ЧДА, Еми Грнева - Фраерка - помлада верзија на Гулабица :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
За детево претерувате со реметот . Не е смешно . Колку и да е лош спотот ,јавно ругање и исмејување на дете во пред пубертетска или пубертетска возраст по форуми, социјални мрежи, јутуб не е ок !
Тоа требало да го мислат нејзините родители. Не оправдувам ремет кон дете на таа возраст, ама има ли бре мајка и татко кои ќе и кажат дека ова што е направено не чини. Па не може секоја желба да се исполнува. Треба да се каже стоп на вакви глупердски барања. Можам да замислам па нејзините какви се, чим и дозволиле вакво нешто идиотско да снима нивната ќерка. Арно викам јас, секој не треба да биде родител на денешницата...
 
ова се родители што пателе или се уште патат, сеедно, од комплекс на инфериорност и сега децата ги форсираат за да не одат по истиот пат како нив.

Порано во основно сите се препиравме кој што спорт тренира и кој освоил највеќе медали, успеси. Детево како што тргнало ќе се препира за ешерихија коли, трипер, кандида...
 
Многу корисна тема, има многу да се научи, си ги решивме нашите проблеми па ајде на другите.

И која е целта на дискусијава на темава?

според коментариве јас вака заклучив

- родителите се изроди
- родителите се искомплексирани
- не треба секој да биде родител (треба да ги прашаме прво безгрешните членови на кајгана за одобрување)
- девојче од 13 години што ја утнало песната е "простатлук"
- девојчето требало да биде абортирано
- криви и се нозете
- девојчето ќе стане курва
...

Секоја чест, го доправме дното
 
Тоа требало да го мислат нејзините родители. Не оправдувам ремет кон дете на таа возраст, ама има ли бре мајка и татко кои ќе и кажат дека ова што е направено не чини. Па не може секоја желба да се исполнува. Треба да се каже стоп на вакви глупердски барања. Можам да замислам па нејзините какви се, чим и дозволиле вакво нешто идиотско да снима нивната ќерка. Арно викам јас, секој не треба да биде родител на денешницата...

Имаш и ти право дека е грешка и на родителите кои сакале да го исфорсираат детето, а всушност го унаказиле со спотот па сега е предмет на јавен мајтап девојчето . Незнам како од понеделник ова девојче ќе тргне у школо ...
 
Оваа е греота зашо е малолетна, а Веселинова сигурна сум дека има приложено извод од матично за да ви потврди дека има 18 па да може да ја реметите со чиста совест.
:гомце:

Огромна е разликата меѓу Веселинова и оваа.
Веселинова е психолошки случај. За оваа ништо не знаеме сеуште.

Во многу наврати не сум се сложувал со неколку членови тука, но за ова итекако сум на нивна страна.

Песнава како песна по мелодија е слична на оние што некој погоре ги спомна (златно славејче/СиДо/итн...) Аматерска изведба, јбг доаѓаме во време каде интернет комуникацијата дозволува многу. Дури некогаш и премногу.

Да исмеваш дете кое си експериментира во интернет просторот е крајно невкусно. Магде барем ти како човек од струката индиректно знаеш што значи некој кога ќе те исмева во детството и какви реперкусии може да следат и да те изградат подоцна како личност. Можеби детево и нема појма дека постои форум каде надолго и нашироко му се ругаат... Но замисли да имаше. А и зошто да му отвараме можности да дознае?

Родителите во денешно време треба да се запрашаат итекако за тоа каде го усмеруваат своето дете. Но тоа не ни дава нам право да ги судиме. Сепак ние сеуште не сме дошле до скалата на родителството (повеќето тука), така да немаме право на осуда.
 
Грујо бе, види што ти прават со споменициве.

Инаку мало е девојчево, ќе сфати шо направила кога ќе порасне.
 
На што и одговара таа сината марама? :eek:
Значи пертераа со тие зебрестите хеланки. Па и фраерка била :pos::tapp:
Врвот е 1:20 кога на шмизлите и вика фраерка сум бегајте :pos:
Ако ја подржат од дома оваа и албум ќе сними со сите споменици. :LOL:
 
Огромна е разликата меѓу Веселинова и оваа.
Веселинова е психолошки случај. За оваа ништо не знаеме сеуште.

Во многу наврати не сум се сложувал со неколку членови тука, но за ова итекако сум на нивна страна.

Песнава како песна по мелодија е слична на оние што некој погоре ги спомна (златно славејче/СиДо/итн...) Аматерска изведба, јбг доаѓаме во време каде интернет комуникацијата дозволува многу. Дури некогаш и премногу.

Да исмеваш дете кое си експериментира во интернет просторот е крајно невкусно. Магде барем ти како човек од струката индиректно знаеш што значи некој кога ќе те исмева во детството и какви реперкусии може да следат и да те изградат подоцна како личност. Можеби детево и нема појма дека постои форум каде надолго и нашироко му се ругаат... Но замисли да имаше. А и зошто да му отвараме можности да дознае?

Родителите во денешно време треба да се запрашаат итекако за тоа каде го усмеруваат своето дете. Но тоа не ни дава нам право да ги судиме. Сепак ние сеуште не сме дошле до скалата на родителството (повеќето тука), така да немаме право на осуда.

Значи ако некој е “психолошки случај“ нас ни е дозволено да си играме мајтап со него?
Oh, wow, не сум знаела дека така функционираат работите во светот.
Однак ајде да се собереме цел форум и да одиме во Бардовци или горе на клиника и да ги дупчиме тие шо се таму, да ги заебаваме и реметиме... Они се психолошки случаеви а богами и психијатриски.... Лудо и незаборавно ќе си поминеме.
Или може за девојчево да донираме пари, да и пратиме психолог или психијатар па откако ЌЕ ДОЗНАЕМЕ НЕШТО ЗА НЕА ќе ја реметиме тогаш...
И да не ги заборавиме децата со Даунов синдром, нив највеќе им треба ремет :vozbud:

Не знам зошто имаш ваков чуден став Саладин, ама чуден е. Нема логика.

Не е Веселинова единствена што е реметена, стар член би требало да си запознаен со Агора (кој во рл беше во Бардовци - така да претпоставувам реметот е одобрен во случајов ха ха), и ред други дечишта со кои сме се надмудрувале и сме им кажувале дека нешо не е океј со нив зашто имаат чуден став или пишуваат латиница.

Не се согласувам со целиот муабет за златно славејче и бла бла пошто тоа се фестивали и се очекува деца да пеат, океј е, во случајов девојчево најмило луѓе (родителите нејзини) да ја снимаат на СРЕД ПЛОШТАД, да не го спомнувам текстот колку е фраерски и ја пуштиле на нет. Не е ни приблично слична ситуацијата.

Да исмеваш дете кое си експериментира во интернет просторот е крајно невкусно
Really? Really? Really?

Го познаваш интернетот? Си бил некогаш на јутуб?
Си ги видел коментарите на интернет воопшто? Или ова го велиш зашто она е мало НОРМАЛНО детенце па треба да бидеме океј со тоа што пее фраерска песна?
Саладин, те молам. Кога ќе те видам дека киснеш на јутуб или кгн и браниш се живо и диво кое е исмејувано или осудувано - ќе те сфатам озбилно, а во моментов ти нема логика и смисла муабетов

И зошто мора во секоја дискусија во која учествувам да се спомува мојата струка - не ми е јасно, јас не арадирам со вашите дипломи
 
Ех сеа и ти...

Кога веќе компарираме членови и Агора има разлика со Веселинова која не само што има 20тина години туку и си го објавува јавно својот живот. Под објавува сметам дури и на најексплицитните и најдегутантните за било кого друг, искуства од секс преку лезбејство до силување итн. Да не зборам за тоа колку пати и` е трубено над глава дека тропа глупости ПРЕД да го јаде асално реметот, колку јузери има сменето и пак се има изложувано по нејзина вина и пак и` се има трубено и пак го има јадено реметот после тоа. Згора на тоа таа не е во институција.
Агора се сеќавам отприлике зошто го тролаа, меѓу другото затоа што вадеше од џеб некои несфатливи за нас теории. Башка Агора колку години има(л)?
Девојчево е непознато, но со ова што го има направено на интернет е ништо во споредба со погоре споментатите. Не треба ни да се споредува, камоли да се споменуваат абортуси за кои ни во двата случаи не ги оправдувам и ги сфаќам како поими на ширење на анимозитет.
Јас те разбирам за психлолошките случаи, но за нив треба да се погрижат луѓе стручни на тоа, а не ние на форумот да го дробиме да извршат самоубиство. За последниот случај воопшто не ни треба да судиме, поради тоа што нит го знаеме детето, а особено и самото што е - дете.

Патем зошто да бидеме еве ние во таа багра на Јутјуб и да се поистоветуваме со таквите коментари?
 
Ај сега малце поозбилно,

Текстот на песнава е ептен тапа напишан, без врска
Музиката е така-така
Спотот е нешто најкатастрофално нешто што сум го видел, посебно делот кога девојчено се шмизла пред шмизлине... :LOL:
За танцувањено, па типично за едно 13 годишно девојче, само ме чуди од каде го извади танцов
d8e1617a01d099afa7791538187acaa7.gif

Како да глуми во некој филм со зомбиња...дефинитивно нешто најдобро во тие 3 минути од видеото, вчера се смеев сам како будала по улица, и сите ме гледаа чудно. А тоа е се заради овој момент....

Priceless :cuc:
 
Ај сега малце поозбилно,

Текстот на песнава е правен без врска

Танцот е како Африкански или Индијански ритуал ;)
 
Музиката е всушност ритам од клавијатурите на Корг...
На пост #9 оставив линк да слушнете :)
 
Музиката е всушност ритам од клавијатурите на Корг...
На пост #9 оставив линк да слушнете :)
Хах навистина, со тоа песнава е уште поголем FAIL. Иначе чисто информативно од кога е синтисајзеров? Понов модел е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom