Гогото напиша:
:star: ....Алката што недостасува...
Оваа реченица се користеше до крајот на осумдесетите се додека проучувањето на потеклото на човекот главно се базираше на археолошки остатоци. Денес со методите на молекуларната биологија работите стануваат многу појасни. Проблемот е што и голем дел од образовниот кадар е застанат до осумдесетите години и тоа е она што знаат да го пренесат натаму.
Хомоидните фосилни остатоци од Африка датираат некаде пред околу 4 милиони години во раниот Плиоцен (геолошка епоха во периодот од пред 5.3-1.8 милиони години) од претставници на родот Australopithecus од Етиопија и Танзанија. Homo erectus се појавува пред околу 1 милион години во Плеистоценот (геолошка епоха која го опфаќа периодот од пред 1.8 до 0.8 милиони години), со што и за првпат започнува развој на новиот род во кој спаѓа и нашиот вид. Има некои мислења дека имало уште еден вид Homo heidelbergensis, потомок на Homo erectus од кого подоцна се појавиле Homo sapiens и Homo neanderthalensis (види во Stringer, 2002). Анатомски модерниот човек Homo sapiens sapiens, почнува да се појавува пред околу 120 000 - 100 000 години и коегзистирал со Неандерталците кои подоцна исчезнуваат пред околу 30 000 години.
Деградационите процеси на фосилите навистина поставуваат лимити но има успешни обиди на екстракција на ДНК од коски стари 50 000 години. Уште неколку екстракции на ДНК од коски од Неандрталци стари помеѓу 30 000 и 100 000 години, чисто покажуваа разлики во секвенците од мтДНК од човекот и шимпанзите. Околу 3 пати од просечната разлика најдена помеѓу различни луѓе и околу половина од просечната разлика најдена помеѓу луѓе и модерни шимпанзи. (види во Krings et al., 1997). Овие податоци, иако многу лимитирани укажуваат дека Неандрталецот кога исчезнал многу малку или воопшто не придонел (не учествувал) во развојот на модерните луѓе, и дека најверојатно се разделиле како посебни видови пред околу 500 000 години.
Модерните ДНК популациони студии јасно го дефинираа потеклото на модерните луѓе од Африканските популации (види Excoffier, 2002 и Templeton, 2002). Овој модел предлага дека модерните човекови популации потекнуваат од мала Африканска популација која постепено го колонизирала целиот свет, истиснувајчи ја постепено предходната хомоидна популација. (пред околу 100 000 до 150 000 години, времето кога и модерните анатомски карактеристики кај луѓето се за првпат забележани) Овој модел е базиран на хаплотипска варијација во човековата мтДНА. На овој начин може да се следи потеклото на некоја индивидуа. Анализите покажуваат дека првите генерации на денешниве луѓе егзистирале пред околу 100 000 - 150 000 години или од тогаш поминале околу 5000 до 7000 генерации.
Овој модел е многу контраверзен поради постоењето на Homo erectus за кој знаеме дека се исселил од Африка пред околу 1 милион години. Затоа некои еволуционисти предлагфаат модел на мултирегионална еволуција, според кој повеќе еволутивни хомоидни групации независно еволуирале на неколку континенти од предходно расселените популации на Homo erectus. Иако се потврдува дека африканските популации се доминантни во потеклото на модерниот човек сепак Templenton (2002) сугерира дека е можно неколку кратно исселување на поголеми популации од Африка. (види Excoffier, 2002 за повеќе модели).
Некои модерни студии исто така покажуваат дека генетската разноликост помеќу луѓето е многу мала за разлика од другите видови. Stead и Jeffreys, 2002 базирајќи се на инсулинските минисателити, укажуваат на постоење на вкупно 22 линии на модерни популации.