- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
So eden zbor - bravo!
Чешкиот претседател му даде целосна поддршка на Груевски во спорот со Грција, но порача дека интегрирањето во ЕУ може да ги зголеми нашите ниски даноци со кои сакаме да привлечеме инвестиции
Македонското уставно име ќе се брани и од прашкиот замок. На ова место, во својата резиденција, вчера чешкиот претседател Вацлав Клаус му дал директна, јасна и недвосмислена поддршка на Никола Груевски во спорот за името со Грција, на нивната средба на вториот ден од официјалната посета на премиерот на оваа земја.
- Поддршката на Чешка е јасна и таква ќе остане. Вашите позиции се исправни - му порачал Клаус на Груевски.
Тој ја коментирал и економската состојба на Македонија и рекол дека земјата добро се справила со светската криза, а дека особено му се допаѓала даночната политика. Познат како евроскептик, кој одвај го потпиша Лисабонскиот договор, Клаус порача и дека ако влеземе во ЕУ од Брисел ќе нé натераат да ги зголемиме даноците.
Груевски на Клаус му се заблагодарил за целосната поддршка и за името, и за ЕУ, и за НАТО, и за визната либерализација, и му порачал дека ако чешки фирми сакаат да инвестираат во Македонија, ќе им бидат обезбедени сите услови. Токму инвестирањето во Македонија беше главната тема на вчерашниот ден, бидејќи се одржа и македонско-чешки економски форум на кој освен премиерите Груевски и Јан Фишер присуствуваа и дваесетина бизнисмени од Македонија и шеесетина од Чешка, кои ги разгледуваа можностите за соработка, а се потпиша и договор за економска и за индустриска соработка.
- И се восхитуваме на чешката традиција, бидејќи оваа земја е една од првите посткомунистички држави што успеаја да станат развиени. Некои велат дека чешката стратегија за развој е добра како и чешкиот рецепт за пиво што го донеле имигрантите од овде кај нас во 1920-те години - рече Груевски на форумот.
Фишер нагласи дека за добри економски односи треба прво такви да бидат политичките, а тие меѓу Македонија и Чешка се на многу високо ниво.
Поддршка за сите аспекти од нашата меѓународна политика Груевски доби и од претседателите на чешкиот Сенат, Премисл Соботка, и на Домот на пратениците, Милослав Влчек, како и од пратеникот Јиржи Хавел. Но тоа што премиерот го сметаше за особено важно од оваа посета се контактите со чешкиот факултет за филмска режија, со кој вторпат преговара за да отвори свои студии во Охрид бидејќи, според него, тој е најдобриот во Европа и образувањето врвни режисери кај нас во иднина многу би придонело за афирмација на Македонија. Центарот би бил регионален и би го опфаќал целиот Балкан.
- Сепак, тоа не може веднаш да се случи. Ќе треба прво да одржиме неколку средби и да пратиме неколку студенти од Република Македонија да дојдат овде на постдипломски студии, за што ќе распишеме и конкурс за стипендии. Подоцна со помош на факултетот и на нашите студенти што ќе завршат тука да почнеме да го развиваме центарот. Очекуваме дека тоа ќе успее за три до четири години - нагласи Груевски.
Автор: Гоце Трпковски, наш известувач од Прага
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21110918172&id=9&setIzdanie=21907

![Gruevski[32].jpg](/proxy.php?image=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FUploads%2FNews%2FGruevski%5B32%5D.jpg&hash=07f6e68e369bb069d2dfe12f6dd2c6c0)