Мистичен
Човек
Бугарија се наоѓа на последното место меѓу земјите од Европската унија, по бројот на жители кои користат интернет, се наведува во извештајот на „New Europe”. Во Бугарија едвај 8% од населението користи интернет, а по неа следува Романија, каде интернетот е достапен за 11% од жителите. Со исклучок на Словенија, повеќето нови членки на Унијата се на дното на листата во однос на користењето на мрежата, а ним им се приклучуваат и Грција и Португалија. Интернетот е најдостапен за жителите на Холандија каде 62% од населението секојдневно ја користи глобалната светска мрежа.
Извор: А1 вести
Извор: А1 вести