Catastroika

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Филмов е документарец- од 2012 -творците на истиов го анализираат трансферот на државните добра во приватни раце.
Тие патуваат ширум светот и собираат информации во врска со приватизацијата и бараат траги кои ќе им дадат претстава за „денот после“ грчката масивна приватизациона програма.
Грците немаат до сега ништо приватизирано- успеаа да се бутнат во ЕУ без икаква приватизација на државниот сектор.Сега ги тераат да продаваат се’- буквално се’.
како всушност ќе изгледа Елада после приватизацијата?!
Се сеќавате во Македонија тој период што беше- нереди, кражби, бркања од работа.....
Сега можам да сфатам како и зошто цела држава се крева на штрајк и како успеваат толку координирано да штрајкуваат од наставници до железничари.Се’ е државно- ете затоа.
ЕУ се сомнева дека Гр ќе успее да ја изведе таа приватизација - ама МОРА, не успева државата да ги одржува .

http://www.imdb.com/title/tt2385027/

изберете си го преводот- кликнете на Captions

 
истово се однесува и за МК
Не морало се’ да се приватизира.Затоа што во некои области не е потребна само чиста исплатливост, пример со електродистрибуцијата-државатаа водеше социјална политика,можеше директно да делува врз социјалната состојба, аааааааама бидна
 
истово се однесува и за МК
Не морало се’ да се приватизира.Затоа што во некои области не е потребна само чиста исплатливост, пример со електродистрибуцијата-државатаа водеше социјална политика,можеше директно да делува врз социјалната состојба, аааааааама бидна

Речиси сите македонски фабрики и компании кои пропаднаа и ги снема во 1990-те години беа рентабилни и единствено нешто што им недостигаше беше капитал, немаа капитал, беа во долгови, а истовремено банките не сакаа да им даваат кредити или да ги пролонгираат наплатите на старите долгови.

Најтазе и најсвеж пример е скопската фабрика за автобуси Санос, поранешен ФАС 11 Октомври.

Фабриката произведуваше можеби најквалитетни автобуси на цел Балкан, а доказ за тоа е самиот факт дека голем дел од нивните автобуси кои се со шасија и со мотор од МАН или од Мерцедес Бенз, освен шасијата и моторот, ги користат и логоата на МАН или на Мерцедес Бенз, а да добиеш лиценца од светски брендови како МАН и Мерцедес Бенз за да можеш нивните логоа да ги користиш на возилата кои ги произведуваш, е реткост во која можеш да уживаш само ако понудиш врвен квалитет.

Истиот тој квалитет до денешен ден се вози низ скопските улици, сите автобуси на ЈСП Скопје со МАН лого се произведени во втората половина на 1990-те години и со добро рекаросирање, поставување на рампа за инвалиди и евентуално климатизирање, би исполнувале и денешни стандарди за врвен квалитет, а тоа е карактеристика со која малкумина на Балканот можат да се пофалат.

Малкумина во Македонија знаат дека Галион е првиот и единствениот прототип на двокатен автобус со самоносечка шасија на Санос произведен во првата половина на 1990-те години, но не е само прв двокатен автобус со самоносечка шасија на Санос, туку е прв двокатен автобус со самоносечка шасија и во цела источна Европа.

Но сиот овој врвен квалитет и потенцијал на Санос е бескорисен за нашинците, кои не превземаат ама баш ништо за да го спасат Санос, туку го оставаат на милост и немилост на доверителите кои го конфискуваа имотот на Санос бидејќи сопствениците на Санос не ги подмирувале долговите на фабриката, а новите сопственици на имотот на Санос не планираат да ја рестартираат фабриката, туку да ја срушат и на истата локација на која се наоѓа фабриката да изградат станбени објекти.

Истото важи и за гејците, тие можат да бидат рентабилна економија доколку почнат да си ги плаќаат даноците кои растат, ја зголемат старосната граница за пензионирање, престанат со непотребните трошења, како што е со парите кои ги фрлаат на лоби групи кои плукаат врз Македонија и врз Македонците и ред други непотребни трошоци, кои можат да ја направат гејската економија рентабилна.

Кај нас во Македонија, проблемот во 1990-те години кај фабриките и компаниите кои пропаднаа и кои ги снема не беше рентабилноста, туку незаинтересираноста на државата за истите тие фабрики и компании, како и за вработените во истите тие фабрики и компании и за нивните семејства.
 
Кај нас во Македонија, проблемот во 1990-те години кај фабриките и компаниите кои пропаднаа и кои ги снема не беше рентабилноста, туку незаинтересираноста на државата за истите тие фабрики и компании, како и за вработените во истите тие фабрики и компании и за нивните семејства.
Замени го државата со ние, ќе видиш дека полесно ќе ти биде.

Гледам дека тука мавташ со памфлети на либерален капитализам и на крај успеваш фино срочениот текст да го усереш со комуњарска бљувотина.
Југославија била договорена економија директорите како одговорни за контрола и раководење на самоуправувањето биле штанцани, сериски во лош копир апарат.
Они знаеле да пливаат само во базенот на самоуправувањето и договорената економија, со растурот на Југославија водата од тој базен исчезнала и они останале како риби на суво, биле оставени како импала доенче на милост и немилост на бруталните џунгла закони на пазарната економија, оставени на нивните тенки тенки менаџерски знаења и многу неум.

Најголем капитал е умот, умот прави пари тој носи прокреативен импулс и тој создава, неумот само растура.
Умот ние и тогаш и сега го немаме.
Докапитализација на тогашните фирми немала да помогне при толкава концетрација на прост народ.
 
Најголем капитал е умот, умот прави пари тој носи прокреативен импулс и тој создава, неумот само растура.
Умот ние и тогаш и сега го немаме.
Докапитализација на тогашните фирми немала да помогне при толкава концетрација на прост народ.
Ова е многу битно. Одговорот на сите прашања во врска со развојот на земјава и зошто е се така како што е и зошто нема да се смени. Нешто што простата раја нема никогаш да го сфати и затоа секогаш ќе произведуваме примитивни и неконкурентни производи.
Треба хард ворк, наука, иновации, паметните да бидат богато наградени. Но умот не е нешто што се цени и наградува на овие простори.
 
Треба хард ворк, наука, иновации, паметните да бидат богато наградени. Но умот не е нешто што се цени и наградува на овие простори.
малку надвор од темава, но сепак има некоја сличност кога спомена што не/ се бара на овие простори(на Балканот во целост)
се бараат будалетинки -кои ќе работат ама за џабе (без разлика како и да го именуваат тоа- волонтирање, пракса., искуство, млатење слама..)
примеров подолу кажува многу повеќе
единствено заборавиле во огласот да наведат дека оној кој ќе прифати - ќе треба да биде способен да работи под притисок и тоа не само физички, туку и психички
а со умните- тешко да ќе излезат на крај затоа и не се бараат нит се ценат

Oglas.jpg
 
Замени го државата со ние, ќе видиш дека полесно ќе ти биде.

Гледам дека тука мавташ со памфлети на либерален капитализам и на крај успеваш фино срочениот текст да го усереш со комуњарска бљувотина.
Југославија била договорена економија директорите како одговорни за контрола и раководење на самоуправувањето биле штанцани, сериски во лош копир апарат.
Они знаеле да пливаат само во базенот на самоуправувањето и договорената економија, со растурот на Југославија водата од тој базен исчезнала и они останале како риби на суво, биле оставени како импала доенче на милост и немилост на бруталните џунгла закони на пазарната економија, оставени на нивните тенки тенки менаџерски знаења и многу неум.

Најголем капитал е умот, умот прави пари тој носи прокреативен импулс и тој создава, неумот само растура.
Умот ние и тогаш и сега го немаме.
Докапитализација на тогашните фирми немала да помогне при толкава концетрација на прост народ.

Мило ми е бидејќи сме нашле заеднички јазик.

Да, јас се залагам не само за либерален, туку и за чисто независен капитализам, тотално независен од постапките на политичарите, нешто што е тотално спротивно од тоа што се случува денес во ЕУ и САД, каде што државата се повеќе учествува во економијата, а во Македонија договорената економија уште од почетокот на реализацијата на проектот Скопје 2014 па наваму само расте и расте, државата се дави во долгови, а кога балонот полн со долгови ќе пукне, ем ќе се зголеми невработеноста, која и вака е висока, над 30%, ем ќе ни се случи инфлација, ем ќе ни се случи зголемување на даноците и намалување на платите и пензиите.

Гејско сценарио дефинитивно нема да ни се случи, бидејќи како што ти велиш, државата, односно ние, не сме нешто многу заинтересирани за да кренеме глава и да се спротивставиме на глупостите кои ги прават политичарите, а неконтролираното задолжување е нешто што уште сега мораме да го спречиме, но некои групи на луѓе не сакаат да се спротивстават:

- Пензионерите, кои уживаат повисоки пензии и бесплатно возење со јавниот градски превоз во Скопје секој вторник, петок и сабота;

- Градежните работници кои имаат семејства за да издржуваат, а последно нешто што би поддржале е ставање крај на неконтролираното задолжување и на непотребните трошоци од типот на Скопје 2014 од чијашто реализација заработуваат плати со кои се издржуваат себеси и своите семејства;

и ред други луѓе кои попрво би дозволиле државата неконтролирано да се задолжува и да фрла пари за тотално непотребни глупости, отколку да се спротивстават на истите тие неконтролирани задолжувања и на истото тоа фрлање на пари аа тотално непотребни глупости.

За разлика од нас, гејците секојдневно штрајкуваат и протестираат против мерките за штедење, но Македонците не се нешто многу заинтересирани за да ги бранат сопствените економски интереси, протестите на АМАН кои не се нешто многу масовни се најтазе пример за ваквата незаинтересираност на Македонците.

И во право си околу докапитализацијата, било каква докапитализација со прост народ не би имала позитивен исход, само погледни ги земјоделците - на нивни приватни имоти невремето ја однело жетвата и останале без ништо, а очекуваат државата да ги обештети, наместо претходно да си ги осигурале имотите во приватни агенции за осигурување.

Но факт е тоа дека приватизацијата во 1990-те години беше неправедна и нетранспарентна, од една страна самите работници се виновни бидејќи не се осмелија самостојно да се организираат и да ги исплатат долговите на фабриките во кои работеа, па така ќе станеа нивни сопственици и ќе си ги задржеа работните места, а од друга страна државата и судовите се виновни бидејќи не им дадоа шанса на истите тие фабрики и компании, од кои голем дел беа рентабилни, да си ги исплатат долговите на пролонгиран рок.

А најголемиот проблем на денешницата е во тоа што ни младината не размислува поинаку, сите гледаат на државата како спасител кој мора да им излезе во пресрет, а и не треба да ги обвинуваме бидејќи токму ЕУ и САД ја превземаат таквата улога во своите општества, во државите како Грција ја имаш ЕУ како одржувач на долговите на државата за да не прогласи банкрот, а во САД се повеќе и повеќе се зголемува бројот на корисници на социјална помош, на бонови за храна, а со тазе реизбраниот претседател Барак Хусеин Обама, американците наскоро ќе уживаат и абортуси и операции за менување на полот субвенционирани од страна на државата со народни пари.

Македонија, односно Македонците велат дека сакаат да се метнат на западот.

Ако западот функционира вака како што го опишав, како да очекуваме народот да не гледа во државата спасител и главен и одговорен за глупостите кои самиот прост народ ги прави ?
 
Back
На врв Bottom