Ме интересира вашето мислење за изразот кој често го употребуваме: "чуден е" / ‘‘чудна е‘‘. Дали со тоа се мисли дека човекот е глупав, дали е тоа поради начинот на облекување, дали е според однесувањето, или?
„Чуден” за нешто што се разликува од нормалното, нешто кое тешко се опишува, кое не може да го сфатиме итн.
За секој пример е различно, зависи во која ситуација е употребен зборот.
обично викам дека некој/а е чиден ако неговото мислење е поинаку и погрешно од останатите, иако греши тој сепак е убеден во своето мислење. чуден е оној кој е поразличен од останатите. тоа не значи декае глуп туку дека е поразличен само, а со тоа и чуден.
Чуден/Чудна во никој случај не би ми асоцирало со глуп/глупа далеку од тоа.Најверојатно би помислил дека чудно или чудна е доколку има необично однесување,движење,зборување итн.Облеката ми нема никакvo значење пошто денес во модава не се знае кој пие кој јаде
Според моите ”филозофски” размислувања чуден/чудна е некој/а кој стрчи од заедницата. Некако сите негови размислувања, постапки се различни од другите. Убеден е дека може да турни ѕид со глава.
Чуден е секој оној што ќе предизвика запрепастена гримаса и чувство на збунетост кај мене со некоја негова постапка, или со самата негова појава.
Иако често за „нечудни“ нешта го употребувам тој термин...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.