Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
Недостатокот на партизанско движење во вардарскиот дел се потврдува од самиот Темпо кој што пишува : «Кога пристигнав во Македонија, ја најдов следната состојба : партиските организации во организационен однос беа речиси во полно разпаѓање......Во текот на 1942 г. е имало шест одреди од по 10-15 борци и тие сите биле разбиени освен Битолскиот, кој што поминал на албанска територија и тоа сам на своја глава и така се запазил.»
Мнозинството од «борците» во партизанските одреди со составени од странци. Веќе споменатиот Скопски одред на број 25 човека е составен од Срби, Турци, Црногорци, Чеси и Македонци-србомани.
Го зел командувањето на комунистичките структури во Македонија со посредство на србоманско ориентираните свои орудија Темпо се залага да «организира» реално партизанско движење. Ток брзо сфаќа, дека не би можел да организира вооружени одреди на територијата на Македонија која влегла во бугарската држава. Населението не ги симпатизира антидржавните и антибугарските дејствиа на комунистите. Самиот партиски секретар Бане Андреев изречно подцртува дека «партизаните воопшто не успеале и дека е направена голема грешка со илегувањето на партизаните. И масите воопшто не ги примале, а ги предавале.»
Кои беа партизаните во Македонија
Точен е овој извештај на Темпо.
Во сите прогласи до македонското население, на истото тоа му се наложува дека ќе живее во братска Југославија.
За самиот Македонец поимот Југославија имало крајно негативна конотација, поради репресиите на српската полиција.
Со доаѓањето на Ченто и другите македонски патриоти, кои подоцна Темпо со Колишевски и другарите од КПМ ќе ги скинат, доаѓа до масовизација на македонското партизанско движење.
Во прогласите до македонското население стои, ослободување и формирање на обединета македонска национална држава.