Бугарија испорача три услови на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Па тамо ке била Бокова, Кристалина Георгиева, сега и Раjков... па незнам... можете како фашисти да ги пречекаш ако душа ти сака.

Не бе никако, кога биле Бугарите со Фашистите ? Нешто слушам и гркот не доаѓал, да не се заедно со вашиот на Лезбос ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Бугариве се препрдеа за наводно да ги продлабочет добрососетските односи, а дури на децана во градинка им стана јасно што се крие позади нивниете флоскули за добрососетство.


Бугарија и нејзината романтика
Ристо Никовски
Скопје. 8 јуни 2013
Подлабоката анализа на бугарската политика на негирање на Македонците дава интересни резултати. Очигледно, времето не работи за нив и тие прифаќаат дека има Македонци, ама само од 1944 година. Нивната теза е дека Македонците биле измислени од Тито, што треба да значи дека врз таа основа настанала и денешната држава Македонија и, имплицитно, дека ги има само во земјата, ама не и надвор од неа. Сепак, и ова е некаков исчекор на Софија. Важно е дека и за нив има Македонци, а дали се тие од 1944, од Самоил или Александар, или изнедрени од Коминтерната, воопшто не е важно.

Што, фактички, значи оваа бугарска политика? Демек, генерацијата која е родена во 1944 година, кога „воскреснал“ народот, не им е спорна? Денес, таа има 69 години и факт е дека огромниот дел од нив се сметаат за Македонци. Меѓутоа, Софија веднаш паѓа во замка. И најповршно следење на нивната генеза ќе покаже дека тие можат така да се чувствуваат само благодарејќи на сопствените родители. Без нив, „измислената“ од Тито нација – не би испилила. Или, со други зборови од каде тие би биле задоени со македонско национално чувство, ако не биле мајките и татковците, плус бабите и дедовците? Нема траги дека тогашната ЦК, со декрет, наредила раѓање на Македонци? Или, дека, можеби, некој магионичар ги вмешал прстите. Окус, покус, препарандус... и, оп, Македонци излегуваат од шеширот!

Овие факти јасно потврдуваат дека официјалната теза на Софија – не држи вода. Доколку во 1944, и многу години пред неа, родителите се сметале за Бугари или Срби, сопствените деца не би ги одгледале и воспитале како - Македонци. Барем 90 и повеќе проценти од нив не би имале причина тоа да го сторат дури да постоел и некаков диктат. А таков, ниту имало, ниту можело да има. Напротив, скоро сите Македонци, чии презимиња за време на српската окупација биле променети на „иќ“, вклучувајќи го и сопствениот татко, си ги вратиле на „ски“ или на „ов“, по 1944-тата. Зошто? Да не ги натерал некој? Можеби Србите? Еден дел, од кои грото целосно се чувствуваат Македонци, си останале на „иќ“ и тоа никому не му пречи.

Така, можеме да констатираме дека бугарското негирање на Македонците, практично, денес се сведува на нашите претци! На родителите на повозрасните, на дедовците на помладите, и на прадедовците, и тие пред нив, прапра - на сите. Денешниве, барем во земјата, не можат да бидат спорни бидејќи се родени после 1944-та. Значи, целта на бугарската ѓурултија е, всушност, да се докаже дека, се до 1944-та, Македонците биле „Бугари“, според Софија, ама останува нејасно зошто тоа тие не им го кажувале на чедата, родени во и после 1944-та? Софија мора да објасни и како била можна „кохабитацијата“ меѓу родителите „Бугари“ и породот, сега веќе – Македонци? Имал ли Тито улога и во тоа? За „македонскиот период“ во Пиринска Македонија, после војната, кога се учеше на македонски јазик, и за резултатите од тогашниот попис, не треба ни да ги прашуваме.

Така доаѓаме и до клучниот заклучок: за Софија, во прашање е историското наследство, кое го сакаат цело, а било измешано и, особено, македонското малцинство кај нив, кое одлучно не го признаваат. Сакаат да ги посвојат највидните Македонци кои, немајќи своја држава, живееле и твореле токму кај нив, поради блискоста и на јазикот, и на обичаите, и на традициите. Мнозина биле на високи државни функции, а бројни биле и тие што се бореле за независна македонска држава, под разни маски и форми, во согласност со исклучително тешките услови и бугарските отворени аспирации, кои сеуште траат. Тоа што Вапцаров, кој пишувал дека „оваа земја (Бугарија) не е моја земја“, за нив не значи ништо. И тој не бил свесен за „реалноста“ која, според новиот министер за надворешни работи Вигенин, ние сега треба да ја прифатиме. Пост фестум.

