@ dead terror:
Dobro kako uspea (i zosto) Trpeski da go izigras 26 minuti na prijatelska? Mu nacuka 90 minuti za ovaa nedela i ocekuvaj utre da mu padne formata za slednata.
--- надополнето ---
http://www.buzzerbeater.com/league/1905/overview.aspx
еве ми ја лигата
и тимот:
http://www.buzzerbeater.com/team/52326/overview.aspx
дајте предлози што да продавам малку е заебано со овие непостоечки постоечки и тн...
Имам 2 идеални постови за почетници:
1)
Водич за почетници во 6 чекори (преводот на македонски не е најдобар, па не е лошо да го ѕирнеш оригиналниот хрватски)
МКД верзија:
http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=138362&m=1
HRV верзија:
http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=77265&m=1
2)
Бугарски пост, многу сличен на претходниот и доста концизен
http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=46403&m=1
Освен овие 2 теми на Help-English форумот се наоѓа најсеопфатниот водич за ББ -
Guide to BuzzerBeater + FAQ:
http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thread=144856&m=1
Гледајќи го твојот тим, најдобро е да го организираш првобитното развивање на тимот околу Vojo Dreshic. 18 години, одлична почетна плата ... изгледа ќе ти биде главен играч во првите 2-3 сезони.
Неколку совети (поопширно во горните форум теми):
1) Не троши пари на надградба на арена на почеток.
Место да градиш, подобро манипулирај со цените на влезниците и на тој начин првобитно зголемувај го приходот --- колку да ги ставиш цените спореди со другите тимови од твојата лига и провери колку седишта полнат и по која цена. Надградби ќе правиш покасно.
2) 18 играчи се многу на старт. Доволно е 12-13. Отпуштај ги редоследно почнувајќи од тој со најниска плата додека не стигнеш до 13 на пример. Со тоа ќе заштедуваш на плаќање „играчи за крикет“ во кошаркарски тим
3) Од тие 12-13 еден е секако Vojo Dreshic. Му требаат уште 4 играчи со слични карактеристики (возраст, висина, вештини) за да формираш тренинг група. За возраст можеш и 19 годишни бидејќи разликата во тренингот на 18 и 19 години не е премногу голема. Висината му е 203, па треба да бараш високи играчи (висината на играчот влијае врз брзината на тренингот -- ниски играчи побргу напредуваат на бековски тренинзи, а високи на центарски). 206+ cm висина со најмалку 6+ на основните центарски вештини (вн.шут, вн.одбрана и скокови) би бил добар почеток. Не мораш да форсираш на блокади, но 4+ треба да биде некој минумум. Гледај и останатите вештини да бидат барем 2+.
Кариерата како ББ менаџер најдобро е да ја започнеш како тренер на високи играчи (тренирање вн.шут, вн.одбрана и скокови) --- бидејќи веќе еден таков имаш. (Можеби и Nase Jovanoski има можност да остане во тренинг група со Dreshic; тоа процени го преку водичите).
4) Бидејќи најдобро е за почеток да тренираш 2 позиции и по моделот на Vojo Dreshic, а со 4те ново-купени играчи (или 3 ако Jovanoski останува) ги зафаќаш позициите центар и крилен центар, останува да се најдат играчи за пополнување на позициите плејмејкер, бек и крило. За секоја позиција ќе ти треба еден стартер и еден замена. Прегледај по форумите што се' е потребно (најважно) да го поседуваат играчите (вештини) кои играат на овие позиции и тоа нека ти биде водич кога ќе проценуваш кој за што е способен од моменталниот состав, и што да бараш кога ќе купуваш од трансфер. За купување на играчи прво разгледај како се движат цените на пазарот за да бидеш колку што е можно посигурен дека нема да платиш премногу за играч. (има навала на нови менаџери во играва --- околу 2000-3000 се регистрираа денес и можно е некој да го искористи тоа со набивање на цените; бројката на активни тимови во Македонија се искачи на 213).
Со тоа би имал 5 за тренинг + 8 за играње (што нема да тренираат) = 13 играчи што е добра бројка за еден состав.
5) Кога ќе формираш тим (играчи за тренинг + играчи што нема да тренираат) остатокот од кешот го користиш за купување стручен штаб. Најважен е тренерот (според тоа и најскап) и најмногу пари треба за него. За почетници се препорачува тренер ниво 4 бидејќи е евтин, се наоѓа со ниска плата и е доста ефикасен. Доктор и Портпарол доволно е ниво 3. (Идеално е да можеш да си дозволиш ниво 5 за тренер, кој е релативно подобар од 4; но и тренер 4 би било супер). За разлика од Хетрик, кајшто сите се луди по најдобар тренер, во ББ крајна реткост е да видиш тим од највисок дострел со тренер подобар од ниво 6 (највисоко ниво е 7). Пробај да купиш стручњаци со што помала плата и по што е можно помала цена (разгледај го и овде трансфер пазарот пред да купуваш). Не купувај стручњаци со специјалност за почеток. Понатаму како го развиваш тимот и со стекнувањето на знаењата околу играта ќе носиш одлуки дали ти се потребни стручњаци со специјалност. И да, поскапи се овие со специјалност --- економски неоправдано за почеток.
Со ова би бил спремен да почнеш со кампањата. Најважни работи за успех во градењето на ББ менаџерска кариера се:
1) редовен тренинг на сите играчи што ги тренираш (во прирачникот и форумот ќе прочиташ како се тренираат играчи);
2) менаџирање со неделната минутажа на играчите (одржувај ја меѓу 48 и 75 минути за секој играч) бидејќи минутите одиграни во претходната недела влијаат доминантно врз формата на играчите за следната недела. Формата е најважниот елемент (заедно со вештините) што одлучува колку добро ќе игра играчот во тековната недела. Неделната минутажа следи ја на линкот „Неделна статистика“ (се наоѓа на главната страна на твојот тим). Последен натпревар во една ББ недела е куп/пријателскиот натпревар кој се игра во четврток и тоа се последните минути кои потенцијално ќе влезат во неделната статистика.
3) Менаџирање на економскиот аспект на тимот --- со тек на време ќе стекнеш осет за движење на економијата низ ББ --- целта е да добиеш најмногу по најмала цена

4) активност на националниот форум и користи ја максимално темата „Прашања и одговори“ (како активен форумџија ова ќе ти биде јака страна, и верувај, активните корисници стануваат најуспешни менаџери).
5) активност на chatot за време на одигрување на натпреварите бидејќи и таму има стари в'ци спремни да советуваат. А и позабавно е на четот општо кажано.
No.1 совет што би ти го дал: Прочитај го прирачникот
Ова излезе малку подолг пост отколку што замислував, но барем се надевам дека ќе ти искористи (можеби и на некој друг). Најдобрите постови се на форумите на сајтот на играта, сепак
