Царина

  • Креатор на темата Креатор на темата MartinTV
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 ноември 2015
Мислења
10
Поени од реакции
0
Возраст
26
Сакам да прашам до колку пари можам да нарачам нешто од интернет без да платам царина ?!

Фала ви однапред
 
До 22 евра не се плаќа ништо, мада има ситуации кога и над тоа прогледуваат низ прсти, зависно дали му дала жената ноќта на цариникот или морал да врши мануфактурна обработка.

Еве ти ценовник од царина, водич за царинење:

http://customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=120
 
Имав еден пријател порача сега брзо од 45 евра еден продукт, па не му бараа царина, затоа прашував...
 
Јас имам другарче нарача процесор од алиекспрес за 100 долари, до дома му го донесоа за 5 ебани дена преку хонконг пост и не плати дури ни достава, а јас месец дена си чекав мултиметар кој чинеше околу 60 долари, го преправив малку принтскринот да биде 38 долари, и на пратката стоеше истата цена, и дури и на тој начин ми фукнаа 700 денари царина, од кои 100-200 само за препакување и некои таму поштенски давачки. Си викам ех животе, ти неисправен џоистику :D
 
Некој друг мислење или некој одговор.. ?!
 
Зависи што нарачуваш и од каде, до 45е ќе платиш само ддв над тој износ царина плус ддв и тогаш продуктот кумулативно ќе ти дојде 40 проценти поскап
 
До 22 евра не се плаќа ништо, мада има ситуации кога и над тоа прогледуваат низ прсти, зависно дали му дала жената ноќта на цариникот или морал да врши мануфактурна обработка.

Еве ти ценовник од царина, водич за царинење:

http://customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=120
не се снаоѓам баш добро на нивната страна,има ли калкулатор за внес на автомобил и да израчуна колку царина се плаќа за истиот?
 
Јас имам другарче нарача процесор од алиекспрес за 100 долари, до дома му го донесоа за 5 ебани дена преку хонконг пост и не плати дури ни достава, а јас месец дена си чекав мултиметар кој чинеше околу 60 долари, го преправив малку принтскринот да биде 38 долари, и на пратката стоеше истата цена, и дури и на тој начин ми фукнаа 700 денари царина, од кои 100-200 само за препакување и некои таму поштенски давачки. Си викам ех животе, ти неисправен џоистику :D
Ова ни да не ви паѓа ни на памет. За 500-1000 денари што ќе ги заштедите, се одговара кривично.

Си имал среќа дека цариникот не сакал да се замара.
 
Ова ни да не ви паѓа ни на памет. За 500-1000 денари што ќе ги заштедите, се одговара кривично.

Си имал среќа дека цариникот не сакал да се замара.
Од Алиекспрес на сите пратки ја намалуваат вредноста затоа што кинезите не се плашат од ништо. Јас англичаните ги молев да ми спуштат 2 евра на декларацијата тие не сакаа.
 
Од Алиекспрес на сите пратки ја намалуваат вредноста затоа што кинезите не се плашат од ништо. Јас англичаните ги молев да ми спуштат 2 евра на декларацијата тие не сакаа.
Знам дека кинезите ја намалуваат цената, тоа е пракса кај нив :D Муабетот ми беше да не се поднесува лажна фактура доколку пратката заглави на царина, пошо лесно може да се открие реалната цена на пратката.
 
Јас не поднесувам ништо, во пратката има фактура и кога ја проверуваат во пошта/царина автоматски се пресметуваат даноците. Потоа одиш во пошта да ја земеш пратката и таму ги плаќаш давачките што ти ги пресметале.
 
Ова ни да не ви паѓа ни на памет. За 500-1000 денари што ќе ги заштедите, се одговара кривично.

Си имал среќа дека цариникот не сакал да се замара.

Како прави пола Македонија, така и јас. Доколку на пратката стои една цена, и на принтскринот е истата цена, нема никаква правна основа во тој момент цариникот мене да ми стега кривична, затоа што не може тој да се води според официјалните цени што се во тој момент на интернет страните, можеби јас го имам начекано продуктот навистина по таа цена, што не е реткост со интернет купувањето во денешно време, тој може само да ми фукне царина и ддв по негов "избор". Тие сигурно нема да ме повикаат пред нив да им се логирам на сајтови па да им докажувам во живо, туку треба да се водат по принтскринот и прајс тагот на пакетот. Само што проблемот е во тоа што воопшто не ги ни земаат во обзир принтскриновите и прајс таговите, туку си се водат по официјални цени, а документите што си им ги пратил само ги архивираат. Верувале или не, пребаруваат по интернет како му се движи цената на продуктот во тој момент кога стига до нив, па врз основа на тоа калкулираат данок и ддв. Проверено милион пати, и на царина во Денишпед кога сме увезувале од фирма цел шлепер разновидна роба, и од некои интерни конекции во пошта на железничка.
Неколку пати не имаат одрано со најмалку 1000 евра повеќе од предвиденото со јасна порака дека на интернет цената на продуктот му била поинаква од купеното, и притоа цариникот не сака да попушти, мора да биде по негово и точка, па ти нервирај се и доставувај реални фактури колку сакаш. Е тоа е таа наша проста држава. Затоа ни јас не ги жалам. Нека повели цариник што работи за 250 евра плата нека се замара со моето производче од 50-60 евра, ете, го охрабрувам :)
 
Ак почниме да ги пишиме сиве исксутвава со царина, тогај мојт комотно да се составит една трагикомедија. Секоја година, поплаките си растат и шо? Џабе, пак по исто си се терат. Всушност шо те чудит, кажи ми ти една установа државна шо работит саглам? :lut:
Многу одговори или доколку заглавиш со нешто околу купвењева од нет, мојш да ги најш во следнавиве теми http://forum.kajgana.com/forums/Интернет-трговија.124/
 
Друже, зависи каква ти е среќата.Буквално.Не знам зошто, можда последно време во брз пораст е ваква трговија кај нас, нели ние мааалку касниме со се, па веројатно и не им е до замарање таму за некои ‘ситни ‘пратки, можда ќе отворат една во 50.
Неколку пати над таа одредена сума ми стигнале пратки без проблем, без преправки на декларација, без разлика дали од Кина или Европа или преку која пошта.Генерално вредности до ~100 евра.
 
Незнам дали е за овде али да си прашам

Сакам да земам циркулар машина од германија , машината е некаде околу 300е.Колку би ме коштало да ја пренесам до мк? машината е тешка 40кг. дали истата подлежи на царински давачки пример ако ми ја пратат по пошта и како се сето тоа одредува колку? дали има некој такво искуство, сум цул дека до 300е не подлези на царина . ако некој знае да ми објасни или да ми препорача како најлесно би ја добил во Македонија . Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom