miki002
Фејл гејмер
- Член од
- 18 февруари 2010
- Мислења
- 369
- Поени од реакции
- 269
Сигурно сте слушнале за CHDK - хакиран софтвер за Canon дигиталните камери. Она што тој софтвер ни овозможува е да имаме поголема контрола на камерата - односно функции кои фабрички не се достапни на тој модел - бесплатно. RAW - зачувување на слики во дигитален негатив формат, AEB - Auto Exposure Bracketing, Timelapse и многу други модови на фотографирање. Ова е посебен фирмвер кој не прави трајни промени на камерата, се вчитува од мемориската картичка (рачно или автоматски), а фабричкиот софтвер не трпи промени и си останува како што е.
Покрај сите овие можности што ги нуди CHDK, јас сепак некако немам храброст да го испробам на мојот фотоапарат. Па би сакал да ја прашам Кајгана заедницата дали некој има искуства со овој софтвер. Многу сме близу до испробување на можностите на оваа алатка, само другар ми треба да го најде полначот за батеријата на неговиот Canon IXUS II (3Mp, 2x оптички зум) - генерално прежален фотоапарат, па доколку успееме во нешто ќе биде споделено на оваа тема.