Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Кога сме млади не ни размислуваме на оваа тема. Дури не ни одиме не тие несакани погреби.Но како што старееме се почесто одиме на погреби (отколку на свадби).Тоа е и таков е животот.Но веќе кога се десило ЧОВЕКОТ ПОЧИНАЛ (или загинал,или е утепан-во последно време и ова)треба да се размислува и каде ќе се изврши закопот,оти жив човек можеш да видиш на улица ама за мртов тоа не важи,мора да оди под земја,зошто кај нас друга алтернатива и нема засега.
Јас на прва умирачка т.с. погреб се сеќавам на дедоми,година-две по земјотресот.Но се сеќавам само на „пеењето“ во грквата Св-Димитрија (таму во близина и живеевме)но на погребот не,сигурно и не сум бил на гробиштата.Старите скопски гробишта Бутел.Таму е тој се уште,дедо ми. И другиот дедо е таму,малку погоре. Не спомнувам баби затоа што не сум ги затекнал а и тие се таму. Потоа починаа и мојте родители на „пристојна возраст“- веќе и они беа и баба и дедо на мојте деца. Тогаш и не го поставив прашањето каде за погреб-на кое место,нов ли гроб,и слично.Тие мојте родители редовно си го одржаваа гробот од нивните родители-мој предци.А што би значело дека се тие и наредни нивни почивалишта.Така и направивме.Коските од староседелците во едно вреќуле ги собраа гробарите и ги ставија до сандакот на мојте родители. И сега таму почиваат 10-ита години.
Јас сега продолжив да го одржавам ова гробно место на мојата фамилија. Таму веројатно и мене „наскоро’ ќе ме однесат,како што е редот,и така треба да биде прво родителите,нечини другачије.
---------------------------------------
Но има и други разни случаеви за избор на вечниот дом. Ако тоа за живота не го напишал или кажал веќе починатиот. Се случува и некој да почине во странство,тогаш најчесто тој се донесува тука кај што живеел да се погребе во својата земја - татковина. Тоа им било желба и на големите револуционери. Или од поновата историја имаше многу загинато на „Сремскиот Фронт“ и повеќето се „вратија“ овдека - но многумина останаа таму по славонските полиња.Како што многумина има и овдека туѓи на пр. во Скопје има Англиски и Француски гробишта.
И прашањето за денес: ЧОВЕКОТ ПОЧИНА, каде во вечниот дом.
Дали треба како во дадениот мој прв пример,или некако другачије.
Дали треба во својата земја,своето место на живеење,местото на раѓање или некое друго место да се одбере за вечниот дом на починатиот,што вие мислите.
Каде се вашите гробишта.