06-03 (2).png

Друго што може да се каже е дека единствен главен Европски судија на првенството е Jesús Gil Manzano, а официјална песна La Gozadera од Gente de Zona.
Кај нас натпреварите би требало да се емитуваат на Арена Спорт, додека официјален партнер за Европа е DAZN.

Кои се вашите мислење за ова првенство, ќе успее ли да привлече поголема популарност во Европа со новиот термин за време на Еуро?
 
Боље ќе било директно да има полуфинале, првите две екипи од групите да идат даље, вака и со една победа у групи можеш да стигнеш у финале...
 
Единствено штета што натпреварите се играат во вечерните термини локално време 18 и 21 часот, што значи кај нас во 2 по полноќ. Да се играа дневни термини како 12 и 15 часот како што беше на светското во Бразил, би било поприфатливо за следење, но веројатно не сакаат да се поклопуваат со термините на Евро.
 
Кои се вашите мислење за ова првенство, ќе успее ли да привлече поголема популарност во Европа со новиот термин за време на Еуро?
Не.
 
Ќе гледам стандардно, само термините се доста касно оваа година, па веројатно освен мечевите на Аргентина ќе го пропуштам поголемиот дел од групната фаза пошто стварно во овој систем нема да биде многу интересна.

Со самото тоа што го префрлија турнирот во Бразил автоматски тие се први фаворити. Ама јас нормално се надевам дека Аргентина конечно ќе го скрши малерот.
 
Точно, ќе има уште едно првенство во 2024, потоа ќе се предомислат челниците и ќе има ново првенство во 2025та :)
Далеку се од популарноста на европското али секако се пред азиски куп и северно американскиот куп.
 
Затоа овие Јужноамериканските репрезентации никогаш нема да бидат на ниво на Европските, можеби имаат талент за фудбал, но од аспект на организација се за никаде. Инаку можете ако сакате да напишете збор два за секоја репрезентација и за некои клучни играчи, вие што ги пратите повеќе нивните лиги и играчи во Европа, репрезентации кои ќе изненадат и слично, дали господинот Бентакур може до трофејот?
 
Од форумов да се собереме подобро ќе организираме турнирче него овие што можат на ниво на континентално натпреварување.
 
Here we go again... Сигурно десет години од животот ми скрати Аргентина последните години. Ем оваа Копа влегов без очекувања, ем синоќа пак кинев живци...

Не знам како, освен покојниот Сабеља, како држава со такво фудбалско реноме не најде некој асален селектор. На толку потенцијал во нападот Скалони го најде овој Нико Мартинез кој од дома не го знаат дека е фудбалер. Џабе перфектни топки од Меси кога овој се што допре упропасти.

Ајде да не кобам однапред, и пред две години почнаа слабо па ја креваа формата. Оваа Копа групната фаза е повеќе да се одредат двојките за 1/4 финалето. Против Уругвај во петок повеќе работи ваљда ќе бидат појасни. Како и да е, за сега не изгледа дека некој би му ја земал титулата на Бразил.

И да не заборавам да пишам, нема поодвратна репрезентација на планетата од Чиле. Како што не им оди во квалификациите ич да ме помирисаат СП... Подобро Боливија би ги гледал од нив.
 
Gledav hajlajts od site tekmi do sea.. Kvalitet boranija... Mnogu ponazad od evropskive ekipi se site juznoamericki osven Brazil.. ma da i tie ne se nesto posebno.. Taktika 0 imaat ekipive.. mislis 2 liga mkd igraat.
 
На толку потенцијал во нападот Скалони го најде овој Нико Мартинез
Гонзалез*

Не знам како и со кој памет Скалони не го зема Окампос. Моментално најбоље крило што го има Аргентина.

Па и Ло Селсо го извади а најдобар беше на терен.
А и одбранава курац ебате Отаменди уште зима кредити пред Ромеро и Пецела.
Овој Мартинез Кварта јес да е потенцијал ама у реду е, ни у Виола не е баш редовен.
Монтиел нема поима у напад. Не ми текнува на друг десен бек моментално, ми се укочи мозокот.

Класика ко што викаш, Аргентина е тоа, ќе те извади од такт ко никој. Умрени. Еднаш немаат издоминирано некој асално.
 
Не знам зошто не се обединат Конмебол и Конкакаф кога е во прашање континентален турнир, и онака Копа Америка и Голд куп се безвеза, нек направат такмичење како што е ред со квалификации, 16 во завршница и сето тоа.
Вака коа имаш гарантирано место како на Копа или пак САД, Мексико и Канада на Голд куп не знам која мотивација ја имаат, тоа па тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom