Ова ти е прав Едгар Алан По начин на прифаќање на нештата, на животот во целина. Тука не мора да се работи за депресија, пред се е поинаков начин на перцепција и доста зависи од моменталната психичка состојба, може да биде меланхолија, да сакаш пак да бидеш дете и да уживаш во животот така како што знаат само децата, моментална разочараност итн. Во такви моменти, ако имаш писателски аспирации се раѓаат најголемите идеи, додека во моменти на комплетна среќа неможете да завршите една обична задача.
Да се вратиме на чекањето, факт е дека добар дел од животот ни поминува во чекање, не знам колку од вас имаат обврски (како работа, факс.) ама добар дел чекање доаѓа оттаму. Неможеш да работиш (чекањето може да биде составен дел од раб.) или чекаш ред во банка и да пееш или играш оро или замислуваш како водиш љубов, оти ќе леташ како партал оттаму, освен ако не си пеач или играорец или перверзњак. Чекањето е составен дел од животот сакале ние или не, вака требало ФЛИКС да ја отвориш темата, од таа перспектива, без да ти префрлаат за тоа, како си депресивен. :raz: