Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
ЧУМУ ФАКУЛТЕТ: Најбарани професии се продавачи, шивачи и келнери
Од листата со 25 занимања за кои има најмногу слободни работни места, само за една професија - градежен инженер - треба високо образование
наплата каса во маркет (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)
Топ-пет најбарани професии во Македонија во моментов се продавачи, шивачи, келнери, магационери и чистачи. Ова го покажува статистиката за најбарани занимања на Агенцијата за вработување, која од неодамна е објавена на нејзината веб-страница.

АВРМ вработување (printscreen)
Покрај нив, на листата со најбарани занимања на Агенцијата за вработување следуваат подготвувачи на брза храна, градежни работници, градежни инженери, обезбедувачи на лица и на имот, возачи на такси, шивачи на текстил, возачи на товарни возила, комерцијалисти, готвачи, пекари, чевлари, комерцијалисти, работници во преработка на овошје и зеленчук, рачен пакувач итн.
(Фото: trivalleylifechurch.org)
Она што може да се забележи во листата со најбарани професии е дека речиси сите 25 објавени занимања се професии за кои не е потребно високо образование, односно за нив можат да се квалификуваат лица со средна стручна спрема. Само за професијата градежен инженер потребно е високо образование.
Агенција, завод за вработување (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Кај најбараните професии најмногу слободни работни места има во професијата продавач – моментално се бараат 430, шивачи – 186, келнери – 173, магационери – 152, хигиеничари – 104, подготвувачи на брза храна – 101, градежни работници -101, градежни инженери – 99, обезбедувачи – 89, возач на такси – 76.
АВРМ вработување (printscreen)
Ако се разгледува статистиката по дејности на АВРМ, најмногу слободни работни места има во трговијата на големо и на мало – 1.232, преработувачка индустрија – 757, стручни, научни и технички дејности 284, објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 271, транспорт и складирање – 218, градежништво – 172, финансиска дејност и дејности на осигурување – 102.
Со високо образование најмногу се бараат информатичари
Според Дарко Велков, директор на веб-страницата за посредување при вработување Вработување.ком, кога се разгледува побарувачката на работници со високо образование, најбарани кадри се информатичарите и архитектите.
Дарко Велков, директор на Вработување.ком (Фото: Економски.мк)
- Дефинитивно ИТ-професиите предничат во побарувачката од страна на компаниите. Се бараат пе-ха-пе програмери, јава-програмери, систем-администратори. Градежната индустрија е во експанзија, така што се бараат архитекти и градежни работници. Од друга страна, сите индустрии сакаат да ја засилат продажбата, па компаниите бараат луѓе со добри меки вештини за продажба, на што може да се адаптираат работници од секоја струка – објаснува Велков.
огласи за вработување (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Тој вели дека многу се барани и работниците во сервисните дејности со храна, односно оние занимања што се поврзани со дистрибуцијата, логистиката и магацините со храна.
Исто така, фабриките во слободните економски зони бараат оператори на лента, односно луѓе за мануелна работа во производство.
Најмногу работа во Скопје, воопшто нема во Крушево и во Демир Хисар
Според Агенцијата за вработување на Република Македонија, најмногу слободни работни места има во Скопје – 2.073, потоа во Куманово се бараат 201 работник, во Штип има 190 отворени слободни работни места, во Битола – 139, во Струмица – 107, во Охрид – 87, во Тетово – 86, во Кавадарци – 68, во Гевгелија – 49, во Ресен – 46.
Агенција завод за вработување (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Помалку од пет слободни работни места во Македонија моментално има во градовите Дебар, Валандово, Македонски Брод, Кратово, Крива Паланка.
Два града со ниту едно слободно работно место се Крушево и Демир Хисар.
Според АВРМ, во ноември во Македонија имало 3.222 слободни работни места и 95.279 невработени.
(М.Б.Г./Телеграф.мк)