Cevahir Mall Скопје

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Screenshot_20240102-152829_Instagram-removebg-preview.png

Cevahir Mаll Скопје e нов трговски центар во склоп на комплексот Cevahir Sky City.
Според својата местоположба, во најголемата општина во Скопје, населена со најмлада популација, се очекува Cevahir Маll Скопје да биде еден од најпосетуваните трговски центри во околината.
1704203311857.png

Screenshot_20240102-152538_Instagram.jpg

Одличната локација, веднаш до Cevahir Sky City станбениот комплекс, го прави овој трговски центар одличен простор за задоволување на дневната побарувачка на производи и услуги на жителите од комплексот. Дополнително на ова, трговскиот центар се наоѓа помеѓу транзитната туристичка зона и центарот на градот, што го прави овој објект неизбежен за посетителите.
Сите фактори водат во насока на тоа дека овој трговски центар ќе претставува секојдневен трговски и комерцијален центар за задоволување на дневните потреби на посетителите, нудејќи им несекојдневно “шопинг” искуство со микс од различни брендови. Покрај големата куповна моќ на посетителите, во рамките на трговскиот центар ќе има и деловен/канцелариски простор.
Со сите горенаведени фактори, Cevahir Mall Скопје ќе прерасне во центар кој со целиот свој капацитет не само што ќе ги задоволува потребите за секојдневниот живот, туку истотака ќе го модернизира и животниот стил во градот.

1704203125454.png
1704203155467.png
1704203183231.png

Наскоро ќе почне со работа Џевахир мол во Аеродром со најголемиот мурал во Скопје
1704203609387.png
Најголемиот импресивен мурал во Скопје е на најновиот шопинг мол што наскоро ќе се отвори во општина Аеродром. На 4000 метри квадратни импресивниот мурал ќе биде секојдневна атракција за жителите на Скопје по отворањето на Џевахир Мол Скопје во првата половина на 2024 година, со што целосно ќе се заврши целиот инвестициски потег во овој дел на општината во Скопје.
1704203741289.png
1704203785045.png
1704203677717.png
1704206054505.png
„Џевахир Мол Скопје ќе внесе различност во понудата на брендови, притоа давајќи нов белег на градот преку најголемиот мурал поставен на целата фасада на објектот. Ова е место каде покрај шопинг искуството, ќе се обидеме да дадеме содржини што ќе привлечат големо внимание и ќе го направат молот место каде луѓето ќе се дружат и ќе поминуваат време со најблиските. Нашето искуство со вакви проекти низ светот покажа дека луѓето сакаат да видат нешто поразлично, сакаат да уживаат кога купуваат и затоа ќе понудиме програма за секој ден од неделата”, велат од Џевахир Скај Сити.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Е па ајде да го видиме и тоа чудо.
Со години го најавуваат, и во секој оглас за стан обавезно го нагласуваат, а 3-4 години стои ненаправен.
Фали некој трговски центар во тој дел. Моја проценка, 90% ќе бидат турски брендови, и посетителите наравно браќа албанци и турци.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Ми се доаѓа што од надвор има мурал шарено со тие боите. Малку различно од било кој трговски во Скопје.

Безвезе е што сите трговски имаат горе доле исти брендови. Барем овој да понуди нешто ново.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Е па ајде да го видиме и тоа чудо.
Со години го најавуваат, и во секој оглас за стан обавезно го нагласуваат, а 3-4 години стои ненаправен.
Фали некој трговски центар во тој дел. Моја проценка, 90% ќе бидат турски брендови, и посетителите наравно браќа албанци и турци.
Значи Waikiki си резервирале место таму :icon_lol:
 
Член од
8 април 2021
Мислења
6
Поени од реакции
9
џган на сите турски и полски брендови плус некои спортски од типот на спорт вижн, д спорт... бла бла
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.572
Конечно трговски центар со фасада која личи на нешто поинакво од обвивка на конзерва.

Можеби тоа ќе биде единственото позитивно кај овој објект, но да не го маваме со дрва и камења уште неотворен.

Наводно цел кат ќе бил резервиран исклучиво и само за ресторани, ма да оваа информација ми е од пред година дена, кога велеа дека ќе биде отворен во април 2023 или мај 2023, па не мора да значи дека е 100% веродостојна. :D

Битно кога поминувала ќерката или снајката на некој од газдите, дали таа или жената која ја придружувала целата забулена од глава до пети, сите работници веднаш прекинувале со работа за да и` се клањаат на газдарицата. Не се бега од пусто турско туку така, голема работа што е 21-ви век.
 
Последно уредено:

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Немаат со што да се истакнат во голема конкуренција со другите постоечки молови па имале најголем мурал. Голема работа. :pos:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Од една страна, градот се задушува со трговски центри.
Од друга страна, добро е да има во повеќе општини за да не бидат преголеми гужвите во еден или два.
Само во Центар ми е жал за ГТЦ и Рамстор Мол.
Дајмонд Мол е примамлив, но на штета на овие. Вишок е.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
73
Поени од реакции
85
На Џевахир му е таман местово. И ќе има работа и посетители тоа е сигурно. Можеби не косовари (фала богу) ама локални ќе има сигурно. Оти во Аеродром, со иклучок на Капитол кој е реално мал, нема големи молови. Така што.... штом не пропадна Сити мол, ниту овој нема да пропадне.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
Предлагам Скопје да се преименува во MALL CITY кога ќе заврши ова лудило на молови или навистина се само за перење пари ? Пола ГТЦ празен , 30 % од Сити мол празен , 50 % Дајмонт празен и уште никнуваат ко трева... Како сакаат да пораснат платите ако се отвараат само молови? Па една Барселона нема толку молови ко Скопје!
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Само едно нешто не ми се допаѓа. Истите продавници, истата роба, само ќе те шетаат за бројче.

Одиш во Ист Гејт, бараш М... "нема дечко, во Сити Мол и Џевахир Мол имаш по уште едно парче"
Одиш во Сити Мол... "ааа дечко нема тука, во систем вика дека има, ама во магацин не, оди во Џевахир мол"
...и така наместо цела залиха да им е во една-две продавници, ќе си ја распоредат робата низ секој мол во Скопје :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom