Цената на маседонијан мјузишанс?

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Морам да се самоцитирам:

Пушти ги сетилата на дивеење!

Македонска музика, шуштење од душата на овој народ, хронична естетика, нафора, бескрај, бесконечност, непребол, непокор, неопфат, опуштени дојки, жонглирање со чувства, метеж од спомени, впивање на сонцето, експлозија на космосот, истенчена духовна преобразба, тишина на битието... Купишта од епитети, соништа, мноштво човечки судбини, сатирични рефлексии на секојдневието, интимни копнежи, многу исконско, многу модерно, многу рок, многу соул, многу хип хоп, многу етно... Многу се!

На овој народ се може да му земеш, но не можеш да го лишиш од култот кон музиката. Не за џабе и тетовската Менада џускала уште во VI век п.н.е.

Клише: „Во Македонија не се ни обидувај да заиграш или да запееш, затоа што секогаш ќе бидеш надигран и натпеан!“

Ако ова установивме дека е вака, тогаш чуму картата на Гергана у шЧипо беше 150-че, а на Еленчето Ристеског (истата вечер) беше 50-че (четврт бурек, парче пица сас муљосана шунка, орбит ерожн)?

Чуму картата на Хикси беше 350, а на " Севе ми те волимо " беше 700?

Дали навистана крајот на светот (настан кој според авторот "малу" је искомерцијализиран) вредеше погани 4 стотки сас Аца Лукасом?

Фолтин ( пер ми се плаче:place: ) зарем стварно вредеа за стотче у Шчипо?

Пер, молим те дај ми цена за ова:

Пер, фино лепо те моЉим да ми го дефинираш дијапазонот на чувства кои беснеат во тебе, нивоУто на збеснатост на голтачите на оган у желудац и ерективноста на твоите сетила при:

или Пер при:

енд:

енд,енд:

Одесекогаш сум ја мразел ограниченоста на музиката у граници, пасоши и бугарски цариници (мајке ми то е тема која долго време вирее у мене), али зарем нашиве музичари не ги донесовме на нивоУ на уличари сас гитарче енд девствено сино налани, монети кои ѕвечкаат на асфалтот и егзистенцијална неизвесност? Зарем не ги доведовме на ниво на "даш, шта даш" ? Зарем не ги обезвредниваме до дрскост? Или уште повеќе колку се граничи со хипокризија прашањето: Каде се нашите Архангел, Анастасија и остали да развалујет?

П.с Модераторе низаеден кај ти се на листата: Симон Трпчевски, Tања Царoвска, Љубојна и компанија...?
 
А македонските современи композитори на уметничка (класична) музика што пишуваат симфонија 6 месеци за бедни 100 евра, кај се? Немој бе така сине.
 
Така така, само храбро !
 
Не знам за современите македонски композитори, се согласувам дека 100 евра е срамна цифра, но претпоставувам дека тие современи македонски композитори се занимаваат со компонирање не повеќе од 10 години, се извинувам доколку грешам, но навистина не сум запознаен со нивните патешествија.

Еленчето Ристеско е неинтересно, иако дефинитивно е милијарда и кусур пати поинтересно од Герганчето, како и да е, Еленчето Ристеско го имам слушано исклучиво на радио и на телевизија, а не бидејќи ме фатил некаков интерес за нејзините песни, бидејќи факт е тоа дека нејзините песни воопшто не будат никаков интерес кај мене лично, а Герганчето не го ни регистрирам, исто како што не ги регистрирам сите останати од типот на Герганчето, или било кои други силиконки како Цеца, Карлеуша и не знам кои други.

Кога веќе си објавил тема за цената на македонските музичари, побарај ја статијата на Вест за македонските музички имиња кои ја напуштаат Македонија, како што е Александра Пилева, која со својот сопруг неодамна го продале клубот Лед Зепелин, или како се викаше, во Скопје, и се преселиле во САД, каде што водат свој шпедитерски бизнис.

Нонето Неделковско е предмет на исмејување поради нејзината висина и големината на нејзините гради, уште помалку ми е интересна од Еленчето Ристеско, но додека нејзе ја исмејуваат во Македонија, таа веќе 3 (ТРЕТА) година по ред си тера и живот и кариера на брод, си крстари покрај Карибите и Јужна Америка, ем заработува, ем стекнува нови искуства и нови пријатели, а освен ако веќе запознала, сигурно со тек на време ќе запознае некој кој знае да цени музички талент, а не да го третира како ѓубре. А тука се и латиноамериканските теленовели, кај нас популарно познати како шпански серии, ако Нонето отиде во посета на Колумбија или Порторико, огромна е веројатноста да запознае некој од телевизиската куќа Телемундо, основана во Порторико, а снима теленовели во САД, Колумбија и Мексико, патем, оваа телевизиска куќа е во сопственост на ЕмЕсЕнБиСи (MSNBC), една од најголемите телевизиски куќи во САД. Телемундо и од најголемите будали со незавршено средно направија телевизиски ѕвезди во нивните теленовели, а Нонето е мома со милијарда и кусур пати поголема интелигенција од тие будали на Телемундо со незавршено средно, ќе треба само да научи шпански јазик, а сигурно веќе го разбира, претпоставувам дека и таа своевремено гледала шпански серии.

Хикси, односно Суперхикс, дефинитивно заслужуваат повеќе внимание од публиката, но за тоа треба претежно да бараш вина кај радио и телевизиските станици кои ги игнорираат, исто како што го игнорираат и Ѓорѓи Крстевски, кој заслужува еднакво внимание како и Суперхикс.

Но во коренот на проблемот не лежат само организаторите на свирките и концертите, туку и самите музички куќи кои не излегуваат со ништо поново, после Еленчето Ристеско и Ламбето Алабаковски, ништо поново не се појавило на македонската музичка сцена, а немој да ми ги спомнуваш Влатко Лозановски и Влатко Илиевски, тие за мене не постојат како музичари, иако вториов не има претставувано на Евровизија, а првиот ќе не претставува наскоро на Евровизија.

Сексапилот на Каролинчето Гочево и на Еленчето Ристеско можеби предизвикуваат ерекција кај одредени индивидуи, но не го зголемуваат квалитетот на македонската музика.

А да не заборавиме дека тоа што порано се нарекуваше потрага по талент, денес се вика изборен митинг, помина времето кога се откриваа нови таленти, дојде времето кога се заработуваат пари со пеење на митинзи, во 2014 треба да се одржат редовни претседателски избори, а во 2015 треба да се одржат редовни парламентарни избори, а на македонските музички изведувачи им останува да чекаат да започне наредната изборна кампања и да одберат партија за која ќе пејат.

А како капак на сето ова, нашата ни пвеводбеничка влада планира да воведе субвенции за пејачи кои ќе компонираат и ќе пејат за трето дете, а најтрагично е тоа што и такви будали ќе се појават и ќе отпејат, да не речам ќе истрескаат, некакви глупости на соодветната тема. :tapp:

Се на се, причината за ниската цена на македонските музичари треба да ја бараш во 3 фактори:

1. Колку време се занимава(ат) со музика и колку има(ат) напреднато со текот на годините, во кој правец се движат неговите/нејзините/нивните песни, од кој жанр се, каква порака испраќаат;
2. Колку се охрабруваат младите таленти на креативност, наместо да се инвестира во нив, бидејќи едно се пари, а друго е мотивација;
3. Кои се спонзорите, очигледно некој плаќа за да бидат поскапи билетите за Герганчето, Северинчето и таквите како нив, а истовремено ги игнорира Еленчето Ристеско, Суперхикс, Ѓорѓи Крстевски и останатите македонски музички имиња.
 
Тоа се луѓе музички образовани професионалци у секоја ебана смисла и треба да се на прво место, затоа искоментирав. А после доаѓаат оние квалитетни бендови (аматери со чат пат некој про меѓу нив) ко Суперхикс, Љубојна, Стринг Форсис... А за последниве не би сакал да коментирам, за курветиниве и слично...
 
Па самиот факт дека се современи македонски композитори кои компонираат симфонии говори повеќе од доволно дека се професионалци, јас воопшто не го ставив нивниот професионализам под знак прашалник, туку колку време се занимаваат со компонирање.

Доколку повеќе од 5 години се занимаваат со компонирање и сепак работат за мизерни 100 евра, тоа е понижување, а доколку повеќе од 10 години се занимаваат со компонирање за истите тие мизерни 100 евра, тоа не е ни понижување, туку е исмејување и експлоатирање и без навреда кон таквите композитори, но треба да се будали за да дозволат повеќе од 10 години да бидат исмејувани и експлоатирани за мизерни 100 евра, наместо да си ги спакуваат парталите и да си ја побараат среќата во странство.

Барањето на среќата во странство е стар и докажан македонски рецепт кој потврдува дека во татковината ништо не се сменило кон подобро. Се разбира, кога истите тие македонски современи композитори ќе станат славни и успешни, татковината ќе биде горда на нив, ќе се удираат "патриотите" во гради и ќе се колнат во истите тие луѓе кои биле предмет на исмевање и експлоатирање додека работеле во родната татковина, а можеби ќе бидат пречекани на плоштад Македонија со херојско добредојде какво што им приредуваме на националните спортски репрезентации затоа што ИЗГУБИЛЕ.

Но доколку овие современи музички композитори се занимаваат со компонирање помалку од 5 години, тогаш мислам дека треба да бидат истрпливи и да се потрудат да донесат гости од странски симфониски оркестари на премиерите на нивните дела, за да остават впечаток кај домашната јавност дека и странци се заинтересирани за нивната музика, па ако во меѓувреме не се зголемат нивните плати и нивниот животен стандард, секогаш ќе има странци кои ќе бидат заинтересирани за нивните дела.
 
Да донесат? Кој да донесат бе? Па за да им го свират делото треба да ги платат тие странски оркестри (било дали приватни, државни итн). Така било тоа, еве ти дело ако ви се свиѓа отсвирете ми го. Можеби да, во нормална држава.
 
Па во Македонија и нема музичари кои моментално се активни, барем јас не знам. А перверзија е да измешаш некои од горепостираните видеа со Елена и Ламбе и да ги групираш ко македонски. За ваква весела багра само Аца Лукас, Северина и Ју хитови.
 
Да донесат? Кој да донесат бе? Па за да им го свират делото треба да ги платат тие странски оркестри (било дали приватни, државни итн). Така било тоа, еве ти дело ако ви се свиѓа отсвирете ми го. Можеби да, во нормална држава.

Не реков да ги донесат за да им ги отсвират нивните дела, туку да ги донесат како гости за да ја следат премиерната изведба на нивните дела.

Па само во Европа постојат над 30 држави, ниту еден член на ниту еден европски симфониски оркестар не би дошол да ја следи премиерната изведба на симфонијата на некој македонски современ композитор ?

До толку не ги бива или до толку не се заинтересирани за да привлечат странски гости ?

И не ми кажувај дека парите се проблем, бидејќи говориме за современи музички композитори, а не за секојдневни селски кафанџии.

А ако тоа е исклучок наменет само за во нормална држава, а не и за држава како Македонија, тогаш зошто воопшто се замараат во ненормална држава ?

Нека си ги соберат парталите и нека си ја бараат среќата во странство, како што веќе спомнав претходно, барањето на среќата во странство е стар и докажан македонски рецепт кој потврдува дека во татковината ништо не се сменило кон подобро.
 
Македонските композитори си ја бараат среќата во странство, и многу почесто се изведуваат таму нивните дела (читај се користат) отколку кај нас. Нема доволно публика за таква музика кај нас.

Што се однесува до другите музичари (групи) кои се занимаваат со други жанрови на музика, ретко кој ќе го најде патот тука. Проблемот е во тоа што кај нас постои една продукција чија главна цел се парите, нема креативност, нема гледање подалеку од 3 тона. Истите тие ги држати сите таблоиди во мк, ,,музички,, (читај трач) емисии во мк и соработки со клубови. Таа продукција создава wannabe амерички поп, хип хоп итн. и тоа е тоа.

Highligh: нема место за креативност во нашата мила држава.
 
Не реков да ги донесат за да им ги отсвират нивните дела, туку да ги донесат како гости за да ја следат премиерната изведба на нивните дела.

Па само во Европа постојат над 30 држави, ниту еден член на ниту еден европски симфониски оркестар не би дошол да ја следи премиерната изведба на симфонијата на некој македонски современ композитор ?

До толку не ги бива или до толку не се заинтересирани за да привлечат странски гости ?

И не ми кажувај дека парите се проблем, бидејќи говориме за современи музички композитори, а не за секојдневни селски кафанџии.

А ако тоа е исклучок наменет само за во нормална држава, а не и за држава како Македонија, тогаш зошто воопшто се замараат во ненормална држава ?

Нека си ги соберат парталите и нека си ја бараат среќата во странство, како што веќе спомнав претходно, барањето на среќата во странство е стар и докажан македонски рецепт кој потврдува дека во татковината ништо не се сменило кон подобро.
Како бе да привлечат странски музичари да им ги свират? А бе у кој свет живееш? Во најмал случај треба да ги сместиш тие 80тина души негде. Значи тоа е невозможно, единствено ако имаш подршка од државата али тука нема такво нешто, не се цени, почитува, посетува, факт. А и они си се свесни за тоа и за тоа се помалце компонираат (јебига и парите се мотив) и повеќе се насочуваат кон педагошки работи и сл. Очигледно не си запознаен со овој свет така да не пишувај глупости.
 
Живеам во светот на капитализмот, свет на кој и современите композитори треба да се прилагодат доколку живеат во истиот, а ако живеат во истиот тој свет и ако веќе се прилагодиле, тогаш парите не би им претставувале проблем, бидејќи би нашле соодветни спонзори и би успеале да привлечат гости од странство.

Па додека ти или некој друг не ме запознае со тој свет, ќе ја повторам оваа глупост:

Само во Европа постојат над 30 држави и не би требало да им претставува проблем на македонските современи композитори да ги привлечат тие 80 луѓе и да им обезбедат сместување.

Во спротивно, доколку македонските современи музичари или било кои други уметници својата иднина ја оставаат во рацете на државата и нејзините субвенции, тогаш нека не очекуваат нешто многу, бидејќи праксата има покажано и докажано на дело дека од државните субвенции не бидува некоја асална уметност, владините реклами и документарните филмови платени со народни пари во изминативе 5 години се добар пример за тоа.
 
Пеачите се форсираат по секоја цена да се дел од естрадата а немаат никакви квалитети. Композиторите се во зимски сон. Немаат никаква креативност посебно во текстовите. Катастрофа се на ништо не личат, јас дојдов тебе те немаше, нешто врата затворена, си отидов ама после сфатив сум погрешил адреса (ова онака ми дојде, без врска, пробав да доловам само). Абе оди бегајте таму. Каде ви е приказната, љубовта, тагата, среќата склопено се тоа во песна? Ги нема оние маестрални дела на Ристо Вртев, Ориѓански, Драган Мијалковски, Гиш, Харе итн итн. Денеска тема на песните се некои глупости кои се на интелектуално ниво на велики брат. Од ова што денеска се промовира како музка, единствено внимание ми задржуваат Љубојна, Дуке Бојаџиев, Фолтин, Милко, Бернајс Пропаганда, Ла Колони Волвокс, другото го прескокнувам, не ме ни интересира.
 
А да ги намалеше србизмите во твојава тема? Така ќе те сфатев за поозбилно. Вака те сфаќам од една страна КАО да се заЈебаваш, а од друга страна сакаш нешто озбилно да соопштиш.
Суштината ти ја сфатив, али интерпретацијата - нула.
Музика - туш.
 
Живеам во светот на капитализмот, свет на кој и современите композитори треба да се прилагодат доколку живеат во истиот, а ако живеат во истиот тој свет и ако веќе се прилагодиле, тогаш парите не би им претставувале проблем, бидејќи би нашле соодветни спонзори и би успеале да привлечат гости од странство.

Па додека ти или некој друг не ме запознае со тој свет, ќе ја повторам оваа глупост:

Само во Европа постојат над 30 држави и не би требало да им претставува проблем на македонските современи композитори да ги привлечат тие 80 луѓе и да им обезбедат сместување.

Во спротивно, доколку македонските современи музичари или било кои други уметници својата иднина ја оставаат во рацете на државата и нејзините субвенции, тогаш нека не очекуваат нешто многу, бидејќи праксата има покажано и докажано на дело дека од државните субвенции не бидува некоја асална уметност, владините реклами и документарните филмови платени со народни пари во изминативе 5 години се добар пример за тоа.
А бе што си се фатил со тие странски оркестри и музичари не ми е јасно, тоа да, ако им гостуваш таму со покана и слично па ајде да ти го отсвират делото, али да ти доаѓаат тука? Жити све, па тоа ни Бетовен немал такви привилегии јас не знам у кој свет живееш. Треба тука да те ценат, тука да има повеќе оркестри, платени музичари, филхармонии, камерни состави и слично (финансирани од државата) за да почесто се изведуваат нивни дела. Не мешај евровизија збориме за уметничка музика не за златно славејче. Признај си дека поим немаш како функционира ова не туку се врти у круг, ко апликации за андроид ајде праи па шиткај ги надвор. Глупости. И не мислам повеќе да те цитирам, се чувстувам ко на мало дете да му зборам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom