Г
Гучи
Гостин
Повеќе од десет минувачи го игнорирале двегодишното девојче кое лежело повредено на улица во јужниот дел на Кина откако претходно било удрено од две возила.
Инцидентот предизвика гневни коментари на луѓето на интернет страницата на популарната општествена мрежа „Веибо“.
Камерите за набљудување на сообраќајот покажаа како голем број пешачи кои миувале покрај повреденото девојче Јуе Јуе, кое прво била удрена од едно комбе а потоа и од камион. Инцидентот се случил пред семејната продавница на нејзините родители во градот Фошан.
Помош на девојчето му пружил чистачот на улици, кој ја пренел на тротоар, а потоа ја пронашол мајката на Јуе. Луѓето од околните продавници го игнорирале повреденото девојче.
Девојчето е хоспитализирано, и се наоѓа во кома, а според лекарите мали се шансите таа да преживе.
- Ова општество е сериозно болно. Дури и кон кучињата и мачките не би требало да се однесуваме така бездушно, напиша еден од корисниците на „Веибо“.
Според други, реакцијата на минувачите ја поврзуваат со претходен случај кога еден човек се обидел да и помогне на постара жена која паднала. Тој потоа бил кривично гонет бидејќи ги прекршил државните правила за тоа како треба луѓето да се однесуваат со жртвите при несреќи.
Полицијaта ги уапси возачите на двете возила вмешани во сообраќајната несреќа.
http://www.youtube.com/watch?v=wo0_Yup17yc&feature=player_embedded#!
Превземено од 24 вести.