CNN: Македонија во петте најлоши економии во светот

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Македонија во друштво на Централната Африканска Република, Иран, Малави и Јапонија.Според реномираниот CNN земјава е е во најлошите пет економии во светот, а како главен пaрaметар земен за позиционирање на земјава е стапката на невработеност од 30 отсто.
Централната Африканска Република е дел од оваа листа поради најсилниот пад на БДП од 14,5 %, Иран поради инфлацијата од 42 отсто, Малави има најнизок БДП по глава на жител, а Јапонија се наоѓа на листата на топ пет најлоши економии поради тоа што има најголем долг или 244 % од БДП.

http://a1on.mk/wordpress/archives/257111

http://money.cnn.com/gallery/news/economy/2012/08/07/worlds-worst-economies/4.html
--- надополнето: 23 декември 2013 во 21:25 ---
А според Економист,
На Македонија и се закануваат социјални немири


Според влијателниот „Економист“, Македонија се наоѓа во групата на земји со висок ризик во кои, следната година, може да се случат социјални немири.
Македонија е во друштво на Буркина Фасо, Камбоџа, Бурунди, Албанија, Бугарија, според најновата ранг листа на угледниот британски весник.
Класната раслоеност предизвикана од големите разлики во заработувачката, зголемената невработеност, лошата власт, слабите социјални мерки и етничките тензии се клучните фактори кои ги прават земјите потенцијални жаришта.
Раководен од овие параметри, „Економист“ ги истражувал институционалните и политичките капацитети на 150 земји низ целиот свет. Според анализата – 43 % или 65 земји следната година се во групата со висок ризик или многу висок ризик да им се случат социјални немири.
Како посебно ранливи региони „Економист“ ги издвојува: Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Европа и Балканот.
Од регионот, во групата на земји со висок ризик сме во друштво на европска Хрватска, но и на Турција. Србија и на Словенија, кои се во поповолна состојба или во групата со среден ризик. Само Босна и Херцеговина е во црвената зона.
http://a1on.mk/wordpress/archives/257261
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
А САД ич нема долгови тоа, а бе ич.:tapp:
А и оние јужните соседи...и нив ги нема...
Сега не дека и нашата економија ќе процвета, и ние сме за никаде, но...има и такви што се во подлабока каша од Македонија, Иран, Јапонија...
Зш бе Јапонија, зш?:place:
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Грција наскоро економски пак ќе биде лидер во регионот..
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
А бе уште ве лажа комунистиве, најлошо било тикви со расол, пушти шител, македонија цвета !!!
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Да бе да и СНН се шегува и Економист се шегува, лееее што глуп народ живее во Мкд..:facepalm: Според вас само Сител и Латас се во право,а другите се за никаде..:eek:
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Да бе да и СНН се шегува и Економист се шегува, лееее што глуп народ живее во Мкд..:facepalm: Според вас само Сител и Латас се во право,а другите се за никаде..:eek:
Никогаш не сум мислела дека во Македонија е сјајно. Всушност сакам да шмугнам од овде. Но, не ми кажувај дека сме полоши од јужните со економијата...Па кој сака нека го каже тоа, јас нема да верувам...Па и САД е во гадна каша, но ја нема на списокот, нели?
 
Член од
26 август 2013
Мислења
212
Поени од реакции
238
Македонија во друштво на Централната Африканска Република, Иран, Малави и Јапонија.Според реномираниот CNN земјава е е во најлошите пет економии во светот, а како главен пaрaметар земен за позиционирање на земјава е стапката на невработеност од 30 отсто.

Колку професионално новинарство имаме мајке ми :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кај нас на телевизија викаат дека ние сме во топ 10 земји со најдобра економија, а овие викаат друго............... епа сега нека се одлучат, или вака или така :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom