Читате ли списанија?

  • Креатор на темата Креатор на темата draganask
  • Време на започнување Време на започнување

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Возраст
39
Не наидов на ваква тема па мислам дека е интересно да се продискутира на оваа тема. Имате ли ритуал на купување на одредени списанија или дневни весници? Сега повеќето дневни весници може да ги листаме на интернет, но сепак дел од нас имаат навика за купување на истите. Списанија има еден куп, претежно за мода и убавина, но и за уредување на домот, за политика, трач муабети и што се не.

Јас лично дневни весници не купувам, ептен ако треба да видам некој конкурс и слично, од месечните купувам Убавина&Здравје и Unique, интересно ми е да пролистам низ нив по некоја статија на која е посветено списанието тој месец, предлози за модни детали и некои ситници, воглавно ги читам од почеток до крај. Единствено не ме привлекуваат трач магазините од типот на Свет, Крема и слични... Предложете и некои добри списанија што вреди да се купуваат. :smir:
 
Во последно време редовно купувам ReFoto месечник за фотографија од Србија. 100-130 страни посветени на фотографијата за 250 денари што е сосема ОК. Најчесто го читам кога патувам некаде. На онлајн изданието има само мал дел од информациите а и не ми е лезет да читам на мониторот на мојот десктоп.

Едно време читав Life магазин. Македонски месечник, мислам дека беше 100 денари, не сум сигурен. Еден навистина урбан магазин. Го купував од бројот во кој објавија моја фотографија и наредните 5-6.

CKM и FHM српските изданија ги читам кога патувам некаде со воз, таман во еден правец прочитувам 80% од списанието и за на враќање уште остатокот :)

Дневните весници кои излегуваат во Скопје ги прелистувам кога правам клипинг за институцијата во која работам. За моите родители купувам Вест поради додатоците, а јас за мене купувам Нова Македонија понекогаш.

Препорачаното списание е подвлечено :)
 
Читав Life magazin кога пишував таму.
Потоа, почнав да ги купувам секој ден сите дневни весници, заради колумните, статиите, анализите, а најмногу се заразив со оваа пасија на факултет. Кога по цели денови читаш се` и сешто од светски и домашни вести, полудуваш, но добриот резултат е што учиш да селектираш.
Од специјализираните магазини, читам Pointer, но бидејќи нема кај нас печатено издание, само со интернетското се поминува.
Политичкиот неделник Глобус, ми е на маса за читање длабински анализи и интервјуа.
 
Тин шема, Таа, и незнам уште некои модни списанија, не дека читам, гледам само девојки, слики... читам наслови... тоа трае 60тина секунди, и после продолжувам да си пијам кафе или цигара у кафичот мој.
 
Порано читав се и сешто додека не сфатив дека тоа темпо на читање ќе ме спобудали. Ете, Новинарка мора да чита оти тоа и е работата, а јас сега читам само на Интернет и кога имам време. Не купувам весници и списанија, освен кога одам на подолго патување па знам дека ќе се додевам без да читам. Кога купувам, сакам да читам Здравје и убавина. Одвреме навреме читам Reader's Digest. Порано многу читав Мое бебе и CASA.
А, ќе заборавев. Купувам и читам локален весник. Понекогаш пишувам колумни во него.
 
Кога станува збор за дневни весници, читам замо за спорт и тоа ако татко ми не заборави да купи(а прилично секогаш гледа да си има купено). Но, со оглед на тоа што кај нас информациите и не се баш на некое високо ниво не обрнувам многу внимание. Редовно и секој број ги купувам Убавина&Здравје и Unique. Попатно и Теа шема и Теа модерна, затоа што се во склоп на дневните весници.
 
Порано, со сестра ми додека одевме во школо, па додека бевме на факултет читавме списанија. Сеедно дали беа неделни или месечни уредно си ги купувавме и си ги читавме. Иако имаме интернет доста време, немавме навика да читаме списанија на нет. Ама, во последниве неколку години, купуваме само дневни весници (Дневник, заради огласникот во вторник :pos: и Нова Македонија традиција :toe:), многу ретко некое неделно или месечно списание. Мислам дека со развојот на технологијата, списанијата нудат многу помалку. Можеби и не сум во право, ама тоа е мое мислење :toe:
 
Порано да,сега никако,си наоѓам на интернет ако сакам да читнам нешто
 
Од министерствово за одбрана еднаш месечно излегуе списанито "ШТИТ" 50че е тоа си го земам редовно..има шо да се види
 
ако сум у воз, автобус или било шо а треба да патувам на долга дестинација ил нешш слично и до мене има некој шо чита, од ко ке го прочита ке го питам дали може да го разгледам а да купувам, немам навика...
 
Кога ке наидам на списание за компјутери зимам го да читнам нешто, ама поретко разгледувам низ трафиките шо има, немам навика да купувам списанија.Едно време зимаах го ЕНТЕР ама има ногу реклами и се глеа дека е комерцијално списание, така да престанах да го читам.
 
Лав-компјутерс, да ти го препорачам Клик. Исто македонско, ама многу поквалитетно, без премногу реклами.
 
Јас си зимам Вест (поради средишната страница) и Утрински (поради Хогар Страшниот).
Имаат и секундарна функција - ги користам кога ќе снемам тоалетна хартија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom