Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Еве неколку мијачки зборови:
ПРЕШ (праз)
ЧЕПУРКА (печурка)
КОТАР (штала, истиот збор мислам дека го користат и на др. места во Македонија и Хрватска)
МИСКОИНА (пријатен мирис)
ВОПЕР (вампир)
ЛОГАЧ (лажливец)
ЗОРЕЊЕ (зреење, истиот збор го имаат и хрватите и словенците)
ЗОВЕЊЕ (канење)
БОСКА (града)
БУЦА (боде)
ТУРИ (уништува, пропаѓа)
КОЧИ (разгалува)

Еве неколку збора од северо-источна Македонија:
ВРГОЉИ (намрштува, превртува очи)
УТЕКНУЕ /утекнува/ (бега, и далматинците го користат истиов збор)
ЊИЊО (нивно)
ЊОЊО (нејзино)
 
кт - ( кога ) - пробиштипски
кда - ( кога ) - кривопаланечки

:D
 
балтија (секира)
клепаци (влечки)
косме (коса)
корем (стомак)
 
Вчера во една тема спомнав некој збор што ги користи баба ми, па мислам дека тука им е местото:)

Текне- дрвено корито со димензи отприлика метар должина, 80-тина ширина и пола метро висина со поклопец, од предната страна имаше закосување на долу и внатре, одамна заврши како топлинско гориво благодарение на денешнава технологија, иначе ќе бевте почестени со фотки. Се месеше и се чуваше месениот леб.
Бљуд-тркалезна штица на која се меси леб.
Маѓерие- летна кујна, која во голема мера ја заменувала куќата, (ја чувале куќата дедо и баба нова и чиста, за вујна ми) :D :facepalm:
Скемле- вид на скала со која се береле и сеуште се берат охридските цреши :love: (за скемлево можам да ви пратам фотки, вие само изразете желба, само не за брзо време.) :D;)

Овие зборови можеби влечат турски корени во благоизменета форма, што мислам дека е и многу веројатно, али оставени на забот на времето, освен скемлето кое сега за сега одолева:X3:
 
текне - турцизам (корито)
бљуд - од старобугарски (блјуд')
маѓерие - турцизам
скемле - на бугарски е "стол без облегалка"
 
бљуд - на старобугарски "блјудо" и "блјуд'", од старобугарскиот во 11 век поминува во старорускиот и во други словенски јазици
маѓерие - на бугарски "магерница" е кујна, обично се користи како "манастирска магерница", многу често самиот збор "магерница" = "манастирска кујна", зборот е се грчко (погоре погрешно сум го напишал) потекло - не знам точно од кој збор
скемле - турзицам, има го и во бугарскиот "стол без облегалка", iskemle (турски) = стол
ORTA%20BOY%20%C4%B0SKEMLE.jpg
 
бљуд - на старобугарски "блјудо" и "блјуд'", од старобугарскиот во 11 век поминува во старорускиот и во други словенски јазици

Ме интересира референцата за ваквото тврдење?
 
Цицељ = многу солено јадење
Поте = метален сад во кое се вари млеко
С'м'л'к = штала со плоча, горе се чува слама и сено, а доле се животните
Пипојн = диња
Штавале = зеле (растение слично на спанаќ)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom