Челзи - Манчестер Јунајтед (Недела 17:00h)

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување

Дербито ќе заврши со:


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Таква најава се отвара во твојот фанклуб, а не во нова тема..... Треба да не биде пристрасна во нова тема:smir:

Не го читај делот под Мој тип реченицата и ќе биде непристрасно :)

Дерби е, никогаш не се знае кој сигурно ќе победи, кој сигурно нема, но според мое мислење, ќе гледаме војна на теренот и ќе падне или паднат случајни голови, од грешки најчесто.
Само судијата да се погоди непристрасен и добар, да не прави грешки како на Комјунити мечот па после да компензира.
 
Мое мислење поделба на бодовите и сите среќни и задоволни а најсреќни фановите на Ман Јун. :toe:
Челзи е во одлична форма,ама мислам дека на дерби натпревар не одлучува формата туку мотивацијата
 
На овај меч мислам дека Челзи ке биде победникот..Од кога дојде Анчелоти играат одлично и мислам дека и овај меч ке ги заокружат 3-те бода.:tv:
 
Анчелоти се покажа како еден од ретките(ако има и други воопшто)лекови за Фергусон, мислам дека ќе му го најде крајот и на оваа. Ако не за друго, дека дома игра Челзи.
 
Мислам дека челзи ке победи, но се е можно во премиер лигата..:sonce:

:pivo:
 
типував за победа на Челзи секако од една страна навивачки од друга страна и моменталната форма на 2 тима НО дерби натпревар е и се е можно.Не очекувам многу голови да паднат најмногу 2 гола ако победе некој од тимовите мислам дека ќе победе со 1 гол разлика а ако е нерешено најверојатно разултатот ќе е 0-0 или 1-1
 
Челзи ќе победи убедливо според мене најмалку со 2-3 гола разлика.
 
Анчелоти не отиде со најдобар состав против Атлетико, во Мадрид и сепак успеаа да освојат бод. Го демолираа Болтон минатото коло во ПЛ, и Анчелоти треба да биде многу среќен со тоа како неговиот тим игра.Годинава со Diamond формацијата му оди многу добро, за тоа покажува и скорот од 17:0 за последните четири натпревари во Премиер лигата.Оби Микел,Џо Кол и Малуда дефинитивно се спремни за овој наптервар а неизвесен е само Босингва.
Е затоа нејќам да ми пишува за Челзи некој шо баш и не го гледал стално. Најмалку три натпревари сезонава беа со „елка“ - формација, шо ни приближно не е дијамант. Во последните четири натпревари во Премиер Лигата, Челзи има 3 победи и 1 пораз, со 12-2 гол-разлика.
Ако некој вистински гледал, ќе знае дека Челзи реално е на максимум 2/3 од тоа што може и што треба да биде. За која црна „таква форма“ зборуваме, за што по ѓаволите Анчелоти треба да е „многу среќен“? Да не доминира можеби Челзи? Ама ако, веројатно притисокот кој вообичаено го наметнува Фергусон (а од кој мене ми е невидено многу здосадено) го гледаш и ти. :toe:
Оби Микел самиот вели оти е опоравен, ќе биде тестиран дали стварно е спремен. Жирков не ќе да е, Босингва можно е да оди на операција, па не да игра. Џо Кол е одамна опоравен, само не е целосно влезен во форма и потребна кондиција, Малуда не ми текнува да бил повреден.
Апсолутно се согласувам дека важноста на натпреварите е далеку поразлична, ама како и да е, Евра и Гигс шутираат школски, пенали за пример. :icon_mrgr

Секако дека Челзи ќе победи. Во одлична форма сме, на последните 5 натпревари имаме гол разлика 19-2, така да очекувам сигурна победа. Манчестер Јунајтед не импресионира, победува во Премиер лигата, но играта им е далеку од она што треба да биде. Така да, типувам за победа на Челзи, и од навивачки аспект, и од реален.
Абе аман, само јас го гледам Челзи малку повнимателно? Ствано не гледам, во шо тоа Челзи е пред Манчестер Јунајтед во моментов? Само со двата бода на табелата, и подобра реализација на шансите.

клучно како есиен и балак ќе ја ``убијат`` играта на манчестер ако тоа помине победникот е решен.
2-1 за челзи
Овај дел од мислењево на огледало е и мое конкретно мислење.

Само судијата да се погоди непристрасен и добар, да не прави грешки како на Комјунити мечот па после да компензира.
Ако му верувам на Дејли Меил, Аткинсон е назначен, а тоа значи...Until we score! :icon_mrgr
j.jpg
 
Абе аман, само јас го гледам Челзи малку повнимателно? Ствано не гледам, во шо тоа Челзи е пред Манчестер Јунајтед во моментов? Само со двата бода на табелата, и подобра реализација на шансите.

:) Според ова што го кажа и не ги гледаш толку внимателно. Види ги последните натпревари на Челзи, види ги последните на Манчестер. Како што одминува времето и како што фудбалерите повеќе се прилагодуваат на новиот систем, Челзи игра многу доминантно. Дрогба е во фантастична форма.
Манчестер ги добива натпреварите ама се мачи, нема играч за кој би рекол дека се наоѓа во добра форма, напротив, има играчи за кои може да се каже дека се во доста лоша форма. Како Фердинанд на пример.

Еве и да не сум јас во право, туку ти да си во право. Викаш само два бода бегаме и имаме подобра реализација. И да е само тоа, што не се слагам. Малку ли е? Уште ни една третина не се одиграла од првенството, нема вајда десет бода да му бегаме на шампионот.
 
Мислим дека смо у подобра форма од Манчестер и плус имамо предност што играмо на домашен терен..
Очекувам сигурна победа :helou::helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom