што ќе кажете за количево?
-Не не,пред да кажете било што да го погледнеме ценовникот во македонија
1.6 base 12.600
1.6 LS 13.900
1.6 LS Plus 14.750
1.8 LS 14.600
1.8 LS Plus 15.450
1.8 LT 16.550
2.0 base 15.400
2.0 LS 16.420
2.0 LT 19.020
-цените се во евра:helou:
Новиот дизајнерски јазик наГМ представен во компактниот седан ·Cupé со 4 врати
·Очекувани високи оценки на Euro NCAP crush тестот
·Хармонична внатрешност со изглед на двојна кабина
·Лидер во својата класа во поглед на просторноста, особено на задните седишта
·2.0 литарски турбо дизел – троши само 5.6 литри на 100 изминати километри
Надворешен дизајн
Дизајнерскиот тим во Кореа, во соработка со колеги од Германија, САД и Австралија имаше за задача да создаде сосема нов компактен седан кој ќе му даде нова енергија на брендот Chevrolet.
Главна карактеристика кај надворешниот изглед на новиот Cruze е линијата на покривот која нагло се спушта од почетокот на ветробранското стакло кон задниот дел. Во комбинација и со релативно краткиот завршеток на задниот дел се формира карактеристичен изглед на четиривратно Cupé – за прв пат во рамките на овој сегмент.
На предницата се истакнува предната решетка во која е интегрирано логото на Chevrolet, од страните се поставени предните светла изработени со ефекти на дијамант, благо закосени и навлегуваат во предните крила.
Грациозниот изглед е поддржан и со конкуретниот 0,31 коефициент на аеродинамичност, како и со вградените детали кои можат да се најдат единствено кај модели кои чинат многу повеќе.
-Ќе биде ли ова bestbuy во МК?
-да не дојде до забуни,не работам во автокуќа,или аутомакедонија:helou: