- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.324
- Поени од реакции
- 13.085
А бе што си се фатил со тие странски оркестри и музичари не ми е јасно, тоа да, ако им гостуваш таму со покана и слично па ајде да ти го отсвират делото, али да ти доаѓаат тука? Жити све, па тоа ни Бетовен немал такви привилегии јас не знам у кој свет живееш. Треба тука да те ценат, тука да има повеќе оркестри, платени музичари, филхармонии, камерни состави и слично (финансирани од државата) за да почесто се изведуваат нивни дела. Не мешај евровизија збориме за уметничка музика не за златно славејче. Признај си дека поим немаш како функционира ова не туку се врти у круг, ко апликации за андроид ајде праи па шиткај ги надвор. Глупости. И не мислам повеќе да те цитирам, се чувстувам ко на мало дете да му зборам.
Каква коинциденција, и јас го делам твоето мислење за тебе што се однесува до последната реченица од твојот коментар.
Ако добро ме пратеше што спомнав, ќе знаеше дека реков дека македонските современи музички композитори кои се занимаваат со компонирање повеќе од 10 години, а сепак сеуште компонираат за мизерни 100 евра, треба среќата да си ја побараат во странство, а ако се занимаваат помалку од 5 години со компонирање, тогаш треба да се потрудат да бидат што е можно покреативни и по можност да поканат членови на странски симфониски оркестари како гости, а не како изведувачи, на премиерните изведби на симфониите на македонските современи музички композитори, со надеж дека присуството на тие гости од странство можеби би им ги отворило очите на државата, но уште повеќе, на приватните спонзори, за да инвестираат повеќе пари во македонската современа музика, а не во селските кафанџии и во спонзорушите.
Бетовен не живеел во времето на Интернетот, социјалните мрежи и глобалната комуникациска мрежа, а денес ова се средства со кои добар дел од успешните луѓе на денешницата го започнуваат своето искачување по скалилото на успехот. Ете ти идеја за која индиректно ти си заслужен/заслужна кога ги спомна апликациите за Андроид оперативниот систем за мобилни телефони:
Македонските современи композитори нека ги емитуваат премиерно своите композиции и преку Интернет, YouTube постои за таква цел, па така членовите на странските симфониски оркестари нема да мораат да доаѓаат во Македонија, туку ќе можат во живо да ги следат преку Интернет, сигурно некој ќе ја гледа премиерната изведба на симфонијата на некој македонски современ композитор, а тоа е одличен бесплатен маркетинг, па можеби некој од странство ќе фрли око врз некој македонски современ композитор, па ќе му понуди поасални услови за работење и поасална заработувачка за неговата работа.
И престани да очекуваш државата да им фрла коски на македонските современи композитори, ако навистина живееш во Македонија и ако навистина ја следиш состојбата со македонската музичка и филмска индустрија во изминативе 5 години, би требало да знаеш дека изминативе 5 години, државата селективно субвенционира само одредени уметнички работници, па од тука финансиските средства за македонските уметнички работници треба да дојдат од приватни спонзори, а не од државата.