Честит Илинден!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За многу години празникот нека ни е празникот Македонци,да живее Македонија,МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА !!

 
Честит празник на сите Македонци, а посебно на оние кои се викаат Илија. ;)
 
ЗА МНОГУ ГОДИНИ, ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Честит празник на сите МАКЕДОНЦИ!!!ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА!!!!
 
Нека ни е вечен!! Да го славиме до крајот на светот!!

инаку 2 август е истиот датум кога Филип втори кај Херонеја во 338 година пред новата ера ги прегазил обединетите грчки племиња!
 
Почитувани Сограѓани и членови на Кајгана,приликава ја користам да ви го честитам Денот кога Македонците кренаа Востание против Турскиот Аскер,ја имавме крушевската република(далеку подобар устав од сегашниов:))ова е ДЕН кој ќе се ПАМТИ,Луѓе се жртвувале,некои се бореле до Смрт со цел цивилите да се евакуираат(аскерот Убивал СЕ-казнуел),МАКЕДОНЕЦОТ веќе не можел да ТРПИ Ропство!!!!!

Почит до Хероите,нека им е вечна Слава гинеле за НАС.исто и на борците против фашизмот и татарската Окупација. (и да земате Бг пасоши на оние кои не Окупираа Украдоа СЕ од Охрид ги убија 12-те деца и над 12 000 граѓани пратија во логор на смрт....како таквите ПЛУКААТ врз Македонските Револуционери кои гинеле ЗА НИВ!!!!..ццц немаат ЧЕСТ,СЕНС....продадени Гќзови)..

Иако Десет дена СЕПАК имало РЕПУБЛИКА!!!!


 
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН! и именденот на сите што слават. За мноооогу години празникот!Денеска е наш ден, ден на македонскиот народ. Жива и вечна Македонија и ние во неа ! Св. Илија е нашиот чувар .

ps.Иља ти го честитам именденот:smir:
 
За многу години нека ни е празникот!
 
Браќа и сестри,нека ни е честит празникот! За многу години! Македонија вечна!:oeoeoe:
Честит именден на сите што слават :)
 
Крушевски манифест

Браќа земљаци и мили комшии!Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош,... и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За “Афтономна Македонија”!

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Честит празник Македончишта!!!!!
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom