Чума во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
Светската здравствен организација (WHO) прати експерт во Либија заради појава на црната чума во таа земја. Случаите се приметени крај границата со Египет. Еден мртов до сега.

http://news.bbc.co.uk/go/pr/fr/-/1/hi/world/africa/8105144.stm
 
Каде беше случајот со Црната Чума која им забегала на некои терористи? Можна ли е поврзаност?
 
абе тоа е бактерија....ама убива за 7 дена...тешко е лечењето...ама ко шо знам во либија има фабрики за биохемиско оружје па инцидент можен е...ништо чудно...инаку стаорците најмногу ја пренесуваат:toe:
 
Е... па ништо сериозно, се лечи чумата само што таму владеат примитивни услови.
 
Каде беше случајот со Црната Чума која им забегала на некои терористи? Можна ли е поврзаност?

Таму беше, можна е поврзаност.

Што се однесува до условите во Либија, имам еден далечен роднина којшто работеше во Либија како физички работник порано, рече ги врзувале во ланци целата група.
 
Чумата е предизвикана од бактеријата Јерсинија Пестис која се пренесува од стаорци преку болви на луѓе. Болвата цица крв од стаорецот заедно со бактериите кои и предизвикуваат чуство на глад и таа скока по се живо и диво, па и по луѓе.
Своевремено најопасна болештина на светот која на периоди истребувала огромни проценти од светското население.
Денес релативно лесно се лечи ако се открие на време.
Често користена и како биолошко оружје, посебно од Јапан против кинезите во војната.
 
од чума починал еден човек во Кина, 11 се заразени, а цел еден град Зикетан со 11.000 жители е под карантин
Чумната пневмонија е бактериска инфекција на белите дробови, се пренесува по воздушен пат, преку кашлица.
Бактеријата, причинител на болеста, е истата, на чумата наречена Црната смрт, која убила околу 25 милиони луѓе во Европа во Средновековието.

заразениот може да умре за 24 часа.

Симптомите на чумната пневмонија се тешко дишење, крв во плунката и кашлица.

http://www.dnes.bg/world/2009/08/02/ujas-chuma-ubi-chovek-v-kitai-cial-grad-e-pod-karantina.75375
 
Јерсинија Пестис напрај голема беља пред 700 години,ама сега сме светлосни години напред со медицината.Ама ако удри во заостанат крај,исто се фаќа :toe:

од чума починал еден човек во Кина, 11 се заразени, а цел еден град Зикетан со 11.000 жители е под карантин
Чумната пневмонија е бактериска инфекција на белите дробови, се пренесува по воздушен пат, преку кашлица.
Бактеријата, причинител на болеста, е истата, на чумата наречена Црната смрт, која убила околу 25 милиони луѓе во Европа во Средновековието.

заразениот може да умре за 24 часа.

Симптомите на чумната пневмонија се тешко дишење, крв во плунката и кашлица.

http://www.dnes.bg/world/2009/08/02/ujas-chuma-ubi-chovek-v-kitai-cial-grad-e-pod-karantina.75375

И мислам посинети отоци,гадна глетка било.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom