Часовници

Од најлон, нато-мато ремчињата ти искача алергија?
ММЕ. Пробај метални ремчиња... Со задршка дека квалитетните ќе чинат неколку пати повеќе од часовникот. :)

Не ги отпишувај ни гумените/силиконските, јес да ваков класичен часовник не би требало да иде со такви ама ќе се изненадиш како некогаш и такви комбинации може да бидат интересни. И крајно, има и кожни ремчиња, превртена кожа на пример - и некои пошироки величини, стеснети само кај часовникот, помашки да изгледа.
 
Не ти треба многу од алат. Плус може да купиш „свежа“ батерија, гарант ти увалуваат бајати.

Некст левел е кога ќе земеш аутоматик, и ќе баталиш батерии (иако јас повремено ги менувам и на часовниците кои не ги ни носам, онака). :)
Аутоматици мора да се сервисираат и калибрираат на 5 години и тоа знае да кошта во МК (во странство многу повеќе) колку 10-20 батерии во зависност од цената на часовникот. Батериите се единствениот трошок кај кварцните часовници и тие дури и да се менуваат на 2-3 години се многу поефтини, попрактични (не мораш цело време да ги носиш) и екстремно прецизни.

Јас имам касио кварцен кој 20 години го носам без никаков сервис и единствен трошок е менување на батерија секои две години. Во меѓувреме научив и сам да ја менувам (пошто ми увалуваа "бајати" батерии), така да излегува џабе :pos:
 
Ако се водиме чисто според практичност, некои ќе кажат дека рачен часовник и не е потребен пошто сите имаат часовник на телефоните. :)

Инаку изборот не е бинарен, не е дека мора или кварцен или автоматик механички часовник. Јас на пример ги користам и двата вида, Casio секојдневно и посебно за работа, Восток аутоматикот во посебни прилики но и во релативно секојдневни прилики кога не работам ништо, а кога работам груби и прљави работи (имам секакви хобија) тогаш обично на рака имам еден од двата SKMEI часовници (зачудувачки точни и ОК, со оглед на фактот дека коштаа колку сендвич, или два).

И да, самосталното менување на батерии е обавезно... Со тоа што сега кога би ги бирал сите (кварцни) часовници кои ги имам, би се обидел да ги одберам според ист тип на батерија. Тоа би било навистина добро. :)
Некои од кварцните часовници кои ги имам, со години не сум ги ставил на рака само затоа што ме мрзи да нарачувам батерии за нив.
 
Од најлон, нато-мато ремчињата ти искача алергија?
ММЕ. Пробај метални ремчиња... Со задршка дека квалитетните ќе чинат неколку пати повеќе од часовникот. :)

Не ги отпишувај ни гумените/силиконските, јес да ваков класичен часовник не би требало да иде со такви ама ќе се изненадиш како некогаш и такви комбинации може да бидат интересни. И крајно, има и кожни ремчиња, превртена кожа на пример - и некои пошироки величини, стеснети само кај часовникот, помашки да изгледа.
Чекам да најдам црна или кожа боја со моја големина, ќе потрае. Не иде метално или силикон на ова.
Имам и Восток од тоа годиште, не го носам баш заради ремчето, кратко е.
 
Чекам да најдам црна или кожа боја со моја големина, ќе потрае. Не иде метално или силикон на ова.
Имам и Восток од тоа годиште, не го носам баш заради ремчето, кратко е.
И јас имам Восток од дедо ми.. и тоа некоја верзија за полски пазар, Wostok пишува на него.
Без ремче, така ми стои повеќе како успомен.

Инаку само епл вач носам кога спортувам, и тоа исклучиво го користам како фитнес тракер. Не поднесувам накит/часовници на мене инаку.. јбг
 
Јас само часовници сакам, уште од клинец.
Инаку злато и слично јок. Ни венчален прстен не носам :)
 
Attachments

  • wostok.jpg
    wostok.jpg
    84,4 KB · Прегледи: 1
Back
На врв Bottom