Фактот дека ни признаваат дека сме Македонци, макар од 1944-та, создава и смешни ситуации. Што да прават, на пример, авторот на овие редови и генерациите кои се родени некоја година пред таа? Дали сме само 69 години Македонци, а остатокот „Бугари“, или може да ни се додаде и некоја година плус? Фактот дека во историјата нема (масовен) случај родителите да биле едно, а децата друго по националност, зборува дека такво нешто не е можно. Освен во Бугарија, а тоа значи и во ЕУ. Никаде на друго место.

Дефиницијата на Софија дека “Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја“, како да ги сублимира сите нивните заблуди. „Романтизам“ или „романтика“, според енциклопедиските објаснувања, значат нешто - нестварно, имагинарно, што нема врска со фактите. Нешто што е резултат - на емоции и идеализирање, на сон, на сонувач или фантазер. Нивна спротивност се – прагматизам, реализам... Првото во Софија го има во изобилие, второто... Со горната дескрипција, практично, Софија признава дека е жртва на сопствената утопија. Во политиката, нели, нема ниту може да има романтика. Романтичар, на пример, бил - Дон Кихот.

Македонците се вековна реалност и колку Софија и да инсистираа на некакви нивни бугарски корени, нема можности, механизми, услови, начини... тоа да се докаже. Дури и да е тоа апсолутно така, иако и горните факти веќе го негираат. Има премногу други аргументи кои се спротивни на таквата оценка. Впрочем, тезата и да се потврди, дури да се согласиме и ние дека е така, што потоа? Што ќе се промени? Ќе треба да се извиниме, во име на мртвите, дека погрешно се чувствувале? И, што би добила Бугарија?

Македонците ќе си останат тоа што се и што биле, та некој недоветен да потпише и три декларации, како таа од 1999 година, и уште пет договори за добрососедство и пријателство, со истиот текст. Се разбира со помош на некој нов Талбот, од Вашингтон. Ниеден од тие документи нема да има ни пет пари вредност бидејќи ќе ги навредува сите Македонци и односите меѓу двата народа ќе останат – никакви. Тоа ли е целта на Софија? И ако не е, таков ќе биде резултатот. Поразителен.

Народот, одамна, мудро оценил дека – со сила, аир не бива. Таа лекција мора да ја научи и Софија. Двата народа се по многу што блиски, ама тоа не доаѓа до израз токму поради бугарската политика на негирање на Македонците. Нивните нелегитимни цели не можат да водат кон добрососедски односи и соработка. Проблемот е во Бугарија, не во Македонија. Историчарите, заеднички, преку факти нека одредуваат кој од личностите за што бил и како се чувствувал и какви биле настаните. Има многу измешани работи и прекрасно ќе биде заеднички да ги славиме.

Како два народа - Македонци и Бугари. Никако поинаку.

Софија може уште 100 години да не попречува во НАТО и во ЕУ, ама тоа нема да и донесе никаква корист. Напротив. Ќе продолжат да создаваат непријатели кај Македонците. Мора да сфатат дека кршат ширум отворена врата. Македонците немаат никакви предрасуди кон Бугарите, ама ако тие ги оспоруваат, како е можно пријателство?

И овие факти се доволни да ја направат бесмислена, извадена од ракав, некорисна, контрапродуктивна... бугарската политика, поточно измислица и лага, за коренот на Македонците од 1944 година. Таа нема никаква перспектива било нешто да докаже, било некаде да води. Освен во постојан судир со Македонија и во превртување на мртвите во гробовите. Истото важи и за намерата да наметнат договор кој е неприфатлив. Македонија не е поразена во војна.

Софија е во офанзива, во некаква романтична екстаза. Разумност во односот кон Македонија, барем во моментов, воопшто не изгледа како опција. Сметаат дека „сега му е мајката“ да се добие невозможното. Свесни се дека кога ќе (ако) влеземе во ЕУ, нивните фантазмагорични политики околу Македонците ќе паднат во вода. Затоа се фатиле за последната шанса. Ко пијан за стап. Колку ќе успеат, јасно им е само на прагматичарите. На другите, резилот не им гине.


http://grid.mk/read/news/505202442/3312893/bugarija-i-nejzinata-romantika
.
 
Dobra Vecher!

Sluchajno sum popadnal na toja forum, prochetoh 2-3 temi i resheh da se registriram samo za nekoi obshti komentari.

Kum Bulgarite na toja forum, a i ne samo
1. Makedonia kato durjava sushtestvuva i tova e fakt
2. Horata v taja durjava se imat za makedonci, znachi sa makedonci
3. Govorat na ezik, koito narichat makedonski. Znachi ima makedonski ezik
4. V XXI vek e glupavo da otrichate pravoto na horata da se chuvstvat i opredeljat kakto iskat.
5. Bulgaria ima mnogo problemi. Ako izobshto ima nekakov s Makedonia, to toja e najmalkiot
5. Last but not the least. Ako vi se harasva da vi psuvat budete po aktivni na toja forum.....

Kum makedoncite

1. Premnooogo omraza bre. Ne e gradivno, pone spored mene. Ako vi e podobre taka, losho nema
2. Makedonia ima mnogo problemi. Ako izobshto ima nekakov s Bulgaria, to toja e najmalkiot

Kum Bulgarite i Makedoncite
Istoriata e vajna ama povajno e nastojashteto i budeshteto. Rabotete i se uvajavaite za da imat podobro budeshte nashite deca!

Pozdrav
 
Шверц на атники има по цел свет. От Бугариja има изнесени илjaди антики.
 
Желев: Политиката на Борисов кон Македонија беше погрешна

Бугарија го поддржува членството на Македонија во Европската унија, а мнозинството Бугари не се согласуваат со политиката која досега ја водеше доскорешниот бугарски премиер Бојко Борисов, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, по предавање во МАНУ на тема „Многуполарен или еднополарен модел на светот во 21 век“.

Тој смета дека Борисов со својата политика отворено застанал во поддршка на грчките позиции и оти политиките на блокади место поддршка на интеграциите се само испад на бугарската политика. Се надева дека новата бугарска влада ќе има сосема поинаков пристап кон Македонија.

- Недоразбирањата се едно, а интеграцијата на една држава е нешто сосема друго, вели тој, нагласувајќи дека за него, меѓу Македонија и Бугарија не постои сериозен проблем.

Според Желев, отворените прашања треба да се решаваат, но не со уцени и блокади и не гледа ништо спорно во потпишување на договорот за добрососедство меѓу двете земји.

Ставот на Бугарија за македонските евроинтеграции под водство на новиот бугарски премиер Орешарски за првпат ќе може да се процени на претстојниот Европски совет во јуни, но новиот шеф на бугарската дипломатија Вигенин најави дека Софија не се откажува од договорот за добрососедство за кој задолжително смета дека треба да го потипшат двете земји како доказ на добрите билатерални односи.
 
.....новиот шеф на бугарската дипломатија Вигенин најави дека Софија не се откажува од договорот за добрососедство за кој задолжително смета дека треба да го потипшат двете земји како доказ на добрите билатерални односи.

Желју тука никој не го есапи за пет пари.

http://www.focus-news.net/?id=f24824

што се отнесува до политиката на новото бугарско правителство, че била променета – точно спротивното: г-н Вигенин изјави јасно и тв'рдо дека надворешната политика на Бугарија кон Македонија ке остане непроменета демек таква како што е била по времето на правителството Борисов. И таква ке биде веројатно политиката и на следното и на по-следното правителство. Годините по Втората војна завршија и те повеке нема да се вратат.
 
Желев? Ма коj го е.е овоj копук. Бивш, и ништо повеќе. Добро е што македонските медиуми го прашаат за ова-она бидеjќи му ги знаат глупите ставови божемски е некоj фактор па толку да му значи мислењето. Одамна да беше заборавен. Никоj не го е.е два посто.
 
Dobra Vecher!

Sluchajno sum popadnal na toja forum, prochetoh 2-3 temi i resheh da se registriram samo za nekoi obshti komentari.

Kum Bulgarite na toja forum, a i ne samo
1. Makedonia kato durjava sushtestvuva i tova e fakt
2. Horata v taja durjava se imat za makedonci, znachi sa makedonci
3. Govorat na ezik, koito narichat makedonski. Znachi ima makedonski ezik
4. V XXI vek e glupavo da otrichate pravoto na horata da se chuvstvat i opredeljat kakto iskat.
5. Bulgaria ima mnogo problemi. Ako izobshto ima nekakov s Makedonia, to toja e najmalkiot
5. Last but not the least. Ako vi se harasva da vi psuvat budete po aktivni na toja forum.....

Kum makedoncite

1. Premnooogo omraza bre. Ne e gradivno, pone spored mene. Ako vi e podobre taka, losho nema
2. Makedonia ima mnogo problemi. Ako izobshto ima nekakov s Bulgaria, to toja e najmalkiot

Kum Bulgarite i Makedoncite
Istoriata e vajna ama povajno e nastojashteto i budeshteto. Rabotete i se uvajavaite za da imat podobro budeshte nashite deca!

Pozdrav
Потпишувам со двете раце.
 
Желев? Ма коj го е.е овоj копук. Бивш, и ништо повеќе. Добро е што македонските медиуми го прашаат за ова-она бидеjќи му ги знаат глупите ставови божемски е некоj фактор па толку да му значи мислењето. Одамна да беше заборавен. Никоj не го е.е два посто.

Многу повеќе е цитиран Љупчо Георгиевски во бугарските медиуми отколку Жељу Желев во македонските. А Желев е далеку подостоен од овој македонскиов јуда.
 
Без договор за добрососедство, Бугарија ќе поддржи блокада на Македонија

На последните состаноци на дипломатите од Постојаните мисии на земјите-членки на ЕУ во Брисел (т.н. КОВЕБ-група), како и на состаноците на КОРЕПЕР-групата (амбасадори на земјите-членки при Унијата), претставниците на Бугарија ставиле јасно до знаење дека доколку до последниот состанок на Советот за општи работи (кој се одржува два дена пред Самитот на ЕС закажан за 27 јуни), не биде потпишан договорот за добрососедство, тогаш Софија ќе ја поддржи Грција во блокада на Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Иако никој од амбасадите на споменатите земји не сака да коментира, сепак според информациите од досегашните расправии на КОВЕБ и КОРЕПЕР, бугарскиот амбасадор Димитар Цанчев и дипломатите од оваа земја ставиле јасно до знаење дека тие ќе се согласат да и се даде „зелено светло“ на Македонија да ги започне пристапните преговори само ако до Самитот се потпише договорот. Една од работите, пак, на која е запнато во преговорите на техничко ниво меѓу претставници на македонското и бугарското министерство за надворешни работи е барањето Бугарите, како наводно малцинство кај нас, да влезат во преамбулата на Уставот. Во овој дел, Бугарија има силна поддршка и од Хрватска, која од 1 јули оваа година станува полниправна членка на ЕУ, со оглед на тоа што и Хрватите не се застапени како малцинство, а на тоа инсистира и оваа поранешна југословенска држава.

Она што досега е непознато е ставот на Грција чии дипломати мудро молчат на состаноците на работните групи во Советот на Унијата. До вторник, 25 јуни и состанокот на Советот за општи работи (ГАК) во Луксембург, каде се очекува да се донесат заклучоците во однос на земјите-кандидати (Македонија и Србија) и дали истите ќе добијат датум за преговори со ЕУ. Наводно, формирањето на Комисијата за истрага на собраниските настани на 24 декември минатата година нема да го спречи нашиот јужен сосед да го употреби правилото на консензус меѓу земјите-членки и да не дозволи нашата земја и по четири препораки на Комисијата, да го добие заслужениот датум за преговори.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=5B83F35C529BAA4E9966CD9BC69420F1
 
Без договор за добрососедство, Бугарија ќе поддржи блокада на Македонија

Демек вас некој ве прашува за нешто во ЕУ... Колку високо летате, само.

Глупост е потпишувањето на било каков договор со соседите, бидејќи додека не се реши ситуацијата со Грција, Македонија не добива датум за преговори.
 
Бугарија бара асиметричен договор со нас. Работи што би важеле за нас да неважат за нив. Па "нормално" е тоа кога се нашите соседи во прашање.
 
Да претпоставиме дека во некој паралелен универзум би се решил проблемот кој Грција го има со нас во нивните болни умови ќе влеземе во ЕУ уште наредниот ден, бугарскиве закани ќе вредат ко југословенски динар во Сингапур.

Во ЕУ или вон ЕУ, ние си имаме побитни внатрешни проблеми кои самите мора да си ги решиме.

Мислам дека веќе нема будали кои веруваат дека ќе се подобри нешто со влезот во тоа лицемерно друштво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom