Бувљак - најдобар улов

  • Креатор на темата Креатор на темата викацот
  • Време на започнување Време на започнување
Има стварно добри работи што можат да се купат. Пример еден мој колега од работа си купи саат CASIO рачен отпорен на вода од постарите модели за 150 денари- саатот е сочуван џам и е оригинал 100%.Јас пред една недела купив безжичен Сименс за 250 денари и телефонот е како нов. Најверојатно ги донасаат од Германија застарени модели и ги купуваат од таму на кило и тука шиткаат. Видов имаше и многу добри патики ама никад не би купил половни пошто гадни ми се- иначе беа ептен сочувани адидас кожни за 250 денари- такви се 4000 ден у спорт м
 
А има ли таму нешто како столни лампи, свеќници и сл.???
 
Најверојатно ги донасаат од Германија застарени модели и ги купуваат од таму на кило и тука шиткаат.
Да, да, од Германија :pos: Ги набавуваат по многу поволна цена, бесплатно :D
 
Најубај апостолки се купуваат од туристички места, а и најевтини :D
По 1/2 евро до 1 евро максимум :icon_lol:
,,,,,,,:icon_mrgr: kazhvaj kade brzo ionaka starite ostarea:LOL:,a ako mislish na ohridon nash,,,,,ne be dusho poskapi se i od trgovski:P:ROFLMAO:
 
му го плесна у фаца :)))))
човек да не може да си праша:)
иначе ќе видам оваа недела, може некој циго по порачка ќе украде некој монитор од некое школо ќе видеме:D
 
Денес откако прочитав тука дека работни денови им се вторник и петок, отидов и си уловив стара SEGA MEGA DRIVE 2 со контролер и игри комплет за 150 денари. а бидејќи имаше и многу други глупости мислам дека петок пак ке одам да видам што ќе ископаат од подрумине и кантите.
 
Ех златен аутопазар у недела од сабајле!
ццц...златна доба;)

- Е.. се позлатија продавачите таму од вас и од провинцијалци....
оди во вторник и петок на БУВЉАК купи за две -три банки и
во недела продај за две-три стотки а богами и иљадарки
--- надополнето: 24 април 2012 во 19:25 ---
Не е се крадено таму или од ѓубре... Пример, кога има генералка, доаѓаат роми и се согласуваат дека нема да му земат пари на газдата, ама се што има во гаража (што не му треба) или подрум да им го даде... Така се наоѓаат често и исправни работи. Има цели колекции книги (посебно за Тито, на долго и широко).

Баш така е. Вие уште спиете и ако има нешто пријавено крадено,
одат цивилки и ги збираат, го знаат тоа и „баците“ и втор пат не носат такви
Но има и работи што не трба да се фрлаат, ама пак одат таму најчесто и од
ако снајка ја наследила куќата од починатата свекрва-тоа се оди на бувљак
Јас сум купил многу работи од таму,еве денес пони за внукот 1000 како нов
Но како и еднаш многу одамна цела библиотека од Б.Т. Љилјакот,е како
дошла таму,мислам дека вилата му ја „наследи“ самоволно еден важен гост
-премиер ли беше и ги викнал баците и овие се очистиле до „медаљи“ .
Вреди да се оди. пробајте ја среќата, ама доцна сте разбрале ама и не.
Канта пазарот како што го викаат баците работи 20 години мож и повеќе.
Навали народе, чаршав галички вез 1 класа 100 денари,стар над 100 год.
И горна и долна вилица од свекорот, за проба не се наплаќа,порцелан100%
НЕ КУПУВАЈТЕ: колачи,чоколади,салами.мајонез,ќечап,колку и да се евтини, се се со поминат рок и чувани во лоши нехигиенски услови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom