Честит Свети Климент Охридски чудотворец

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
702
Возраст
39
Прославата на празникот на патронот на Македонската православна црква, Свети Климент Охридскиот чудотворец, започна со свеченост во Македонската православна богословија, која го носи името на овој голем македонски светител.


Свети Климент Охридски е заштитник на Соборниот храм во Скопје. Тој е првиот македонски духовник, учител и книжевник.
Неговата дејност била цврсто поврзана со вистинското сестрано христијанизирање на Македонците и со основање и организирање на првата македонска епископија во Охрид и областа Кутмичевица.

Празникот на големиот христијански светител се одбележува со богата програма, која започна утринава со Света архиерејска литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Свети Климент Охридски е ученик на Светите Методиј и Кирил. Во охридскиот крај прво основа манастир во Белица, местото на првото епископско седиште. Во Охрид разви голема просветителска дејност. Имаше голем број ученици кои што ги препишуваа книгите со словенски букви.

Почина во Охрид, во 916 година. Неговите мошти, за кои се верува дека се чудотворни почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој што подоцна се нарече по Свети Климент.

Денот на Свети Климент Охридски, основач на Охридската архиепископија, основоположник на Охридската книжевна школа и творец на кириличното писмо, втора година по ред се празнува како државен празник.




За многу години нека е!
 
Честит Свети Климент Охридски до сите граѓани на Македонија бидејќи ни е државен празник!!!!
 
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДЕНОТ
 
честито нека е, за навек да го славиме:smir:
 
Нека ни е за многу години денов.
 
Нека ни е честит празникот, за многу години...
 
sreken praznik za site sto go slavat. za mnogu godini.
 
Среќен празник за тие на кои им е и именден и тие кои чекаат слава.
 
Честит Свети Климент Охридски за многу години нека е вечно да го славиме:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom