Читање книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan14
  • Време на започнување Време на започнување
Ја читам книгата МОБИЛЕН од Стивен Кинг и е многу интереста!Ви предложувам да ја прочитате.
 
И јас ги сакам таквите книги, Хари Потер..ух тоа е нешто прекрасно. Сепак не читам многу такви книги, повеќе сум за гледање на такви филмови/емисии.

Читам руски бестлеери (незнам дали точно го напишав), семејни романи, после оние епови „Илијада“, „Хомер“..итн. Само љубовни не сакам воопшто да читам. Глупави се. И бесмислени. И нема што да се научи од нив.
 
Не сум по книгите...но еднаш ја прочитав книгата од албанскиот писател Исмаил Кадаре Палатата на соништата и верувале или не до ден денес ја имам повеќе пати прочитано истата...никако не ми е здодевна туку баш спротивно поинтересна...исто така сакам да ја набавм сега од истио автор и неговото друго најпознато дело Генерал на мртвата војска..едноставно книгата ми е интересна ако некој ја има прочиттано нека каже или барем ако има некој што го интересира па да споделиме мислења.Поздрав :)
 
Сакам во слободно време да читам.Моментално ја читам Девојката со Тетоважа на Змеј,супер е :)
 
И јас ги сакам таквите книги, Хари Потер..ух тоа е нешто прекрасно. Сепак не читам многу такви книги, повеќе сум за гледање на такви филмови/емисии.

Читам руски бестлеери (незнам дали точно го напишав), семејни романи, после оние епови „Илијада“, „Хомер“..итн. Само љубовни не сакам воопшто да читам. Глупави се. И бесмислени. И нема што да се научи од нив.

Имаме слична љубов кон книгите, Хари Потер деловите ги читав сите но секако повеќе сакав да ги гледам филмовите. И не сум по тие книги, највеќе сакам трилери и детективски романи. Еповите „Илијада“ и „Одисеја“ ми се омилени книги од средно. А љубовни? :pos: СЕ зезаш? Не доаѓа во обзир. :)
 
Супер е да се прочита некоја книга..добра е “Виделина“ - Томе Момировски, исто така многу сакам да читам драми, една од омилените ми е Печалбари од Антон Панов..
 
Дали знаете каде во Скопје може да се купи светилка на батерии која се прикачува на книгата? Еве на линкот поточно за што зборувам... (било што слично, не мора истата)

http://www.amazon.com/gp/product/193500932X/ref=ox_sc_act_title_1?ie=UTF8&m=ATVPDKIKX0DER

Можеби е малку off topic прашањево, ама не успеав да најдам друга тема за ова.
 
Читам криминалистички книги од типот на Агата Кристи, Иначе таа Ерагон што ја викате го имам гледано филмот и многу ми е детски.
Иначе последни што ги читав беа овие од Петре М. Андреевски што ги продаваа преку весников да не му праам реклама. И солидни приказни беа.
brat se slozuvam so tebe toa se knigi za deca :drk: ... i jas citam t.e. pocnav da citam kriminalisticki knigi si ja kupiv bratstvoto na ruzata od dejvid morel a pred toa citav psihologija
 
Ја читам книгата МОБИЛЕН од Стивен Кинг и е многу интереста!Ви предложувам да ја прочитате.
Кои други книги од Стивен Кинг се преведени на македонски и кај може да ги најдам ?
 
Кои други книги од Стивен Кинг се преведени на македонски и кај може да ги најдам ?

Мислам дека само таа ја имаат преведено на македонски од него. Иначе јас во моментов го читам серијалот Dark Tower (Мрачна Кула) од Стивен Кинг, на српски јазик е преведена. Се состои од 7 книги.
 
Кога станува збор за книги, кај мене тоа е прво на листата на "омилени работи". Се чувствувам прекрасно кога читам книги, преку нив можеш да влезеш во сосема поинаков свет и барем за миг да се почувствуваш како да не припаѓаш тука.
А, кога се работи за "типови" на книги сакам да читам нешто од како "Мојата најдобра пријателка", "Алиби", Марфи, "Џејн Ер", "Еднаш во животот".
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 23:03 ---
Кога станува збор за книги, кај мене тоа е прво на листата на "омилени работи". Се чувствувам прекрасно кога читам книги, преку нив можеш да влезеш во сосема поинаков свет и барем за миг да се почувствуваш како да не припаѓаш тука.
А, кога се работи за "типови" на книги сакам да читам нешто од како "Мојата најдобра пријателка", "Алиби", Марфи, "Џејн Ер", "Еднаш во животот".
 
Луѓе не знам дали за тука е прашањето,ама го пребарував цел форум и не знаев каде да го поставам-дали имате линкови за е-книги на македонски или српски?Ако нема таква тема,јас барав и не најдов,би било добро да се отвори истата.Ви благодарам многу.
 
Еве ти :D
http://forum.kajgana.com/threads/Електронски-книги.769/
 
искрено скам да читам , затоа носам диоптер -4 сега:вонзем:-Еве сум јас!Иначе и јас сакам нешто во стил Хари Потер , и романтични комедии , како писатели би ги издвоила Џ.К.Раулинг и Александра Потер!:vozbud:Јухи јухи ееј , ах и заборавив , пишувам моја книга , стасан сум до 40 страна ама ме мрзи да продолжамм:гомце:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom