Чувства преку песна

  • Креатор на темата Креатор на темата ArhangelOFDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Фрустрација...тоа е името на играта. Правиш нешто што викаат старите, како вол у купус.
 
Не си љубел до 29ет години, незнаеш ни што е тоа, а одеднаш го гледаш потпрен на мермерен столб кај музејот.
На самиот старт почна лошо, јас го чекав од другата страна на зградата. Се изнервира оти мислеше дека го извисив, ми се јави гневен, прв пат му го чув гласот. Штом ме виде пред него, го спушти телефонот и гневот се претвори во насмевка, искрена како на дете. Чуден лик, си реков.

Ах кајгано, секој збор од песната и го осетив. Мојот лебед беше бел, ил златен, скоро Охридски, само од село од најсеверна Хрватска. Го освои овој Македонец со очи ко срна (негови зборови) како никој друг. За што? За да се сомнева во мојата љубов. Да си мисли дека сум како татко му, дека ќе го оставам. А јас на журка со 800 момци, го гледав само него.

Си ветив дека јас нема да го оставам. Сега изгледа како да го прекршив заветот. Ама едно е сигурно, кога му кажав дека само него сум го сакал, не излажав. Тоа е мојата мала горка победа во сево ова. Не излажав - Византиецот сакаше само еднаш во својот живот, како Лебедите во византиската ни престолнина над езерото што сакаат само еднаш.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom