Ај од почеток па некои работи да станат по јасни за оние кои не разбираат многу во оваа проблематика.
Ке појаснам некои основни работи.
Cccam е вид на softcam. Softcam е софтверски cam, а cam (Conditional aces module) е ова:
Код:
http://en.wikipedia.org/wiki/Conditional_Access_Module
Тоа е парче на хардвер во кое се вметнува
smart card т.е картица за отварање на кодирани канали.
Softcam-от емулира хардверски cam и уште се вика емулатор.
Значи Cccam е програма која врши функција на тоа парче хардвер. Останати програми кои ја вршат оваа функција се пр. Gbox, vPlug, s2Emu итн.
Во моментов сеуште е можно во тој softcam да се вметне клуч и да се гледаат кодирани канали. Но напредуваат "клучарите" со нови начини на кодирање тоа и не пали така лесно, освен некои пакети (Bulsat, Kingston, Canal+NL и DigiTv) и поединечно некои канали кои не се во некој пакет. Само овие се емулаторски гледиви. На последниот бргу му се ближи крајот.
Затоа сега softcam-овите вршат поинаква улога, а тоа е кардшерингот. Што е тоа.
Јас имам некоја картица која ми отвара некој пакет. Преку интернет вршам размена со некој друг. Тој може да ја прима мојата картица (се разбира мојата картица и понатаму работи), а јас ја примам неговата. Мрежата бргу се шири, па така јас можам да примам картици од колегите на партнерот и обратно, па бројот на пакети кои можат да се отворат експлицитно расте.
Едноставно речено softcam е софтвер кој овозможува пиратско гледање. Тој го заменува хардверскиот cam, а и картиците на горе споменатиот начин. Оние кои немаат никаква картица можат да се спојат на некој сервер, но за тоа се наплатува.
Емулација може да значи и емулација на самата картичка:
Код:
http://en.wikipedia.org/wiki/Pirate_...rd_terminology
Но тоа веќе не работи (тоа беше одамна, сега емулаторот воглавно е softcam).
Кога ќе видите дека некој приемник има "интерна емулација" (такви се повеќето наши ресивери), значи дека во него постои firmware кој во себе има некаков softcam, па вие само го (ги) впишувате кличот(евите) и на тој начин отвора некои програми т.е. ГИ ОТВОРАЛ. Мислење е дека постојаните клучеви и auto updete сервери се готови, затоа што ќе нема повеќе пиратски гледиви пакети преку емулатор.
И на крај, тука е Кардшерингот, а кој ќе го забрани.